Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Нема одржливи мир и безбедност без вклученост на жените

0
By Ivana on July 1, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 1, 2021 15:15

Прашањето на вклученоста на жените во процесите на одлучување, во мирот и безбедноста, не е само проблем на жените во Западен Балкан, но Западен Балкан има примери зошто вклученоста на жените во процесите на одлучување гарантира успех“, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на панелот за унапредување на Агендата „Жени, мир и безбедност“ во Западен Балкан.

Образложувајќи ги примерите Шекеринска зборуваше за улогата на жените политичарки во составувањето на Охридскиот договор кој доведе до крај на конфликтот во 2001 година и воспоставување на хармонично мултинационално општество, за одлучноста во сработувањето на кандидатскиот статус за ЕУ во 2005 година и за трансформацијата и реформите во Армијата која под раководство на жена – министерка за одбрана, стана и Армија на НАТО.

„Јас бев избрана за министерка за одбрана во 2017 година и тоа за многу нешта беше „прв пат“ – првата жена министерка за одбрана, за прв пат министер кој доаѓа од попрогресивна партија, што е веројатно и причината зашто избраа жена наместо маж за оваа позиција. Јас бев свесна дека иако бев присутна во политиката долг период, ќе се појави негодување и скептицизам. Станува збор за професија во која доминираат мажите, се појавуваа прашања за служење на војска, дали ми е јасно за каква област станува збор… Јас знаев дека мора да се соочам со тој скептицизам и знаев дека ние како тим мора да работиме десет пати повеќе за да ја постигнеме целта. Сега, три или четири години подоцна, дури и оние т.н. ’мачо-мажи’ не само во војската, туку и во општеството мора да признаат дека жена во Министерството за одбрана ја понесе земјата кон НАТО, и го помина прагот на Алијансата. Жена успеа после подолг период да го зголеми одбранбениот буџет, да ги зголеми платите, да ја подобри транспарентноста, да ги зголеми пензиите, да го подобри квалитетот на работа и живот во Армијата, истовремено не занемарувајќи го прашањето на родовата рамноправност, во ниту еден момент“, рече Шекеринска.

Начелото на ОН дека нема одржливи мир и безбедност без вклученост на жените денеска е и начело на НАТО. Еднаквите можности за мажите и жените се меѓу главните приоритети за Армијата на Северна Македонија, како што се меѓу првите приоритети на НАТО. Жените во Армијата се околу 10% како и во многу други европски и земји членки на НАТО, што е далеку од проектираните цели.

Во Министерството бројот на жени е во пораст и изнесува близу 58%, а бројот на жените на раководни позиции се зголемува – повеќе од половината вработени на раководни позиции се жени, процентот на жени во меѓународните операции се зголеми од 4 на 9 проценти, се триплираше бројот на жени – полковнички, а за прв пат на позицијата аѓутант на претседателот е поставена жена.

„Жените во Армијата ја шират пораката дека нашата улога не е онаа како што некогаш била – една жена учи друга, туку секоја жена помага на многу и затоа мислам дека нашата улога како лидери во различни полиња, а особено во областа на одбраната е од исклучително значење“, заклучи министерката на панелот во Охрид.

Во своето излагање Шекеринска предупреди на насилството на социјалните мрежи што станува нова препрека за жените, особено за оние кои се малку похрабри.

„Он-лајн насилството и сајбер заплашувањето на жените станува сила која може да ги уништи сите наши напори и достигнувања ако сериозно не се соочиме со овој проблем. Бројките велат дека 41 процент од жените се соочиле со сајбер – заплашување и се плашеле за нивната лична безбедност, 24 проценти се плашеле за безбедноста на нивните семејства. Жените имаат 27 пати повеќе можност да се соочат со он-лајн насилство отколку мажите“, рече министерката.

жени мажи НАТО одбрана Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.