Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Да создадеме можности, да им дадеме добра понуда на младите за да ги задржиме во својата земја. Тоа значи дека треба да ги донесеме европските процеси и преку квалитетно образование, дигитализација и отворање нови работни места да ги задржиме тука, на Балканот. Тоа беше една од пораките на отворањето на младинскиот форум „Гласот на младите дома го обединува регионот“ испратена од Отешево во рамките на првата конференција „Преспа форум за дијалог“. Државниот секретар во Министерството за надворешни работи Зоран Попов порача дека младите од регионот, треба да се дружат, да се зближат, бидејќи делат исти предизвици. Најголем проблем на земјите…
Сите пациенти со спинална мускулна атрофија кај нас се покриени со терапија. Со последната набавка на лекот, од страна на Министерството за здравство сите пацинети со СМА регистрирани до јуни 2021 година се покриени со терапија, изјави Министерот за здравство д-р Венко Филипче, при посетата на настан, на покана и во организација на Здружението СТОП СМА. – Со ова стануваме една меѓу ретките земји во светот и Европа, со целосна покриентост со терапија за СМА пациентите без рестрикции. Не само за пациентите со ретки болести, генерално ние политиките ги носиме заедно со граѓанските здруженија односно здруженијата токму на тие пацинети…
Неприкосновено право на секој народ е правото на самоопределување и да го одбере јазикот на кој зборува. Тоа е право на луѓето што живеат тука, а не на друга држава или која било меѓународна организација. А прашањето за јазикот и оваа наша борба не е само одбрана на македонскиот идентитет, туку борба за зачувавање на европскиот идентитет и вредностите што треба да ги предводи ЕУ. Ова го истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во обраќањето на Преспа форум дијалогот „Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна“ што од денеска се одржува во Охрид. Димитров пред учесниците…
Отворање на сите копнени гранични премини на Грција со соседните земји, меѓу кои и Ники/Меџитлија и Дојран кон Северна Македонија и тоа со 24-часовно работно време, почнувајќи од денеска, најавија грчката заменик-министерка за туризам Софија Захараки и шефицата на канцеларијата на грчкиот премиер во Солун, Марија Андониу. – Ги зајакнуваме копнените граници, од денеска, копнените граници ќе работат 24 часа, изјави Захараки за грчката телевизија „Скај“. Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефицата на канцеларијата на грчкиот премиер во Солун, Андониу, преку соопштението најави дека од 1 јули 24 часа ќе работат копнените премини Промахонас, Евзони, Ники, Дојран,…
Вакцините се веќе дистрибуирани, околу 50-тина илјади веќе во понеделникот беа дистрибуирани и денеска се спроведува имунизација во сите градови. Вклучени се и центрите за масовна вакцинација, тоа се спортските сали и здравствените домови, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. -Вчера се покрена едно прашање околу документацијата, дозволите итн. Сакам да објаснам дека граѓаните треба да бидат спокојни и не постои шанса да се пушти кој било лек во промет вклучувајќи и вакцина доколку за тоа одобрение не даде Агенцијата за лекови. Ние аплицираме со соодветната документација која што е потребна и за увоз на лекот, а таа стигнува и…
Две години фискалните сметки не се само хартија со бројки, туку сметки кои на граѓаните им враќаат пари. Враќањето пари назад кај граѓаните е реалност во нашата држава и на 399.000 корисници од различна возраст на апликацијата „МојДДВ“, во изминатите две години им се исплатени вкупно 2.238.340.844 денари, односно 36,3 милиони евра како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки, истакна денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска. „МојДДВ“, како што посочи, ги враќа парите назад кај граѓаните, ја намалува сивата економија, се солидаризира со најпогодените од Ковид кризата и ја поддржува и поттикнува македонската потрошувачка и…
Правилата на Роаминг важат уште за Грција со тоа што цените се пониски за 50-99%.Цената за потрошени минути, пораки и гигабајти од денеска во целата зона на Западен Балкан се пресметува исто како во националниот сообраќај. Но, сепак укинувањето на роамингот кога е во прашање преносот на податоци, се однесува на таканаречената умерена потрошувачка , па оттаму препораката е граѓаните пред да појдат на пат сепак да го проверат својот пакет за да нема потоа изненадувања. Исто и за интернетот, одредена количина ќе се троши без плаќање , но ќе се наплатуваат некои услуги поврзани за преносот на податоци но…
Разочарани сме што прашањето за отворање на првите меѓувладини конференции за Северна Македонија и Албанија не беше решено и покрај силното застапување и разумните решенија на португалското претседателство и на силните европски партнери, изјави денеска во Охрид заменик-помошникот државен секретар на САД за европски прашања Метју Палмер на панелот „На патот до подобро поврзан и интегриран регион – Кој е ризикот? Како да стигнеме таму?“, во рамки на првата Меѓународна конференција на Преспа форумот за дијалог. Палмер подвлече дека тоа влијае и на вложувањата на САД и ЕУ во регионот, а придонесува и за зголемување на скептицизмот и во самиот…
Реформата во основното образование почнува со новата учебна година во прво и четврто одделение, за што се прават сите потребни подготовки, најавуваат од Министерството за образование и наука (МОН). Наставата за прво одделенците и за четврто одделенците, прецизираат, од 1 септември ќе тече по новата Концепција, со новите материјали за учење за што сме сигурни дека ќе дадат подобри резултати кај учениците. -Сите подготовки се одвиваат според планот и утврдената динамика. Наставните програмите се веќе донесени. Во постапка е набавката на 10 илјади таблети. Тече подготовката на материјалите за учење за прво одделение кои треба да се готови до крајот…
Управата за јавни приходи (УЈП) по завршувањето на најголемиот бран на Ковид кризата спроведе огромен број на контроли кај даночните обврзници за неиздавање фискални сметки на територијата на целата држава и изрече повеќе од 400 глоби, потврди денеска директорката на УЈП Сања Лукаревска. -Уште првата година по воведувањето на апликацијата „МојДДВ“ за граѓаните имавме огромен број на пријави за неиздавање на фискални сметки кои одеа преку анонимни пријави од страна на граѓаните во канцелариите на Управата, преку линијата 198 и на јавни социјални медиуми. Врз основа на тоа сме постапиле насекаде. Направени се огромен број на акции и на контроли,…
Полицијата упаси криминалец од Бугарија, баран со меѓународна потерница, за кривично дело силување и противправно лишување од слобода, информираат од Министерството за внатрешни работи. – На 29.06.2021 во 12:00 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Скопје го привеле П.И.М. (63) од Р. Бугарија, кој се барал со меѓународна потерница од Интерпол Софија. П.И.М. е осуден на казна затвор во траење од 14 години за кривично дело силување и противправно лишување од слобода и се наоѓа на листата на најбарани криминалци на Интерпол, се вели во соопштението од МВР. Од страна на…
Во последните 24 часа се направени 2.216 тестирања, а регистрирани се 2 нови случаи на КОВИД-19 од Скопје. Не се регистрирани оздравени пациенти и починати лица. Досега во земјата се направени вкупно 879.339 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.684, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 223.