Дваесет и петгодишно момче од тетовско Долно Палиште синоќа почина како последица од удар од гром. Според првичните информации, несреќата се случила додека момчето напасувало овци.

„Вчера (18 јули) во 19 часот и 25 минути во СВР Тетово било пријавено дека во месноста „Карабунар“, атар на тетовски Урвич, бил пронајден починат 25-годишниот Е.О. од тетовско Долно Палиште, кој бил усмртен од удар на гром.  Смрт констатирал лекар по судска медицина,  увид извршиле екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено на семејството“, пишува во билтенот на МВР.

Од удар на гром вчера беа повредени неколку лица на охридската плажа „Оревче“, но за среќа беше избегната поголема тратегија.