Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: И денеска има околу 1000 новодијагностицирани со Ковид-19

0
By Ivana on August 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 18, 2021 12:59

И денеска има околу 1000 новодијагностицирани случаи со Ковид-19, изјави Министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека после месец дена сите кои прележале Ковид-19 треба да се вакцинираат без оглед на начинот на кој се лекувани

За организација на сите настани и на отворено и на затворено, посочи, потребно е да се приложи сертификат за примена најмалку една вакцина или доказ дека болеста е прележана за што има временски период од 45 дена без разлика дали во објектот има под 30 или над 30 посетители. Потенцира дека единствено ако во угостителскиот објект или на настанот има над 30 луѓе, треба да се организира редарската служба.

– Десеттина проценти од сите кои се дијагностицираат во текот на денот се вакцинирани. Исто така, десеттина проценти од хоспитализираните се вакцинирани. Тоа што охрабрува е дека од вкупната бројка вакцинирани која во текот на вчерашниот ден достигна 600 000 многу малку се дијагностицирани. Бројката се мери во промили 0,002, што значи дека главниот проблем е во бројот на граѓани кои не се вакцинирани. Воопшто немаме проблем со тие кои се вакцинирани и во другите земји заболуваат меѓутоа за 20 пати е помал ризикот од смртен исход ако заболи некој кој е вакцинира, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по свеченоста по повод Денот на Армијата.

Тој потенцира дека во текот на вчерашниот ден целосно било ставено во функција инфективното одделение во ГОБ „8 Септември“, каде, како што појасни, има слободни кревети, но обезбедуваат дополнителен простор во делот на интензивната нега.

– Од вчера попладне целосно во функција се стави модуларната болница до Инфективната клиника и за тука има обезбедено дополнителен кадар од другите клиники. Околу 10-тина кревети веќе се зафатени. Имаме и други капацитети кои се подготвени тоа е болницата за рехаблитација во Козле. Притисокот во болницата во Тетово според разговорот кој го имав синоќа со директорот беше нешто спласнат. Останува оној голем број прегледи во текот на денот во сите институции во болниците каде има притисок, рече Филипче.

Тој истакна дека нема укажувања за вработените, одлуките се однесуваат за места каде има масовно присуство на луѓе каде може да има трансмисија на вирусот и тоа е логиката на овие мерки.

– Предизвици секогаш ќе има и некои технички праша во делот на спроведувањето, некои логични прашања кои ќе се наметнуваат и ќе одговориме секако но целта е да се стимулира вакцинацијата затоа што гледаме дека во градовите каде има повисок опфат со вакцинација засега нема притисок во болниците како што се Битола, Охрид и Штип каде опфатот на вакцинација е близу 50 проценти. Така што во таа смисла сите мерки се димензионира да се зголеми опфатот за ванцинација и да се спречи ширењето на вирусот, истакна Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

Додаде дека инспекторатите се задолжени за проверка на сертификатите на граѓаните, а за тоа кој ќе го контролира влезот на граѓаните во шопинг моловите, рече дека тоа се технички детали се во рамки на инспекторатите.

Венко Филипче заболени Ковид-19
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.