ВМРО-ДПМНЕ очекува партиите да го почитуваат законскиот и уставен рок на 17-ти октомври да се случи првиот круг од локалните избори., истакна на денешната прес конференција пратеникот Антонијо Милошоски.

-Локалните избори не се определуваат за желбата на било кој политичар било и тој да е премиерот, локалните избори се одржуваат во точно определн термин според Уставот и законот, а Уставниот и законски термин за локални избори е 17 октомври првиот круг, посочи Милошоски.

Тој рече дека се’ друго значи прекршување на Уставот и законите, внатрепартиските и меѓукоалиционите пресметки во ДУИ,  СДСМ, БЕСА, и помалите коалицициони партии не треба да бидат проблем за државата и за граѓаните и не треба да бидат изговор за одржување на изборниот ден на 17-ти октомври.

-Се друго би било неуставно и би можело да го загрози целиот изборен процес како незаконит и незаконито да им се продолжи мандатот на градоначалниците и советите на општините. ВМРО-ДПМНЕ очекува сите политички партии да го почитуваат уставниот и  законски рок, а тоа е 17-ти октомври прв круг локални избори во Македонија, истакна Милошоски на прес конференцијата.