Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поврзувањето на младите од регионот ќе го забрза процесот на интеграција во ЕУ

0
By Ivana on July 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 1, 2021 12:51

Да создадеме можности, да им дадеме добра понуда на младите за да ги задржиме во својата земја. Тоа значи дека треба да ги донесеме европските процеси и преку квалитетно образование, дигитализација и отворање нови работни места да ги задржиме тука, на Балканот.

Тоа беше една од пораките на отворањето на младинскиот форум „Гласот на младите дома го обединува регионот“ испратена од Отешево во рамките на првата конференција „Преспа форум за дијалог“.

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи Зоран Попов порача дека младите од регионот, треба да се дружат, да се зближат, бидејќи делат исти предизвици. Најголем проблем на земјите во Западен Балкан, смета тој, е миграцијата на младите.

– Заминувањето на млади мозоци во странство придонесува за намалување на вредноста на Балканот. Многу од младите од Западен Балкан размислуваат за заминување. Околу 33 проценти млади на возраст меѓу 23 и 33 години решаваат да заминат од својата земја. Тоа се околу 270.000 млади од С Македонија, кои сакаат да заминат. Не можеме да дозволиме толку млади да ја напуштат земјата, рече Попов.

Владата на Република Северна Македонија, како што истакна министерката за образование и наука Мила Царовска, покажа дека можеме да решиме големи и децениски предизвици, можеме да го сплотиме регионот, да затвориме крупни прашања преку градење пријателство и да иницираме заедничка моќ со која земјите во развој ќе му конкурираат на развиениот свет.

– Кога зборуваме за младите, зборуваме за најважниот ресурс со кој една држава располага. Клучен збор, без кој не може да говорите за иднината се младите. Една од вредностите на кои ги учиме, а тоа особено доаѓа до израз во последните неколку години кога постигнуваме значајни успеси на домашен и меѓународен план е дека само преку нивното единство во границите на својата земја, но и преку активизам, градење пријателство и партнерство со младите од соседството, од регионот и светот може да ги постигнат личните цели и постојано да поставуваат уште повисоки, а со тоа да и помогнат на државата да оди напред, рече Царовска.

Упорноста и истрајноста, додаде таа, е одлика на младите и затоа тие се дел од раководствата на речиси сите институции во системот и се предводници на промените, кои се случуваат и ќе се случуваат.

– Се трудиме да обезбедиме добро образовни можности за младите. Го јакнеме ученичкиот и студенстскиот стандард, континуирано обезбедуваме нови можности за наука и истражување. Финансиска поддршка за реализација на нивните иновативни идеи, отворање интересни и добро платени работни места. Го стимулираме нивниот труд, затоа што тој е најважен, нагласи министерката.

И амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз смета дека е неопходно да се инвестира во младите и во нивната енергија и вештините, со што ќе се подобри општеството и можностите кои ги нуди.

– Приоритетите на САД за Западен Балкан се јасни и не се променети. Ние ќе продолжиме да го гледаме регионот како мирен, кој во иднина ќе се поврзува, а со своите соседи ќе гради стабилни просперитетни и целосно интегрирани евроатлантски интеграции во евроатлантски рамки. Нашата визија за иднината на Западниот Балкан е во рамките на ЕУ, Балкан кој ќе помогне Европа да стане посилна и постабилна, рече Брнз пред младите во Отешево.

Амбасадорот на Европската унија Дејвид Гир забележа дека младите од регионот ги споделуваат истите проблеми со своите врсници од Северна Македонија. ЕУ, нагласи, ги поддржува процесите и настаните за младите во регионот за што се издвоени 15 милиони евра.

– Младите овде и во регионот, многу се свесни за проблемите со кои се соочуваат. Критични се, но и отворени, оптимисти и бараат промени. И припаѓаат на генерацијата, која ќе ги понесе надежите и ќе овозможи позитивни промени. Тоа е генерација која ќе ја понесе земјата кон Европската Унија. Ќе донесат нови иновативни и зелени начини кои ќе обезбедат пристап кон ЕУ и европските процеси, рече Гир.

На младинскиот форум, меѓу другите, учество зедоа и министерката за спорт и млади на Албанија Евис Куши и министерката за култура на Косово Даулина Османи.

Идејата на „Преспа Форум Дијалог“ е продлабочување на соработката и размена на позитивни практики и искуства помеѓу земјите од Западен Балкан во повеќе области, вклучително и преку младинскиот активизам, а со цел јакнење на регионот и негова целосна интеграција во европското семејств

Дејвид Гир млади поврзување регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.