Author: Ivana

УНИЦЕФ ја поздравува одлуката на Владата за отворање на училиштата за сите деца во септември. Ова, според нив, особено охрабрува, бидејќи Македонија го забележа најдолгото затворање на училиштата за учење со физичко присуство, при што мнозинството ученици посетуваа настава на далечина вкупно 54 недели, додавајќи дека оваа бројка е значително повисока од просекот од 25 недели во регионот на Европа и Централна Азија. – Сфаќаме дека одлуките за отворање на училиштата се разгледуваат во контекст на епидемиолошката состојба со КОВИД-19 и на нашето сѐ поголемо разбирање на ризиците што ги носат новите варијанти на вирусот, но, училиштата секогаш мора последни…

Read More

„Конечно, после една година изработка, долги ковид месеци во склад, и неколку недели во кутија, сабајлево бронзениот Горан го виде небото над Дебар Маало!“, соопшти неговиот син, Игор Стефановски. Тој информираше дека поради новите мерки, нема да има јавен настан по повод поставувањето на споменикот на познатиот македонски драматург Горан Стефановски кој седи на клупа во Дебар Маало, неговото омилено место. „Но, сигурно така и требало да биде, бидејќи Горан секогаш се враќаше во Скопје тивко и ненајавено – едноставно си сакаше да се појави (всушност, никогаш не се сметаше за отсутен). Така што, еве и овој пат, во текот на денот (здравје),…

Read More

Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ успеа да ја добие потребната поддршка за учество на претстојните локални избори со својата листа на кандидати за советници за Општина Центар. Носител на советничката листа е Јана Белчева – Андреевска, а во целосната листа на кандидати за советници се наоѓаат: 1 Јана Белчева – Андреевска 2 Дивна Пенчиќ 3 Јане Димески 4 Владимир Огњановски 5 Биљана Филиповска Тодорчевска 6 Доротеј Нешовски 7 Ангел Мојсовски 8 Светлана Карбевска 9 Наташа Колеќевска Георгиевска 10 Зоран Никодинов 11 Кирил Сотировски 12 Ивана Драгшиќ 13 Дарко Радуловиќ 14 Даница Павловска Циги 15 Ивона Татабитовска Колевска 16 Марија Шишовска…

Read More

Ова е првпат во историјата на САД државен законодавен дом да донесе резолуција со која се прогласува месец на македонско-американското наследство Обединетата македонска дијаспора (ОМД) е благодарна и горда за усвојувањето на резолуцијата бр.149 од страна на Претставничкиот дом на Мичиген, со која септември годинава се прогласи за месец на македонско-американско наследство во сојузната држава Мичиген, каде живеат околу 125.000 Американци со македонско потекло. Минатата година, гувернерката на Мичиген Гречен Витмер, го прогласи 8-ми септември за Ден на Македонците во Америка во сојузната држава Мичиген. Ова е првпат во историјата на САД државен законодавен дом да донесе резолуција со која се прогласува…

Read More

Средната оценка на квалитетот на дебатата во Собранието во првото полугодие на 2021 година е 5,6, на скала од 1-најнизок до 10-највисок, што споредено со претходниот период на набљудување (август – декември 2020 година 5,5), бележи благо подобрување во нивото на аргументација Ова го покажуваат резултатите од Извештајот за набљудување што го спроведе Институтот за демократија за периодот од јануари до јуни 2021 година. Како што информираат оттаму, набљудувањето е фокусирано на дискусиите кои се однесуваат на точки од собранискиот дневен ред кои спаѓаат во областите на владеење на право, човековите права и демократија. – Извештајот за овој период покажува…

Read More

Нема поголема стратешка аспирација за Северна Македонија од членството во ЕУ. Продолжуваме на сите можни начини да ја европеизираме нашата земја, изјави денеска премиерот Зоран Заев во коментар на изјавата на бугарскиот член на заедничката Комисија за историски и образовни прашања Кирил Топалов –Нема поголема стратешка аспирација за нашата земја од членството во ЕУ. Кога веќе ја исполнивме втората еднаква по важност цел, членството во НАТО, ние продолжуваме на сите можни начини да ја европеизираме нашата земја, да ја носиме земјата на целиот европски пат со нашата желба, сон, еден ден да бидеме полноправна членка на ЕУ.  Во меѓувреме, ќе направиме…

Read More

Јужнокорејската компанија „Алмак“ и американската компанија „Дура аутомотив системс“ денеска во ТИРЗ 2 во Скопје го означија почетокот на заедничката инвестиција во Македонија Станува збор за инвестиција од околу 30 милиони евра кои ќе бидат вложени во изградба на современ објект во кој ќе се произведуваат лесни профили за автомобилската индустрија. Планирано е фабриката да се изгради на површина од 80 илјади квадратни метри и да почне со работа од следната година. Се очекува да се отворат над 70 работни места, а бруто платата за висококвалификуваните кадри ќе биде околу 2.000 евра. – Ова е уште една потврда за добрите…

Read More

И денеска има околу 1000 новодијагностицирани случаи со Ковид-19, изјави Министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека после месец дена сите кои прележале Ковид-19 треба да се вакцинираат без оглед на начинот на кој се лекувани За организација на сите настани и на отворено и на затворено, посочи, потребно е да се приложи сертификат за примена најмалку една вакцина или доказ дека болеста е прележана за што има временски период од 45 дена без разлика дали во објектот има под 30 или над 30 посетители. Потенцира дека единствено ако во угостителскиот објект или на настанот има над 30 луѓе, треба да…

Read More

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 612.391 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 11.732 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.427 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.097.855 дози вакцини, а ревакцинирани се 485.464 граѓани.    Со последните бројки 68% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 66% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една…

Read More

Почитувани припадници на Армијата. Дозволете ми во мое лично име и во име на МВР да ви го честитам денешниот празник, 18 август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија, со искрена благодарност за вашиот ангажман за заштита на безбедноста и суверенитетот на нашата држава, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил По формирањето на првиот партизански одред баталјонот „Мирче Ацев” во 1943 година, како и по три децениската самостојност и заложба кон исполнување на НАТО стандардите, по професионалниот однос на храбрите жени и мажи припадници на Армијата и по темелните одбранбени реформи, објави тој,…

Read More

На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија со кој се намалува бројот на членови во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија и за за првпат се предвидува нови кадри да се избираат преку јавен повик -Согласно новото законско решение бројот на членови на управните одбори се намалува од сегашните 15 на седум членови, односно пет во помалите општини, а бројот на членови во надзорните одбори на јавните претпријатија се намалува од сегашните пет на три членови, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот…

Read More

Јана Белчева-Андреевска, актуелен член на Советот на општина Центар ќе ја предводи листата на независната граѓанска иницијатива „Шанса за Центар“ на локалните избори во октомври Таа заедно со кандидатите за советници проф. д-р Дивна Пенчиќ и Јане Димески ја претставија својата платформа, за која веќе ќе собираат потписи. – Во 2017 ни ветија работа на средување на урбаниот хаос и промена на незаконските детални урбанистички планови од 2012. Четири години подоцна, истите планови се на сила, а ветувањето што го даваа кога требаше да ги добијат гласовите на жителите на Центар, остана само ветување, велат од „Шанса за Центар“. Иницијативата…

Read More