Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зголемени стипендиите за студентите и средношколците

0
By Ivana on July 21, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 21, 2021 12:27

Министерството за образование и наука донесе одлука да ги зголеми стипендиите на учениците и студентите, соопшти  министерката Мила Царовска која денеска одржи средба со претставници на средношколските и студентските организации.

– На овој начин на кој што заеднички ги усогласивме стипендиите за учениците и за студентите сметаме дека добиваме поквалитетни финансиски средства или повисоки финансиски средства кои што ќе одат кај семејствата на кои што им се најпотребни социјалните се зголемуваат за 100 проценти, од 3000 денари стануваат 6000 студенстките. Ученичките, некои беа 2000, некои 2200, некои 2900, сега сите се усогласуваат на ниво од 3500 денари. Додека кај хемија, физика и математика за студентите имаме покачување на 18 илјади денаризатоа што тие навистина се дефицитарни во државата, истакна Царовска.

Таа потенцираше дека после десет години за прв пат има враќање на стипендирањето на втор и трет циклус во државата, бидејќи до сега сите стипендии за втор и трет циклус одеа надвор од државата и тоа стално правеше одлив на младите мозоци.

Ева Цветковска, претседателка на Универзитетското студентско собрание (УСС) на УКИМ, рече дека се реализираат нивните заложби за воведување нови и за дуплирање на износот на социјалните стипендии.

– Овие барања произлегуваат од декларацијата „Млади, образование и иднина“ која ја потпишавме на 12 јули 2020 година, напишана од студентските собранија и потпишана од шест политички партии. УСС УКИМ континуирано инсистираше на реализација на декларативните барања. Со поднесување до телото „Млади МОН“ за дуплирање на социјалниата стипендија,  воведување стипендии за втор и трет циклус студии и за дефицитарните области, денеска конечно можеме да кажеме дека оваа идеја е реализација, истакна Цветковска.

Агрон Демири, претседател на УСС на Универзитетот на ЈИЕ, истакна дека во изминатите месеци интензивно работеле на мерки за подобрување на стандардот на студентите и дека резултат на тоа е оваа одлука.

– Државата на овој начин го стимулира нашиот труд и постигнувањата на подобри резултати, рече Демири, заблагодарувајќи се на МОН и на останатите студентски собранија за успешната соработка.

Одлуката на МОН да ги зголеми и стипендиите за средношколците ја поздрави Лука Павиќевиќ, претседател на Сојузот на средношколци.

– Оваа одлука е добра и е производ на долгомесечната соработка и консултација на МОН и Сојузот на средношколците и претставничките тела на студентите. Останува во иднина, како и досега, Сојузот будно да го следи спроведувањето и исплаќањето на стипендиите, рече Павиќевиќ.

Министерството за образование и наука веќе упати апел до сите корисници на некоја од категориите на стипендии за средношколци и за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус, доколку ги исполнуваат условите за продолжување на правото на стипендија, потребните документи да ги достават согласно рокот кој е наведен во потпишаниот договор.

Рокот за продолжување на правото на ученичка стипендија е од 1 до 30 септември 2021 година. Секој корисник на стипендија треба да достави потврда за редовен ученик за учебната 2021/2022 година и копија од последното свидетелство.

Рокот, пак, за продолжување на правото на студентска стипендија е од 1 до 31 октомври 2021 година. Секој корисник треба да достави потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години и индекс на увид, како докази дека има положено 80% односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија.

Документите се доставуваат електронски, со прикачување на соодветната документација на е-услуги, а доколку ученикот, односно студентот не е во можност да достави електронски, документите се доставуваат преку писарницата на Министерството за образование или по пошта (препорачана пратка со повратница) на адреса: бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје или директно во Министерството.

 

стипендии студенти ученици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.