Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Митева: СДСМ ги исклучува жените од правото да имаат глас во политичкиот живот

0
By Ivana on July 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 17, 2021 16:21

Насилството врз жените во политиката и во изборниот процес претставува закана и за интегритетот на изборниот процес и за квалитетот на демократијата. Со кандидирање на човек како досегашниот градоначалник Ацо Велковски, СДСМ присилно ги исклучува жените од правото да имаат глас во политичкиот живот и управување на нивната општина, ова денеска преку Коментар на денот го истакна Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

– За СДСМ управувањето со двојни стандарди е сосема карактеристично. Родовата еднаквост и заштитата на жените во општеството е уште еден доказ за тоа. Ацо Велковски, досегашниот градоначалник на општина Лозово, вршеше повеќе месечен мобинг и малтретираше жена која како резултат на бруталната тортура доживеа спонтан абортус на нејзиното седум месечно бебе, а потоа беше избркана и од работа. Ова е вистината за Виолета Колева, ова е тажната реалност која ја живееме од кадрите на СДСМ. Како награда за ваквиот однос Ацо Велковски ја доби довербата од СДСМ за втор мандат. СДСМ ги објави првите 30 кандидати за општините каде ценат дека имаат најдобра понуда, меѓу најсигурните и најдобрите се најде и името на Ацо Велковски од Лозово. Тоа е нивниот начин, онаму каде што се управува со мобинг, неправда и криминал, тие општини за СДСМ се најдобри. Во оваа одлука на СДСМ учесници се и нивната потпретседателка како и нивниот Форум на жени, но и секоја жена која е член на СДСМ. Првото правило за заштита на насилството врз жените е поддршката која една кон друга треба да ја имаме, без разлика на статус, политичка, верска или било каква друга припадност, вели Митева.

Таа додава дека во недостиг на правда јавно ги повикувам сите релевантни домашни и меѓународни фактори кои во својот фокус на дејствување ги застапуваат правата на жените и очекувам најостро да го осудат ваквиот потег на СДСМ. Само така вистински ќе им помогнеме на граѓаните на општина Лозово и само така вистински ќе ја оправдаме заложбата која ја даваме.

– Во СДСМ честопати постои двоен стандард за случаи на политичко базирано насилство, вклучително и политичко учество на жените, спуштајќи ги на статус на граѓанин од втор ред. Неказнивоста и одобрувањето на втор мандат за градоначалник може да ги претвори ваквите прекршоци во одржливи тактики и во предизборната кампања и во пост-изборниот период. Нам ни треба јавна доверба во владеењето на правото и континуирана заложба кон политичка родова еднаквост, а императив е делата да не останат неказнети. Во текот на последните неколку децении, жените остварија историски придобивки во политиката и политичкиот живот – како активисти, граѓански лидери, гласачи, членови на политичка партија, кандидати, избрани претставници и назначени функционери – носејќи со себе мноштво позитивни ефекти за жените, демократијата и општеството, потенцира Митева.

Таа додава дека ВМРО-ДПМНЕ тоа го негува со дела, граѓаните на општина Лозово ќе имаат градоначалник кој ќе ја врати довербата и достоинството на сите луѓе.

вмро дмне жени СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.