Author: Ivana

Во неделата , малото планинско место Литон во Канадската провинција Британска Колумбија го сруши температурниот рекорд на Канада и стана едно од најтоплите места на светот со измерени 46,6 Целзиусови степени. Со тоа, ова село кое има околу 200 жители и се наоѓа на 250 километри северно од Ванкувер, го сруши 84 годишниот Канадски рекорд достигнувајќи 47,9 степени , што е повисока температура измерена било кога во Лас Вегас на пример, две илјади колиметри јужно на сред на пустината Мојава. Но во вторникот, во Литон се случил да биде срушен и третиот рекорд со 49,6 степени целзиусови. Ова мало канадско…

Read More

На Вториот ден од Преспа Форумот ќе се одржат две пленарни сесии на високо ниво а на кои учествуваат претседателите на РСМакедонија, Словенија и на Црна Гора, Стево Пендаровски, Борут Пахор и Мило Ѓукановиќ како и премиерите Зоран Заев, на Србија Ана Брнабиќ, на Косово Албин Курти, на Албанија Еди Рама и претставникот на Босанското претседателство, Зоран Тегелтија. На овие два панели исто така ќе учествуваат високи актуелни и поранешни претставници на Американската и на Европската администрација како Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија своевремено амбасадор во нашата земја и докажан пријател, Филип Рикер,поранешниот еврокомесар за преговори…

Read More

Прашањето на вклученоста на жените во процесите на одлучување, во мирот и безбедноста, не е само проблем на жените во Западен Балкан, но Западен Балкан има примери зошто вклученоста на жените во процесите на одлучување гарантира успех“, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на панелот за унапредување на Агендата „Жени, мир и безбедност“ во Западен Балкан. Образложувајќи ги примерите Шекеринска зборуваше за улогата на жените политичарки во составувањето на Охридскиот договор кој доведе до крај на конфликтот во 2001 година и воспоставување на хармонично мултинационално општество, за одлучноста во сработувањето на кандидатскиот статус за ЕУ во 2005 година и за…

Read More

Во француската резиденција вечерва амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер, во името на Претседателот на Француската Република со орденот „Витез на Легијата на Честа” ја одликува поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева. Амбасадорот Бомгартнер на одликувањето истакна дека Митрева откако два пати беше одликувана со ордени во 1998 и 2016 година, ова е трет пат како неговата земја одлучува да ја одликува со највисокиот француски орден. – Овие повторени растечки почести се признание за силната ваша посветеност за Македонија, за Франкофонијата и за Европа. Тие се исто така и белег на верно и постојано пријателство помеѓу вас и нас. Оваа приказна…

Read More

Европската агенција за лекови (ЕМА) потврди дека две дози од вакцините одобрени во ЕУ се ефикасни против делта сојот и препорачува да се комплетира вакцинацијата на најранливите лица што побргу,  јави дописничката на МИА од Брисел. Докторот Марко Кавалери од ЕМА порача дека агенцијата е свесна дека новата мутација на вирусот, позната како делта, брзо се шири во Европа и дека во овој момент вакцинацијата се чини единствен начин да се спречи нов смртоносен бран како претходните. – Се чини во овој момент дека целосна вакцинација со вакцина одобрена во ЕУ заштитува против сите соеви на вирусот, вклучително и делта…

Read More

Премиерот Зоран Заев на маргините на „Преспа форум дијалог“ ја прими генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, при што и изрази благодарност за нејзиното учество на големиот меѓународен настан во Охрид, имајќи го предвид искуството и непосредно познавање што таа го има за нашиот регион и претставува исклучителен придонес во дебатите на Форумот. За време на средбата, како што соопшти владината Прес-служба, премиерот Заев ја истакна долготрајната соработка, поддршката, како и партнерството меѓу Северна Македонија и Советот на Европа во воспоставувањето на стандардите и следењето на нивната имплементација во сферите со првенствен интерес на ова европско тело…

