Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Со Проектот за подобрување на социјалните услуги 300 негуватели ќе пружаат нега на 900 стари лица над 65 години во нивните домови. Со оваа социјална реформа се предвидува реализација на социјалните услуги како што е помош и нега во домот на стари лица и пружање на услуги во Дневен центар за лица со попреченост. А децата со со попреченост во Дневните центри ќе добиваат групна, индивидуална и окупациска терапија. Покрај работата со лицата со попреченост предвидено е и советување и работилници и со родителите со цел тие полесно да се справуваат со своите деца во домашни услови. Социјалната реформа е една од клучните…
Генерално има сериозно зголемување на бројот на барања за издавање лични документи, но обрасци за сите лични документи има доволно. Службите се добро организирани и работат и секој граѓанин ќе добие личен документ за кој има потреба, потенцира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во утринската програма на МТВ. Тој наведе дека од 5 до 14 јули 2021 се поднесени вкупно 41.864 барања за издавање лични документи. – За една недела имаме барања колку што сме издавале документи во целиот јуни, а некаде и околу три илјади повици дневно за барања за издавање лични документи и околу илјада…
Дури 54 отсто од Грците кои биле анкетирани во истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Алко“ за телевизијата „Open“ сметаат дека забраните што грчката Влада ги воведе за лицата кои не се вакцинирани се неопходни, додека, пак, речиси четири од десет анкетирани, односно 39 проценти сметаат дека е неоправдана поделбата на општеството, јави дописничката на МИА од Атина. На политичката сцена во Грција, на две години по изборите и победата на Нова демократија, испитаниците изразиле незадоволство и од Владата и од најголемата опозициска партија СИРИЗА. Поконкретно, од анкетираните, 56 проценти се (малку или воопшто) незадоволни од Владата, а 41 отсто…
Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед во Македонија. – Најискрено посакувам празникот да го поминете, пред сè, во добро здравје, исполнет со радост, љубов и среќа. И годинава Курбан бајрам, во согласност со традицијата, нека биде во духот на помагањето и дарувањето, споделувањето и грижата. Да бидеме отворени и солидарни кон сите на кои им се потребни помош и поддршка не само за празничните денови туку во текот на целата година. Верувам дека Исламската верска…
Секторот за инспекциски работи на Општина Центар од почетокот на јули започна со акција за мерење на бучавата од гласна музика на угостителските објекти кои се наоѓаат на територија на општината. Изминатите два викенди овластените инспектори за животна средина беа на терен и заедно со претставници на овластена лабораторија за мерење на бучавата, вршеа засилени контроли во угостителските објекти. По извршените мерења, констатирани се повисоки вредности од максимално дозволените гранични во ноќен период, по 23:00 часот, а на два локали, (Мош и Макка), им се издадени Решенија за преземање мерки за намалување на вредноста на имисионото ниво на бучавата во…
За да се спречи ширењето на делта сојот, треба да се вакцинира најмалку 80 отсто од популацијата, порача вирологот Сергеј Нетесов во интервју за руските медиуми. – Според податоците, вакцинираните луѓе исто така може да се заразат од овој вирус, но тие имаат одбранбен механизам. Затоа, најголем дел од нив минуваат без никакви проблеми, или во ретки случаи, со чесни симптоми. Тој малку ја измени структурата на врзување на S протеинот кој полесно се закачува за „вирусниот рецептор“ во човечкото тело, а со тоа ја зголеми специфичноста на клетките со кои комуницира. Судејќи по податоците, делата сојот, освен со белите…
Сите финансиски услуги ќе можат да се извршуваат на сите 300 шалтерите на Пошта низ целата држава до крајот на месецов, најави денеска генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули. – Утринава имавме завршни разговори со банката која ги врши услугите и до крајот на месецов ќе бидат достапни сите услуги за граѓаните. Имаме 40-тина услуги кои се во рамките на договорот што е потпишан со „Халк банка“, вклучувајќи пензии до дома, рече Макрадули во одговор на новинарско прашање по работна посета на Поштата ЕПМ 1013 во Шуто Оризари. Тој потенцира дека покрај веќе воспоставеното плаќање со…
Теренската вакцинација за вторник 20.07.2021 ќе се одвива во следните населени места: Делчево – Саса1, Саса2 Ресен – Наколец, Штрбово Штип – Шашаварлија, Кошево, Почивало Свети Николе – Немањеци, Ранченци Демир Хисар – Слоештица, Мренога, Вирово Берово – Владимирово Струга – Драслајца Струмица – Добрејци, Просениково Неготино – Челевец, Лаки Пробиштип – Лесново Кочани – Зрновци Битола – Црнобуки, Новозмирнево, Драгарино, Лисолај, Лопатица Охрид –Косел, Вапила, Ливоишта, Сирула, Росино, Опеница Македонски Брод – Бенче, Ковач Велес – Согле, Богомила, Теово Крива Паланка – Ранковце Министерството за здравство секојдневно ќе информира преку соопштенија за денот и местата за теренско вакцинирање за Ковид 19. Замолуваме…
Во последните 24 часа се направени 1.973 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 4, Тетово – 4 и Кичево – 1. Регистрирани сe 53 оздравени пациенти од: Скопје – 17, Тетово и Охрид – по 9, Кичево – 8, Битола, Прилеп и Кавадарци – по 2 и Куманово, Гостивар, Струмица и Дебар – по 1. Не се регистрирани починати пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 932.513 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.931, бројката на оздравени пациенти е 150.223, на починати е 5.487, а…
Христијан Мицкоски загубен во своите деструкции и блокади, немајќи ништо друго да им понуди на граѓаните, реши да копира концепти и политики од СДСМ, обвинува портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов. – Неговото „Македонија за сите луѓе“ е бледа копија на „Живот за сите“ исто како и концептот „Парите кај граѓаните“. ВМРО-ДПМНЕ е партија која знае само да граба од граѓаните, да ги краде парите и да ги троши на непродуктивни и криминални проекти. Не може партија која 11 години земаше од граѓаните денеска да вели дека ќе ги враќа парите назад кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ беше против укинување на…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04% во однос на Одлуката од 12.7.2021 година. Овој раст на цени на светските берзи го достигна нивото со кои се исполнија условите да се намали акцизата за 2,00 денар за литар за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се…
Дваесет и петгодишно момче од тетовско Долно Палиште синоќа почина како последица од удар од гром. Според првичните информации, несреќата се случила додека момчето напасувало овци. „Вчера (18 јули) во 19 часот и 25 минути во СВР Тетово било пријавено дека во месноста „Карабунар“, атар на тетовски Урвич, бил пронајден починат 25-годишниот Е.О. од тетовско Долно Палиште, кој бил усмртен од удар на гром. Смрт констатирал лекар по судска медицина, увид извршиле екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено на семејството“, пишува во билтенот на МВР. Од удар на гром вчера беа повредени неколку…