Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Охрид и Отешево домаќини на највисоките претставници од САД, Европа и регионот

0
By Ivana on June 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 30, 2021 12:22

Течат последните подготовки за најголемата меѓународна конференција која се организира во земјава „Преспа форум дијалог“. На 1-ви и 2-ри јули во Охрид и Отешево ќе се сретнат лидерите на државите од регионот со највисоките претставници од Европа и САД. Низ големиот број на панел дискусии, панелистите ќе се осврнат на носечката тема на конференцијата „Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна“, соопшто владината прес-скужба.

Во основата на Преспа форум дијалог се наоѓаат три столба: Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателството со Бугарија и Договорот од Преспа. Овие договори создаваат една нова, алтернативна слика не само за нас, туку и за регионот. На овие договори почива современиот политички и општествен наратив на земјава, кој, пак преставува одличен автентичен модел за успешна имплементација на современите вредности како што е соживотот, еднаквоста, слободата, солидарноста, инклузивноста, демократијата  овде на Балканот.

Како тема за првата Конференција, всушност избравме прашање на обработка, кое во текот на целата година беше фокус на нашата надворешна политика, а тоа е надградбата на нашата пристапување кон ЕУ, следејќи го трендот што не само кај нас, во регионот, туку и во ЕУ се наметна како стратешко прашање, а тоа е стратешкиот интерес на ЕУ да го интегрира Западниот Балкан, како дел што недостасува, за да се заокружи проектот за обединета Европа. Не само создавањето на платформата, туку и темата на Конференцијата покажа една сериозност кај нашите меѓународни партнери дека не сме неми набљудувачи на процесот туку активно придонесуваме кон реализација на проектот, давајќи сопствен придонес, следејќи ги трендовите.

Не е изоставен ниту делот на трансатлантските врски, кој ќе биде тема на дискусија и обработка на Панелот на високо ниво, каде ќе се разговара за враќањето на синергијата меѓу ЕУ и САД во однос на Западниот Балкан. Впрочем, конференцијата, низ различни предвидени содржини и панели ќе го обработува Западниот Балкан, дали е тоа гледано низ призмата на помирувањето и градењето на доверба меѓу нашите народи, дали е низ призмата на трансатлантските релации, преку економската соработка, конекциите со цивилното општество и медиумите, родовиот сензибилитет за овие важни процеси, па дури имаме и посебен Панел, што ќе биде првиот кој ќе се пренесува на платформата на ЕУ за Конференцијата за иднината на ЕУ, што впрочем е премиера на регионот во оваа дебата и тоа во соработка со Службата за надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Доаѓаат двајца претседатели на држави, на Словенија и Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и Борут Пахор, Северна Македонија ќе биде домаќин на четири премиери од регионот, Еди Рама, Зоран Тегелтија, Ана Брнабиќ и Албин Курти, како и  осум министри за надворешни работи од Албанија, Австрија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Романија, Полска, Грција, Чешка и Италија. Помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот на САД, Филип Рикер и заменик помошник Секретар во Бирото за Европски и Евроазиски работи во Стејт департментот на САД, Метју Палмер, ќе бидат дел од Конференцијата, додека пак од ЕУ, ќе присуствуваат комесарот Јоханес Хан, специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, Анџелина Ајнхорст од Службата за надворешна и безбедносна политика, како и неколку пратеници од Европскиот парламент. Од Франција како гости и учесници ќе бидат специјалниот пратеник на министерот, Жан-Ив Ле Дриан, сенаторот Алан Ришар, како и пратеникот Жак Мер.

Присутен ќе биде и поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, како и значајни претставници од така наречената „Охридска група“. На највисоко можно ниво ќе бидат претставени ОБСЕ и Советот на Европа, а тука се и генералниот секретар Марија Пејчиновиќ Буриќ, генералната секретарка на РСС, Мајлинда Брегу, генералниот секретар на РИКО, Алберт Хани и на Комитетот за демократии, Томас Гарет.

Конференцијата, во живо ќе се пренесува преку ју тјуб каналите на Преспа Форумот, преку социјалните медиуми, но ќе ја покриваат и над 100 домашни и странски акредитирани новинари. Конференцијата ќе се спроведува согласно сите здравствени протоколи во врска со ковид мерките, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Конференцијата е под покровителство на Владата на Република Северна Македонија, а во организација на Министерството за надворешни работи.

ЕУ Охрид Преспа САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.