Read More

Согласно предлогот на португалското претседателство со ЕУ за решавање на прашањето со Бугарија, а којшто се однесува на јазикот, е тоа прашање да се реши со две унилатерални изјави, и на Северна Македонија и на Бугарија, појасни денеска во Охрид шефот на дипломатијата Бујар Османи, за тоа што содржи предлогот на претседателството со ЕУ во однос на македонскиот јазик. -Од Северна Македонија се очекува само да се потврди фактот дека јазикот е кодифициран во 1945 година, без други формулации. Додека на самата меѓувладина конференција Бугарија би дала своја унилатерална изјава со свои погледи кон јазикот и ние би имале наша…

Read More

Во последните 24 часа се направени 2.531 тестирање, а регистрирани се 5 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 2, Велес, Кавадарци и Берово – по 1. Регистрирани се 86 оздравени пациент од: Скопје – 31, Куманово и Прилеп – по 12, Тетово – 7, Гостивар и Охрид – по 6, Битола – 3, Крива Паланка, Демир Хисар и Кратово – по 2, Велес, Кичево и Виница – по 1. Пријавено е 1 починато лице од Виница (76г) во болнички услови. Направени се 2.531 тестови преку: ИЈЗ-303, ЦЈЗ Скопје-36, ЦЈЗ Битола-35, ЦЈЗ Прилеп-15, ЦЈЗ Тетово–13, ЦЈЗ Куманово–21, Клиника за инфективни болести…

Read More

Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основното и средното образование е повлечен, објави на Фејсбук иницијативата „Учебници и настава мора да има“, која побара и референдум за законот кој ја отвора можноста за воведување дигитални учебници. Од иницијативата ова го нарекоа победа, додавајќи дека дописот го добиле од Собранието потпишан од претседателот Талат Џафери, со кој тој ги информира дека Владата го повлекува предложениот закон. Истовремено од Владата и Министерството за образование појаснуваат дека не се откажуваат од носење на законот, туку го ставаат на јавна дискусија. – Предлогот на Закон за учебници и други наставни…

Read More

Епидемилошката слика е прилично стабилна и попуштањето на мерките се должи на олабавувањето, генерално на сите мерки. Нашиот став е да се оди во тој правец, согласно емидемиолошката состојба, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. – Заклучно со вчерашниот ден трендот на опаѓање на бројките продолжи. Претходната недела имаше седум, па шест, а вчера пет пациенти на 100.000 граѓани што дефинитивно е знак дека нема промени, потенцира Филипче. Тој додаде дека надлежните се многу внимателни во однос на следењето на состојбата со коронавирусот, пред се со индискиот сој на вирусот кој се појави во повеќе земји. Ние, како што…

Read More

Имаме најава дека в петок ќе стигнат 10.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Хрватска. Во текот на наредната недела се очекува да стигнат и 10.000 вакцини од Русија на „Спутник“. Вакцинацијата денеска се спроведува во сите вакцинални пунктови. Во текот на вчерашниот ден и завчера се вакцинирани околу 12.000 лица, а заклучно со вчера се вакцинирани 330.000 граѓани, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Министерот истакна дека во процесот на имунизација се вклучени и центрите за масовна вакцинација, односно спортските сали и здравствените домови. Тој потенцира дека вакцините се безбедни и дека не постои шанса да се пушти во…

Read More

Премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Охрид Костадин Георгиевски денеска извршија увид во активностите на комуналните служби преземени за исполнување на препораките на УНЕСКО и на одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, во делот на уредување и управување со крајбрежјето. Премиерот Заев посочи дека Општина Охрид добива силна поддршка од централната власт за да се справи со бесправно изградените објекти на плажите. -Денеска сме тука за да ја посведочиме сериозната посветеност на Општина Охрид во исполнување на препораките на УНЕСКО и на одредбите од Планот за управување со светското природно и културно…

Read More