Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Продолува рокот на стариот закон за легализација на дивоградбите за уште 5 години. Имено, Собранието на вчерашната седница ги усвои законските измени на законот кој беше донесен во 2011 година, а неговата важност истече во март годинава. Според образложението на предлагачите, Владата и Министерството за транспорт и врски, продолжувањето на рокот на важноста на законот е поради тоа што има многу предмети кои се поднесени во законските рокови, но се заглавени во жалбена постапка или во постапка пред управните судови. Со продолжување на рокот на важноста на законот, предлагачите велат дека ќе се овозможи завршување на овие предмети и заштита…
Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за државјанство. За измените и дополнувањето вкупно гласаа 89 пратеници, од кои 57 „за“, 32 „против“ и ниту еден „воздржан“. Со измените на законот треба да се реши статусот на луѓето од поранешните југословенски републики кои до денот на прогласување на независноста живееле во земјава. Тие ќе треба да добијат државјанство во рок од три години по стапувањето во сила на Законот. Претходно, во расправата по предлог-измените и дополнувањето на Законот, пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски рече дека на ова прашање не треба да се гледа како проблематика која…
Директорот на Фондот за иновации Коста Петров ги скрши двете раце откако во саботата паднал при утринското возење велосипед на кејот во Скопје. Минувачите на самото место на незгодата повикале Брза помош, по што Петров бил пренесен во Клиничкиот центар. „Најголема благодарност до персоналот на Клиниките за траума и ортопедија, особено до доктор Александар Трајановски и доктор Александар Савески, за грижата и посветеноста. Сега следува период на рехабилитација и одмор, а за неколку недели продолжуваме со уште по забрзано темпо“, напиша Петров на својот фејбук профил.
Изјава на олимпиецот Дејан Георгиевски
Од Државната комисија за спречување на корупцијата по повод реакциите на повеќе здруженија во Северна Македонија, како и и Иницијативата од здружението „Граѓанска иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД“ доставена до ДКСК во однос на предлог измените на Изборниот законик со кои се зголемува прагот на собрани потписи за поднесување на листа на кандидати за членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник кога подносител е група избирачи велат дека од аспект на своите надлежности, ДКСК секогаш укажува на потребата од голема транспарентност и инклузивност на поголем број чинители во процесите со кои се носат одлуки кои за ефект имаат ограничување…
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 506.033 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.770 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.230 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 878.290 дози вакцини, а ревакцинирани се 372.257 граѓани. Со последните бројки 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 61% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 56% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина…
Денеска, на затворањето на официјалниот дел од регионалниот економски форум во Скопје, беше претставено новото име и лого на Мини-Шенген. Оваа иницијатива од денеска се вика „Open Balkan“, т.е. „Отворен Балкан“. Пред самото откривање и презентација, српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама и премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев потпишаа три договори: – Меморандум за разбирање за соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки на Западен Балкан – Меморандум за разбирање за соработка за слободен пристап на пазарот на трудот на Западен Балкан – Договор за соработка за заштита од катастрофи на Западен Балкан Меморандумот…
Теренската вакцинација за петок 30.07.2021 ќе се одвива во следните населени места: Тетово – Челопек, Блаце, Милетино, Новиот Челопек Гостивар – Симница, Џеновица, Сушица Струмица – Владевци Кочани – Прибачево Кичево – Вранештица, Староец Македонски Брод – Крапа, Суводол Велес – Чолошево, Дурутовец, Башино село Скопје – Горњани, Глуво, Блаце Министерството за здравство секојдневно ќе информира преку соопштенија за денот и местата за теренско вакцинирање за Ковид 19. Замолуваме за поддршка на овој процес.
Политичко лидерство – тоа денеска можевме да го видиме на дело од премиерите Заев и Рама и од претседателот Вучиќ, оцени претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески пред почетокот на економскиот панел што се одржува од Регионалниот форум „Поврзан Балкан“ во Скопје. -Она што се подразбира по западните критериуми дека се бара политичко лидерство од претседателите, тоа денеска можевме да го видиме на дело и од Заев и од Рама и од Вучиќ зашто, една иницијатива за која уште нема комплетна поддршка, политичките раководства да ја објаснат, смело да тргнат напред и да го поведат народот кон таа…
Премиерот на Албанија Еди Рама на Економскиот форум во Скопје рече дека иницијативата има за цел заживување на четирите основни слободни на Европската унија. „Слободата на движењето на луѓето, движење на добрата, капиталот и на услугите. Ние не сакаме да живееме во минатото, преку оваа иницијатива сакаме на овој регион да му донесеме пример каков што е Европската унија“, рече премиерот на Албанија Еди Рама на Економскиот форум во Скопје. „Оној момент кога ние ќе се интегрираме во ЕУ ќе го правиме она што и сега го правиме ние, но сега без ЕУ. Значи утре како дел од ЕУ, нема…
„Од 2024 нема да има граници помеѓу нашите земји“, рече Вучиќ на Економскиот форум во Скопје Кога имавме идеја за вакво нешто сите имавме различни проблеми, на пример Србија и Албанија никогаш во минатото не биле блиски. Но ние одлучивме од погледот кон минатото главата да ја свртиме кон иднината и да размислиме и да им оставиме нешто на нашите деца, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ на Економскиот форум во Скопје. Тој додаде дека ќе се работи на голем број инфраструктурни проекти во регионот, за што ќе се формира и специјално Советодавно тело, кое ќе ги координира процесите. Според…
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, денеска во Општина Сопиште направи увид во градежните работи на новиот објект при ЈОУГД „Виножито“, втор објект за згрижување на деца од предучилишна возраст во оваа општина. „Новата градинка има капацитет да згрижи 57 деца кои ќе бидат организирани во три групи, две за деца од 2-6 години, а третата група e за јасли. Министерството за труд и социјална политика за нејзината изградба и опремување од својот Буџет издвои околу 21 милиони денари. Согласно, направениот увид на терен градежните работи се во завршна фаза, во моментот се привршува внатрешното уредување, а истовремено…