Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Изјавата на португалската државна секретарка е резултат на незнаење и невнимание. Јас не сакам да бидам невнимателен во моите изјави, бидејќи можеби ќе и наштетам на Македонија. ЕУ одамна не е заедница на некои униформирани вредности, туку на некои сличности и што побргу тоа го сфатиме ќе одиме кон ЕУ. Ако не го сфатиме ќе одиме назад, бидејќи ЕУ има свои лимити до кои може да се оди. Сигурно не може да се оди над лимитите на националните држави, рече хрватскиот претседател Андреј Милановиќ. Според него, кога се влегува во нечиј интимен простор, во деликатни работи како идентитетот, правото на…
Ние сме Европа. Сите земји од иницијативата Западен Балкан 6 (Берлински процес) се Европа и јас силно верувам дека ако одиме заедно ќе одиме посилно и побрзо. И додека работиме кон заеднички регионален пазар, правиме чекор напред кон единствениот пазар на ЕУ што ќе ја зајакне нашата економска интеграција, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на денешниот онлајн состанок на министрите за економија на земјите од Берлинскиот процес. Тој уште еднаш упати порака дека треба да се работи на регионална конкурентност, а не на регионална конкуренција. – Ова, верувам дека е нашата иднина. Во таа насока на состанокот на…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која сметките за електрична енергија на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ незначително ќе се намалат, со примена на измените на Законот со кои ДДВ за електрична енергија се намали од 18 на 5 отсто. На одржаната главна седница регулаторите одобрија регулиран максимален приход и цени на пресметковните елементи за вршење на енергетската дејност и снабдување со електрична енергија на потрошувачите, кои ги снабдува универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје. – Евтината тарифа останува на сила во дневните и ноќни интервали, како и до сега, а сметките за електрична енергија практично…
Хрватска е една од најголемите поддржувачи на евроинтеграциите на Република Северна Македонија. Ние сме и благодарни на Хрватска за искрената поддршка и одговорноста за мирен и просперитетен Балкан во обединета Европа. За нас не постои друга одржлива алтернатива освен полноправно членство во Европската Унија, рече претседателот на државата Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во Загреб. Секоја земја, додаде Пендаровски, се обидува да им обезбеди на своите граѓани сигурност, безбедност и просперитет, но без соработка меѓу државите, според него, тоа би било недоволно. – Нашите две држави, нашите граѓани ги поврзуваат длабоки историски и културни врски,…
Течат последните подготовки за најголемата меѓународна конференција која се организира во земјава „Преспа форум дијалог“. На 1-ви и 2-ри јули во Охрид и Отешево ќе се сретнат лидерите на државите од регионот со највисоките претставници од Европа и САД. Низ големиот број на панел дискусии, панелистите ќе се осврнат на носечката тема на конференцијата „Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна“, соопшто владината прес-скужба. Во основата на Преспа форум дијалог се наоѓаат три столба: Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателството со Бугарија и Договорот од Преспа. Овие договори создаваат една нова, алтернативна слика не само за нас,…
Во вакциналните пунктови низ државата од денеска почна да се аплицира вакцината на кинескиот производител „Синовак“, откако истата ги помина сите потребни законски процедури. Вакцинацијата со „Синовак“ се одвива скоро во цела држава, освен во Скопје и Битола, каде имунизацијата со оваа вакцина ќе започне од утре. Станува збор за класична вакцина каде е инјектиран ослабен вирус односно технологија за добивање вакцини која се користи децении и е многу позната, па оттука и разбирливо е што широката популација ја доживува како една од најбезбедните платформи за производство на вакцини. Во однос на возраста на којашто се дава, вакцината „Синовак“ нема…
Министерството за внатрешни работи набави нови 50 ласерски радари наменети за потребите на сообраќајната полиција опремени со уред за ноќно снимање, далеку посупериорни од досегашните, информира ресорниот министер, Оливер Спасовски. – Со оваа набавка нашето Министерство е единствено во регионот кое располага комплетно со уреди од последната генерација, од кои невозможно е да се избрише снимениот материјал, при што бројот на уреди за брзина и алкохол по глава на жител е на исто или дури и повисоко ниво од земјите од Европската Унија.Во крајна линија, сите сме сведоци дека од 2017 година наваму, како раководство на МВР, без престан инсистираме…
Португалскиот предлог се потпира на предлог преговарачката рамка што ја предложи Европската комисија, параграфот околу македонскиот јазик да остане таков каков што е со чиста формулација – македонски јазик и предвидува унилатерална изјава на Бугарија во однос на нивната позиција, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Во однос на изјавата на државната секретарка на Португалија за европски прашања Ана Паула Закаријаш, Димитров рече дека во текот на вчерашниот ден имале многу контакти со Лисабон и со претставници на Португалија, односно португалското претседателство, дека укажале на, како што истакна, „оваа крајна несоодветност“ и дека добиле „уверување оти изјавата апсолутно…
Владата ја усвои Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија – НПАА 2021-2025, која што е целосно преструкртуирана според новата кластерска методологија за пристапни преговории, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на денешната прес-конференција посветена на Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија. Една земја членка – Бугарија, порача Димитров, може да стави вето на почетокот на пристапните преговори, усвојувањето на преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција, меѓутоа никој не може да ни стави вето на домашната реформска агенда – Европеизацијата мора да продолжи. – Програмата ќе се претстави и следи и во…
Есента 1999 година во Надворешно-политичката редакција на МТВ, стигна покана за двајца новинари кои би учествувале на семинар во Сараево за проучување и спроведување на ББЦ стандардите во новинарските производи. Тогашниот уреднички тим без размислување ја ,,зграби“ можноста. Еден од новинарите што беше упатен на тој семинар бев и јас. А, покрај од Македонија, на семинарот имаше новинари од Словенија, Хрватска, Албанија, Црна Гора, Косово, Србија и чинам од Бугарија и Романија. Кај новинарите од Србија, кај тие од Босна и Херцеговина како и кај новинарот од Косово, сеуште беа присутни силни емоции од бомбардирањето на Србија кое се случуваше пред…
Туристичко-угостителската комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори ја поздравува одлуката на Владата од 1 јули да се дозволи редовна работа и во затворените простории на угостителските објекти, вклучително и организирање прослави и настани. Според ТУК, одлуката беше донесена на нејзина иницијатива, но во соработка со Министерството за економија кое изминатиот период покажа капацитет за конструктивна соработка во интерес на секторот. Како што вели претседателот на ТУК, Владимир Граматиков, на ист начин беше донесена и мерката за еднократна финансиска помош за регистрираните претпријатија, при што ТУК во соработка со Министерството за економија дејствуваше за креирање помош која во време на…
Изјавата на државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш во однос на македонскиот јазик, доколку е прецизно пренесена, и по суштина и по методологија е целосно спротивна на португалскиот предлог за изнаоѓање решение, велат од Владата за МИА. Истаккнуваат дека ваквите изјави никако не помагаат во процесот на градење доверба и заедничко разбирање. – Контекстот и моментот се крајно сензитивни и затоа ги повикуваме претставниците на земјите кои се вклучени во процесот и кои не ги познаваат целосно и добро приликите во Северна Македонија и Бугарија, да се воздржат од какви било квалификации или објаснувања на процеси…