Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Расте бројот на жртви во катастрофалните поплави во Западна Германија и Белгија. Повеќе од 160 лица загинаа а над 1 300 уште се водат за исчезнати. Според денешната статистика само во Германија досега има најмалку 135 жртви но локалните власти стравуваат дека бројката допрва ќе расте. Германскиот претседател Штајнмаер изјави дека е „вџашен“ од пустошот предизвикан од поплавите и вети помош за семејствата на жртвите и градовите кои претрпеа катастрофа. Утрово, нивото на водата стагнира, но ситуацијата и натаму е напната. Во Белгија пак поплавите однесоа најмалку 23 животи, а во Холандија премиерот Марк Руте прогласи национална катастрофа во јужната…
Полициски час од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, се посебните мерки што од денеска стапуваат во сила на грчкиот остров Миконос, јави дописничката на МИА од Атина. Мерките што ќе важат до следниот понеделник, 26 јули во 6 часот наутро, претпладнево ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, поради, како што рече „загрижувачкиот локален пораст на пандемијата со многу кластери“. Хардаљас потсети дека на Миконос, како и во цела Грција, забрането е одржување на било какви настани во приватни простори со присуство…
Насилството врз жените во политиката и во изборниот процес претставува закана и за интегритетот на изборниот процес и за квалитетот на демократијата. Со кандидирање на човек како досегашниот градоначалник Ацо Велковски, СДСМ присилно ги исклучува жените од правото да имаат глас во политичкиот живот и управување на нивната општина, ова денеска преку Коментар на денот го истакна Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ. – За СДСМ управувањето со двојни стандарди е сосема карактеристично. Родовата еднаквост и заштитата на жените во општеството е уште еден доказ за тоа. Ацо Велковски, досегашниот градоначалник на општина Лозово, вршеше повеќе месечен мобинг и малтретираше жена која…
Жители на околните села во близина на планинскиот превој Буково денеска протестираа против работењето на депонијата „Буково“, притоа блокирајќи го пристапот на камионите и механизација на депонијата. Тие се изреволтирани поради тоа што отпадот на депонијата гори, притоа се шири мошне непријатна миризба која не само што е тешко поднослива туку, како што нагласуваат, и опасна по нивното здравје. Нивните барања се задолжително да се преземат активности за затворање на депонијата „Буково“ каде се одлага отпадот од Охрид, Ресен и населените места од регионот, со најава дека ќе го блокираат пристапот до локацијата се додека не се санира односно не…
Во Норвешка следната недела ќе се одбележи 10-годишнината од нападот на десниот екстремист Андерс Бехринг Брејвик, кој уби 77 луѓе. Тоа е најкрвав атак во земјата по Втората светска војна. Брејвик на 22 јули 2011 година прво детонирташе бомба пред канцаларијата на норвешкиот премиер во Осло, при што загинаа осуммина, а потоа се упати на островот Утоја, каде елиминира 69 луѓе во камп за млади на Лабуристичката партија. На 22 јули ќе се одржи церемонија на двете места, пред канцеларијата на поранешниот премиер, што денеска е празна, поради спор како да се обнови, а потоа на островот Утоја, кој се…
Владата го утврди Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, односно за стечајците. Со измените предвидено е условот којшто се однесува на должината на работниот однос да биде 14 години, заклучно со 31.12.2020 година сѐ со цел да се обезбеди еднаквост на граѓаните при остварување на правото на материјално обезбедување кое ќе го остварат уште најмалку 1.100 стечајци. Заедно со претходните законски решенија, вкупниот опфат на стечајци што го оствариле или ќе го остварат правото за надомест во висина од 9.242 денари до нивното пензионирање, е близу 13.000 лица. Определбата на…
Градоначалникот Шилегов и директорот на Зоолошката градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски, го отворија пингвинариумот – новото живеалиште на пингвините во ЗОО, кој е наречен „Заливот на пингвините“. – Со пуштањето во употреба на пингвинариумот на едно место ги имаме двата најегзотични и најпопуларни видови на птици – фламинга и пингвини кои за првпат се жители на нашата Зоолошка градина. Пингвинариумот е составен од внатрешен дел со затворен базен, надворешен базен од 180м2, подземен дел со филтри и пуми за вода, како и тераса од 120м2. Направен е и мал зелен кров за да се заштеди на електрична енергија. Граден е…
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 453.773 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 6.076 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.817 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 725.902 дози вакцини, а ревакцинирани се 272.129 граѓани. Со последните бројки 58% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 55% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 51% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина…
Државната изборна комисија (ДИК) ја избра германската компанија Дермалог на тендерот за набавка на техничката опрема за спроведување на локалните избори со отпечаток од прст. Претседателот на Комисијата, Александар Даштевски денеска на прес-конференција соопшти дека таа компанија имала најдобра понуда, ги исполнила условите и дека имала најдобри апарати. Во ДИК во тек е и јавна набавка за апликација за текот на гласање и за првични и неофицијални резултати од изборите. – Вчера беше избрана компанија која ќе ја обезбеди техничката опрема за спроведување на изборите со отпечаток на прст. На 1 јули заврши постапката по јавната набавка за биометриска индентификација…
Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска одржа состанок со фокус-група на наставниците ментори во врска со новите материјали за учење за прво одделение. Како што информира МОН, Царовска на состанокот им се заблагодари на наставниците ментори за одвоеното време да ги разгледаат новите материјали за учење и да придонесат во нивната изработка. – Овој процес не би бил целосен доколку материјалите за учење не поминеа низ филтер од наставниците ментори кои од септември ќе бидат директна поддршка во имплементацијата на реформите во училиштата. Вие имате долгогодишно искуство од пракса и најдобро може да го кажете својот став во…
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и САЕ „Тигар“ синоќа околу 23:30 часот при преземени заеднички мерки и активности на подрачјето на Дебар Маало, пред угостителски објект ги лишиле од слобода Г.П.(34), Н.С.(35), двајцата од Скопје, бидејќи при преглед извршен кај нив биле пронајдени и одземени две ќеси со кокаин, наменет за продажба. На ул.„Боемска“, информираа денеска од МВР, бил лишен од слобода и С.Г.(25) од Скопје, кој управувал патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, затоа што при преглед и кај него е пронајден кокаин, а поради управување на возило под дејство на алкохол и наркотични супстанци, тој…
По седум месеци Град Скопје ги заврши градежните работи на новиот бул. „Никола Карев“ во Скопје, со изградба на нови 980 метри, и денеска беше официјално пуштен во употреба. Инвестицијата на Град Скопје е околу 160 милиони денари. Булеварот има четири коловозни ленти, две комбинирани – велосипедски и пешачки патеки поради фреквентниот сообраќај, а направен е и потпорен ѕид од 690 метри. Има и лед (смарт) осветлување, за кое градоначалникот Петре Шилегов рече дека ќе биде воведено во фази во градот. – Град Скопје на овој потег реши нешто што повеќе децении беше проблем на граѓаните на Скопје. За седум…