Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски на ФБ упати честитка за Денот на Армијата

0
By Ivana on August 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 18, 2021 11:29

Почитувани припадници на Армијата. Дозволете ми во мое лично име и во име на МВР да ви го честитам денешниот празник, 18 август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија, со искрена благодарност за вашиот ангажман за заштита на безбедноста и суверенитетот на нашата држава, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил

По формирањето на првиот партизански одред баталјонот „Мирче Ацев” во 1943 година, како и по три децениската самостојност и заложба кон исполнување на НАТО стандардите, по професионалниот однос на храбрите жени и мажи припадници на Армијата и по темелните одбранбени реформи, објави тој, можам да кажам дека Армијата денес претставува кредибилна и почитувана членка на најмоќниот воено-политички сојуз во светот, посакуван партнер во НАТО мировните мисии, а нашата држава стана фактор за мир и стабилност во регионот.

– Привилегија е да се биде дел од Армија на НАТО членка, дел од вежби од светски ранг – пред неполни три месеци на Криволак беше изведена вежбата „Одлучен удар 21“ на сојузничките Армии на Северна Македонија, САД, Грција и Бугарија – доказ дека заедно сме посилни. Сакам да оддадам и посебно признание на припадниците на Армијата кои повторно покажаа и докажаа дека се на првите борбени линии насекаде кадешто е потребно, рамо до рамо со полициските службеници, пожарникарите, медицинскиот персонал и солидарните граѓани, без оглед на тоа дали станува збор за криза од пандемијата со Ковид-19 или од катастрофалните пожари низ државата, неизмерно сме благодарни за вашиот придонес за безбедна и перспективна иднина за денешните и идните генерации. Нека е честит и за многу години 18-ти август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија, напиша министерот Спасовски.

АРМ Спасовски честитка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.