Author: Ivana

Утрово на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија го посетив 54 годишниот Џафер Алија, на кој му беше реплантирана десната рака, напиша на својот фејсбук профил, Министерот за здравство, Венко Филипче. – Пред месец ипол Џафер се самоповредил, си ја отсекол десната подлактица, работејќи со моторна пила и на Клиниката бил примен во тешка состојба. Сега пациентот се чувствува добро, неизмерна е неговата радост што десната рака повторно може да ја користи. Ваков вид операција на Клиниката нема направено изминативе триесетина години, за успехот им честитам на моите колеги лекари и целиот медицински тим, потенцира Филипче. Оваа комплексна интервенција, како…

Read More

Француската лабораторија Карма денеска објави дека по првпат пуштила на пазарот вештачко срце, кое неодамна беше вградено кај пациент во Неапол во пресрет на трансплантација. Тоа е прва продажба на лабораториско вештачко срце. Лабораторијата е основана 2008 година. Вградувањето на срцето ја изврши тим лекари предводени од кардиологот Чиро Мајело во болницата во Неапол. Во 2020 година, „Карма“ доби лиценца за продажба на својот производ во Европа, на пациенти кои чекаат на трансплантација на срце. Француската лабораторија, која го измисли вештачкото срце, пред неколку години рече дека тие не можат целосно да заменат трансплантација, но се вградуваат поради недостаток на…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ му ја врати Интерпелацијата на собранискиот спикер Талат Џафери без преправки. Во дописот до кој дојде ТВ24 стои дека забелешките на Џафери се однесуваат на предлог законот, а врз Интерпелацијата не се применуваат одредби кои се однесуваат на предлог на закони. „Укажуваме дека Интерпелацијата и нејзината форма се едонствени и врз неа не се применуваат одредби кои се однесуваат на предлог закони како што е наведено во член 136 од Деловникот на Собранието. Впрочем, членот 136 се однесува на поднесување на предлог на закони, а Интерпелацијата и нејзината форма не е предлог на закон“ стои меѓудругото во дописот до…

Read More

Граѓанинот претставува стожер на социјалната реформа и се што правиме и како Влада и како Министерство е да го олесниме животот на граѓаните, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во гостувањето на утринската програма на Националниот сервис Таа посочи дека социјалната реформа ги дава своите резултати. Изминатата година во време на пандемија со законски измени е зголемен опфатот на дополнителни 6 500 домаќинства, (приматели на гарантирана минимална помош), преку олеснети критериуми за влез во системот на социјална заштита, како и  зголемен детски и образовен додаток. Шахпаска посочи дека Проектот за подобрување на системот на социјални услуги е заснован…

Read More

И годинава, во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена – Скопје ќе постави посебни контејнери во кои граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад, информираат од Јавното претпријатие. – Веќе трета година по ред, во пресрет на одбележувањето на празникот Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена – Скопје поставува специјални садови наменети за одлагање на органскиот отпад. И оваа година, во периодот од 19 до 21 јули, претпријатието ќе постави 17 контејнери, на повеќе локации во скопските општини Чаир, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари и Сарај. Апелираме до верниците својот органски отпад…

Read More

Досега во Германија загинаа 157 лица во поплавите предизвикани од невремето кое ја зафати земјата, но се стравува дека бројот ќе биде уште поголем. Државата се соочува со најголема природна катастрофа во последните 60 години. Во околината на Келн, во западниот дел на Германија, надојдената вода однесе над стотина животи. Полицијата очекува да пронајде уште жртви штом ќе се повлече водата. Војската ги ангажирала сите свои ресурси за расчистување на теренот. Сојузната и покраинските влади ја проценуваат штетата на неколку милијарди евра, а веќе е одредена итна помош од 300 милиони евра за санирање на штетите во покраините Рајна-Фалц, Северна…

Read More

Како Влада секако дека имаме  разработено варијанти во однос на отпочнување и изградба на коридорите 8 и 10 Д зашто нашиот приоритет, клучна или конечна цел е да имаме модерни и безбедни патишта. По кој принцип и на кој начин ќе се изградат е работа на Парламентот, Владата и сите останати институции, како и на Јавното претпријатие за државни патишта кое е задолжено  за изградба и реконструкција на патиштата во државата и има најголеми капацитети и ресурси во овој дел. Ова го посочи министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во одговор на прашањето дали постои план „Б“ по најавата…

Read More

Од септември првоодделенците ќе учат по нова наставна програма за што привршува подготовката на материјалите за учење. За предметот природни науки во тек е печатење на нов материјал на чија изработка работеа авторките: Билјана Лазареска, Биљана Стојановска, Соња Кирковска, и Нела Слезенкова Никовска. – Создадовме прекрасен материјал кој ќе биде интересен и возбудлив за учениците, бидејќи тие се најсреќни во училницата кога изведуваме експерименти и кога имаат пред себе наставен материјал кој е шаренолик и богат со илустации – вели авторката Билјана Лазареска. Според Лазареска содржината на материјалот е разбирлива за учениците, а целта е преку активности и игри да…

Read More

По успешната мини турнеја на Триото на Влатко Стефановски во Хрватска и Словенија, и македонската публика ќе ја има можноста да ужива во звуците на нашиот најголем гитарски виртуоз. На 5 август, на Антички Театар во Охрид, со почеток во 21:00 часот, Влатко Стефановски заедно со извонредниот басист Иван Кукиќ и младиот талентиран тапанар Јан Стефановски ќе одржат целовечерен концерт. Покрај добро познатите композиции на Стефановски публиката ќе има ексклузивна можност да го слушне материјалот од најновиот албум „Тафталиџе Шафл“ кој Влатко го издаде минатата година. Инаку албумот „Тафталиџе Шафл“, издаден за Кроација Рекордс на ЦД и винил, се најде…

Read More

Членовите на Комисијата за заразни болести денеска ќе заседаваат при што е можно повторно воведување на забрана за свадби и други семејни веселби во затворени простории. Откако деновиве повторно е во пораст бројот на новозаразени со Ковид-19 и потврдените кластери од свадби и семејни веселби во Македонија, денеска е можно Комисијата за заразни болести да донесе одлука за забрана на семејните веселби во затворен простор. Здравствените власти уверуваат дека имаме мирно лето и дека нема потреба од рестрикции, но повторно се разгледува опција за позасилени контроли на граничните премини и за воведување на мерката за влез во Македонија само со…

Read More

Седумкратниот светски првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес), триумфираше денеска во трката за Големата награда на Велика Британија и покрај казната од 10 секунди поради инцидентот со Макс Верстапен (Ред Бул). Трката на која возачите на Мекларен, Ландо Норис и Даниел Рикардо, го освоија четвртото и петтото место почна со инцидент, откако Хамилтон веќе во првиот круг се судри со Верстапен во обид да го мине на патеката од надворешната страна возачот на Ред Бул, кој стартуваше од пол-позицијата. Верстапен со голема брзина удри во заштитната ограда, по што беше пренесен во болница, а неговиот болид беше целосно уништен. И…

Read More

Две лица се пренесени во болница, откако биле повредени по удар од гром, објави А1он.мк Според информациите градот бил зафатен со силно невреме, а настанот се случил на плажата „Оревче“ во близина на кампот „Градиште“ во Охрид. Неофицијално, станува збор за две лица од Ресен и Битола кои се пренесени во Медицинскиот центар во Охрид. Според информациите на порталот, едното лице имало изгореница на ногата, додека пак другото проблеми со слухот.

Read More