Author: Ivana

Немаме случаи на барања политички азил, но секако согласно меѓународните закони што се прифатени кај нас, ќе ги разгледаме ваквите активности, изјави премиерот Зоран Заев – Сите лица за кои се подготвуваме да ги пречекаме и за кои сме дале потврда дека сме подготвени да ги примиме, ќе добијат статус на времен престој од 90 дена преку издавање на виза за време на престој од три месеци, иако за некои од нив имаме најавено дека веднаш заминуваат, некои за 10-15 дена или слично. Таков е правниот статус односно во самиот нивен документ се става виза со траење од 90 дена.…

Read More

Од портокаловата, заедно со уште три земји, Северна Македонија е преместена во црвената зона за патување на Кипар и задолжителен е ПЦР тест направен 72 часа пред поаѓањето, но и уште еден текст по пристигнувањето, што е на трошок на самите патници Како што јави дописничката на МИА од Атина, согласно новата „Процена на епидемиолошкиот ризик на земјите во врска со Ковид-19“ објавена денеска од Министерството за здравство на Кипар, која стапува во сила во четврток на 26 август, направени се шест промени, две земји од првата преминуваат во втората, четири од втората во третата, а нашата земја е во…

Read More

Министерството за труд и социјална политика до крајот на годината ќе пушти во употреба 10 нови градинки за подобар воспитно-згрижувачки процес за најмалите во повеќе општини во државата Министерката Јагода Шахпаска која денес во Берово изврши увид во финалните градежни работи на новите четири простории во градинката „23 Август“ информираше дека претходно се изградени или реконструирани 15 градинки со што бројката до крајот на годината ќе изнесува 25 градинки и упати апел општинските власти да аплицираат за ваквите проекти и во 2022 година. – Денес ми претставува задоволство и чест што на патронот на градинката во Берово имав можност да…

Read More

Македонската полиција денеска одбележува уште еден, исклучително значаен настан 20 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување, организациона структура која што темелно е позиционирана во нашиот систем на полициско функционирање и дејствување Единицата за брзо распоредување (ЕБР) при Министерството за внатрешни работи е единица која по својот состав, улога, професионални специфики, како што впрочем и напишав во воведниот текст од монографијата по повод овој дводецениски јубилеј на нашите колеги од ЕБР, претставува клучна алка во остварување на полициските цели на безбедноста, а тоа е заштита на сигурноста, слободите, правата, материјалните добра на граѓаните, како и заштита на правниот поредок,…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски од денеска до среда ќе престојува во работна посета на Украина, во чии рамки ќе учествува на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на земјата Утре, претседателот Пендаровски ќе присуствува на централниот настан по повод 30-годишнината од независноста на Украина што ќе се одржи на плоштадот на независноста во Киев и на кој ќе се обрати претседателот Володимир Зеленски, по што ќе следи и празнична парада на вооружените сили на Украина. Во рамки на работната посета, Пендаровски ќе има средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, а предвидена е средба и со Шарл Мишел, претседател на Европскиот Совет,…

Read More

Лицата кои имаат потреба, како што се планинарите, параглајдеристите и други луѓе коишто организирано се движат во природа може да побарат дозвола за движење во планините, односно во шумите од локалните подружници на ЈП „Национални шуми“ коишто ги има во сите градови низ државата Во Скопје оваа подружница се наоѓа во општина Аеродром. Ова на денешната прес-конференција го соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. -Ние како Главен штаб за управување со кризи, низ разговор со ЈП „Национални шуми“ сугериравме олабавување на целосната забрана за движење во шумите. Од вчера, оваа целосна забрана не важи за физички и…

Read More

Дури 85 проценти од новите случаи и 91 проценти од хоспитализираните, со Ковид 19 се невакцинирани, соопшти Министерството за здравство. Од таму велат дека за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина – Во период од 06.08 до 19.08.2021 на територија на државата 9881 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив само 15% биле целосно вакцинирани, односно 1507 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според двонеделната статистика, 8374 граѓани од позитивните на Ковид 19 не биле…

Read More

Драстично е намален прометот на угостителите откако стапија во сила најновите мерки за заштита од КОВИД. Изнесува помалку од 30 отсто во однос на изминатите недели иако и во тој период не бил на вообичаено ниво, нормално за нивното работење Се откажуваат и веќе закажаните свадби и настани зашто со бројот на вакцинирани гости, не може да се организираат, велат угостителите. Тие денеска на прес-конференција, заедно со колегите од туристичкиот сектор, јавно ја истакнаа потребата од измени на мерките, а таква можност, нагласија, има. -Чекаме измени кои би биле малку посоодветно осмислени и кои би и дале малку повеќе логика…

Read More

Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) заклучно до вчера собрани се потписите за четири независни советнички листи за локалните избори што ќе се одржат на 17 октомври Тоа се листата на кандидати за советници за Општина Центар, со носителот Јана Белчева – Андреевска, советничката листа за општина Кавадарци со Петар Камчевски, советничката листа за општина Росоман со Ристо Сакалиев и советничката листа за општина Кочани со носителот Аки Акиев. ДИК информира дека собирањето потписи продолжува за Ана Петровска, кандидат за градоначалник на Град Скопје,  за Васко Костов, кандидат за градоначалник на општина Карпош, Зоран Лазаровски-Паљо, кандидат за градоначалник на…

Read More

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на прес конференција објави дел од кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за следните локални избори кои ќе се одржат на 17-ти октомври 2021. – ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Централниот Комитет усвои нови кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Главната карактеристика е што огромно мнозинство се млади, некомпромитирани и нови имиња кои ќе внесат нова енергија, жар и ентузијазам за повеќе работи и многу успеси во развојот на општините, изјави Мисајловски. Според него, ова се кандидатите кои ќе ја сочинуваат новата генерација на луѓе кои ќе настапат на политичката сцена и ќе го креираат…

Read More

Согласно со мислењето добиено од Управата за финансиско разузнавање, а со заложби за изнаоѓање решение и од страна на Народната банка, надминат е проблемот во врска со непреченото користење на услугите и производите на банките и штедилниците од страна на граѓаните на коишто им е истечена важноста на личната карта, информира Македонската банкарска асоцијација (МБА). -Согласно со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, како документ за идентификација на банкарските клиенти, покрај личната карта може да биде земена предвид и патната исправа (пасош). Оттука, граѓаните коишто имаат важечка патна исправа (пасош), а немаат важечка лична карта, услугите и…

Read More