Author: Ivana

Пандемијата на коронавирусот веројатно долгорочно ќе влијае на менталното здравје ширум светот, предупредуваат европските канцеларии на Светската здравствена организација (СЗО) во новиот извештај објавен денеска. „Психолошките лузни што ги остави пандемијата произлегуваат и од инфекцијата и од стравот од инфекција, но и од психолошките последици од заклучувањето и самоизолацијата, за што многумина се одлучија во обид да го запрат ширењето на болеста“, наведува СЗО. Покрај тоа, и грижата за невработеноста, финансиите и социјалната изолација може да доведат до пад на општото ментално здравје, се предупредува во извештајот. – Луѓето во европскиот регион буквално се распаѓаат под притисоците на Ковид-19 и неговите…

Read More

Премиерот Зоран Заев утрово имал онлајн состанок во врска со подготовките за Економскот форум за регионална соработка, што го организираат со неговиот албански колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ. -Утрово имав продуктивен состанок посветен на подготовките за Економскиот форум за регионална соработка, кој заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама го организираме во Скопје на 29 јули. Се поврзуваме уште повеќе за да го олесниме и подобриме животот на сите наши граѓани. Ова е нов Балкан, европски, напиша премиерот Заев на својот фејсбук-профил

Read More

Министерството за внатрешни работи набави нови 40 етилометри (познати уште и како дрегери) кои ќе бидат предадени на сообраќајната полиција за санкционирање на возачите што управуваат возила под дејство на алкохол. По неодамнешната набавка на 50 модерни, технички високо-софистицирани радарски уреди, продолжуваме со опремувањето на сообраќајната полиција со цел уште поголемa безбедност на патиштата. Токму возачите кои управуваат возило под дејство на алкохол се причинители на голем број тешки сообраќајни незгоди и затоа нивното санкционирање е еден од приоритетите на сообраќајната полиција. Сега сообраќајната полиција има 145 етилометри, за разлика од само осум етилометри во 2017 година. Постојаното вложување во…

Read More

Десетици илјади луѓе до денеска се евакуирани од поплавените подрачја во централниот дел на Кина, а властите јавуваат дека на 33 е зголемен бројот на загинати лица, во поплавите што во провинцијата Хенан траат речиси една недела. Неколку градови се поплавени и насадите се уништени бидејќи катастрофалното време се прошири на север, а официјалната новинска агенција Ксинхуа досега соопшти за 189 милиони долари директни економски штети. Провинциското биро за метеорологија денеска го крена нивото на предупредување за бура за четирите града од северот на Хенан- Ксинџијанг, Анјанг, Хеби и Џиазуо, на највисокото ниво во четиристепениот систем за предупредување. Меѓу загинатите…

Read More

Фокусот на Владата беше да ги користиме и сите меѓународни успешни алатки за борба со криминалот и корупцијата и имаме многу добри резултати. Извештајот на „Транспаренси интернешенел“ го прифаќаме како поттик за да одиме чекор по чекор според насоките што тој ги дава, изјави премиерот Зоран Заев во емисијата „Конфликт зоун“ на „Дојче веле“. Владеењето на правото и еднаквоста пред законите важи за сите без исклучок, истакна премиерот Заев, и додаде дека Владата постојано ги следи укажувањата и препораките на независните антикорупциски тела. – Имаме повеќе од пет високи политичари кои се во затвор со конечна одлука од Основен и…

Read More

Директор на ЈЗУ Клиника за инфективни болести Милена Стевановиќ денеска се приклучи на караванот на хуманоста т.е. крводарителската акција организирана од главните медицински техничари на ЈЗУ при клинички центар – Денеска не удостои посетата на медицинскиот директор на ЈЗУ Клиника за инфективни болести Д-р Милена Стевановиќ, која се приклучи на караванот на хуманоста т.е. крводарителската акција организирана од главните медицински техничари на ЈЗУ при клинички центар. Неуморна кога станува збор за здравјето на нашите граѓани, постојано присутна во просториите за да ги излечи пациентите заболени од корона вирусот, а денеска таа даруваше и крв за да спаси живот, информира директорот…

Read More

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 467.822 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.686 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.053 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 760.961 дози вакцини, а ревакцинирани се 293.139 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Со последните бројки, како што информираат од Министерството, 60 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 58 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 53 отсто…

Read More

Со летно кино на отворено и проекција на филмот „Пинокио“ ги започнуваме низата настани со кои роденденски ќе одблежиме 95 години од основањето на Скопје Зоо. Филмот „Пинокио“ ќе може да го погледнете на Школка во Градски Парк во недела (25.07) со почеток од 20:30. – Понесете си ќебенце да направиме пикник пред Школка и да уживаме во еден од најнаградуваните филмови за деца и возрасни, велат од Зоолошката во Скопје. Филмот „Пинокио“ на режисерот Матеа Гарона се движи во царството кое истовремено е реално и фантастично, во рурална, безвременска Италија која изобилува со земја, море, селско опкружување. Верната адаптација…

Read More

Старите лица од Демир Хисар кои имаат потреба од помош отсега ќе имаат помирни денови во својата трета доба. Токму за ваков исход се залагавме кога ја започнавме социјалната реформа, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на врачувањето на лиценцата за услуга на помош и нега во домот за стари лица на Црвениот крст. Преку Нега Центарот Демир Хисар, седум обучени негуватели ќе ја даваат оваа услуга на 21 лице. Ова значи дека ќе им помагаат на стари лица со навршени 65 години, при извршувањето на секојдневните обврски, чистење, хранење, облекување, земање медицинска терапија. Според министерката Шахпаска…

Read More

Денеска го запознав деветгодишниот Никола, голем херој и инспирација за сите нас. Тој е донатор на матични клетки за неговата сестра на која и е потребен третман со трансплантација на матични клетки, напиша на својот фејсбук профил, Министерот за здравство, Венко Филипче. – Процедурата афереза на периферни матични клетки, во која донатор е дете, се изведува за прв пат кај нас на Клиниката за хематологија со помош на Клиниката за педијатрија. Сега пациентите нема да патуваат во странство, а и децата ќе може да спасуваат животи на членови на нивните семејства, напиша Фипче. На Клиниката за хематологија, во период од…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ очекува партиите да го почитуваат законскиот и уставен рок на 17-ти октомври да се случи првиот круг од локалните избори., истакна на денешната прес конференција пратеникот Антонијо Милошоски. -Локалните избори не се определуваат за желбата на било кој политичар било и тој да е премиерот, локалните избори се одржуваат во точно определн термин според Уставот и законот, а Уставниот и законски термин за локални избори е 17 октомври првиот круг, посочи Милошоски. Тој рече дека се’ друго значи прекршување на Уставот и законите, внатрепартиските и меѓукоалиционите пресметки во ДУИ,  СДСМ, БЕСА, и помалите коалицициони партии не треба да бидат проблем…

Read More

Министерството за образование и наука донесе одлука да ги зголеми стипендиите на учениците и студентите, соопшти  министерката Мила Царовска која денеска одржи средба со претставници на средношколските и студентските организации. – На овој начин на кој што заеднички ги усогласивме стипендиите за учениците и за студентите сметаме дека добиваме поквалитетни финансиски средства или повисоки финансиски средства кои што ќе одат кај семејствата на кои што им се најпотребни социјалните се зголемуваат за 100 проценти, од 3000 денари стануваат 6000 студенстките. Ученичките, некои беа 2000, некои 2200, некои 2900, сега сите се усогласуваат на ниво од 3500 денари. Додека кај хемија,…

Read More