Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТУК ја поздрави одлуката за овозможување работа на угостителските објeкти

0
By Ivana on June 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 30, 2021 10:22

Туристичко-угостителската комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори ја поздравува одлуката на Владата од 1 јули да се дозволи редовна работа и во затворените простории на угостителските објекти, вклучително и организирање прослави и настани.

Според ТУК, одлуката беше донесена на нејзина иницијатива, но во соработка со Министерството за економија кое изминатиот период покажа капацитет за конструктивна соработка во интерес на секторот.

Како што вели претседателот на ТУК, Владимир Граматиков, на ист начин беше донесена и мерката за еднократна финансиска помош за регистрираните претпријатија, при што ТУК во соработка со Министерството за економија дејствуваше за креирање помош која во време на криза им е неопходна на претпријатијата.

– Во изминатиот период се постигна значајно подобрување на епидемиолошката состојба во земјата, што сметаме дека дозволи да се отстранат рестриктивните мерки кои постоеја повеќе од една година со цел да се спречи ширење на КОВИД-19. Угостителските објекти ги усвоија новите протоколи за работа и се подготвени за пружање на своите услуги во безбедни услови со што ќе се повторно постигне воспоставување на деловната активност која порано постоеше со цел нормализирање на социјалната интеракција во општеството, истакнува Граматиков.

Според него, Туристичко-угостителската комора ќе продолжи да биде активен учесник и партнер на надлежните институции во справување во сите предизвици, како и во креирање на мерки, активности и политики кои ќе креираат подобро деловно окружување за туристичко-угостителскиот сектор.

– Тесната соработка на институциите и коморите се покажа како еден од главните фактори за креирање на одржливи решенија на проблемите. Туристичко-угостителскиот сектор беше еден од најпогодените сектори од здравствено-економската криза, а за надминување на последиците со кои се соочува ќе треба подолг временски период и поголема ангажираност од надлежните институции. Ова е сектор кој има голем потенцијал за развој, што треба да се стави во функција за постигнување на побрз раст во постпандемискиот период, додава Граматиков. 

Влада одлука туристичка угостителска комора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.