Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Министерот за надворешни работи Бујар Османи од денеска ќе биде во работна посета на Брисел. Во рамки на посетата, на покана на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас, ќе учествува на работен појадок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија. Министерството за надворешни работи информира дека работниот појадок ќе биде посветен на европското досие на Северна Македонија, а ќе се одржи на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ. На појадокот ќе бидат присутни и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на ЕК, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување,…
Од денеска почнува карванот за антиковид-вакцинација кој до 3 април ќе помине во 14 општини и населени места: Шуто Оризари, Кратово, Радовиш, Струмица, Ново Село, Скопје (пред Ист гејт мол), Куманово, село Матејче во Липково, Арачиново, село Сандево во Чучер Сандево, Зелениково, село Неготино во Врапчиште, Кичево и Струга. Карванот го организира Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ. Четири часа во денот (од 11 до 15 часот или од 12 до 16 часот) на плоштади, пазари, домови на културата во овие локални заедници граѓаните ќе имаат можност да се вакцинираат и да се информираат…
Цените на нафтата повторно се зголемија во азиската трговија поради немање знаци за напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, додека пазарите продолжуваат да стравуваат за недоволно снабдување, наведува Си-Ен-Би-Си. Поради тие трендови, Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) на крајот на минатата недела повика на брзо намалување на потрошувачката на нафта. Фјучерсите на двете референтни сорти на нафта утрово пораснаа за повеќе од 3 отсто. Северноморскиот брент беше 111,46 долари за барел, а американската лесна сурова нафта на 108,25 долари за барел. Цените на нафтата беа нестабилни во последните недели, достигнувајќи рекордни максимални вредности во март и паднаа за повеќе од…
Се очекува денеска да се сретнат делегациите на Украина и Русија на нова рунда преговори, јави ДПА. Двата преговарачки тима сакаат дискусиите, што ќе се водат преку видео врска, да започнат утрово. Според Михаило Подолјак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски „работните групи од двете страни работат интензивно“. Последните украинско-руски разговори на високо ниво се одржаа во понеделникот, јави ДПА. Подолјак предвидува дека разговорите за ставање крај на војната ќе продолжат уште неколку недели. Позицијата на руските преговарачи стана „поразумна“ и пореална, истакна тој, без да даде детали. Русија сака Украина да остане неутрална земја и да се демилитаризира, како…
Шефот на рускиот центар за управување со одбраната Михаил Мизинцев изјави дека руските сили ќе им дадат можност на националистите денеска да го напуштат Мариупол без оружје преку хуманитарните коридори од 10 до 12 часот по московско време. – В понеделник од десет часот наутро ќе бидат отворени хуманитарните коридори од Мариупол во источниот и западниот правец, изјави синоќа Мизинчев. Тој додаде дека „околу 130.000 цивили, меѓу кои 184 странци од шест земји, се уште се држат како заложници во градот“. „Украинските вооружени единици и странските платеници ќе можат да го напуштат градот без оружје и муниција на рутата договорена…
Најмалку четири лица загинаа кога вечерва беа погодени неколку станбени куќи и трговски кварт при гранатирањето на Подол, историскиот кварт на Киев. Службите за итни случаи соопштија дека најмалку четири лица загинале во ракетирањето. Во изјава за Телеграм, градоначалникот Виталиј Кличко рече дека пожарникарите сè уште гаснат голем пожар на местото на нападот. Тој истакна дека во Подол одекнале неколку експлозии. – Според информациите што ги имаме во моментов, погодени се неколку куќи и еден од трговските центри, објави Кличко на Телеграм. Тој додаде дека на местото на нападот пристигнале спасувачки екипи, медицински работници и полиција. Пожарникарски екипи го гаснат…
Во руски ракетен напад врз станбена зграда во Киев загина славната украинска актерка Оксана Швец. Младиот театар, украинска театарска трупа во која таа беше дел од 1980, ја објави веста за смртта на ѕвездата. „Почесната уметничка на Украина Оксана Швец беше убиена за време на ракетен напад врз станбена зграда во Киев“, објави трупата покрај сликата на театарската и филмска ветеранка. Швец е дипломка на Државниот институт за театарска уметност во Киев, со повеќедецениска театарска и филмска кариера. Покрај в театар и на филм, играла и во ТВ серии, како што е долгогодишната семејна сага „Дом со кринови“, а добитничка…
Авиони на руските воздухопловни сили уништија 54 воени објекти во Украина во изминатите 24 часа, додека руската противвоздушна одбрана собори едно украинско беспилотно летало, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков. – Тактички, воени и беспилотни летала погодија 54 воени објекти во Украина. Меѓу нив има три командни пунктови, четири повеќецевни ракетни системи, четири складишта за муниција и 44 локации каде што била концентрирана воена опрема, прецизира Конашенков. Тој додаде дека едно украинско беспилотно летало било погодено во воздух во изминатите 24 часа. г
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во вторник ќе се сретне со српскиот колега, министерот за земјоделство Бранислав Недимовиќ. Од средбата во Белград Николовски очекува уште една потврда дека Србија ќе ги испорача во земјава потребните количини пченка и пченица за домашните мелничари. Како што рече Николовски во вечерашната дебата на телевизија Телма, до жетвата ќе бидат потребни околу 50 000 тони пченица. -Во вторник сме на состанок во Белград со српскиот министер за земјоделство. Се надевам дека ќе ја договориме динамиката за испорака на потребните количини жито. Верувам дека вторпат ќе биде потврдена поддршката и солидарноста од српска…
Шефот на руската делегација во преговорите со Украина, Владимир Медински денеска изјави дека двете страни се приближиле до договор за неутрален статус на Украина. Медински, кој го предводеше рускиот тим во неколку рунди преговори со Украина, истакна дека страните ги намалиле разликите по прашањето за откажување на Украина од членството во НАТО и прифаќање на неутрален статус. – Прашањето за неутралниот статус на Украина и нејзиното неприклучување во НАТО е едно од клучните прашања во преговорите, а тоа е прашањето каде страните ги приближија своите позиции што е можно повеќе, потенцира Медински. Според него Москва и Киев сега се на „половина пат“ по прашањето…
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов вечерва е ослободен откако му истече 24-часовниот притвор. Kaко што рече, немало обвинение против него. „Брутално, гадно, не’ вратија во комунизмот. Вечераме синоќа, влегува полиција. Ниту обвинение, ништо. На крајот излезе дека ништо не е пронајдено. Мислев дека ќе си заминат, и рекоа: ќе те задржиме. Не’ донесоа овде. Издржавме 24 часа“, изјави Борисов додавајќи дека е загрижен оти следниот пат може да го убијат. Од притвор беа ослободени и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и Севдалина Арнаудова од службата за односи со јавност на Борисов, пренесе БГНЕС. Бугарската полиција претходно истакна дека нивната…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја изрази својата „огромна загриженост“ за судбината на украинскиот Мариупол за време на повеќечасовниот телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин. Тој апелираше за „прекин на опсадата и овозможување хуманитарен пристап“ до градот. За време на последниот од неколкуте телефонски разговори меѓу двајцата лидери од почетокот на руската инвазија пред три недели, Макрон „повторно побара итно почитување на прекинот на огнот“ во Украина, соопшти Елисејската палата.