Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Република Северна Македонија и Република Албанија, Зоран Заев и Еди Рама разговараа денес преку видео врска на конференцијата „Mал Шенген“ за понатамошните чекори во регионалната соработка, како процес од витално значење за напредокот на Западен Балкан и европскиот пат како целина. Соговорниците се согласија дека на земјите од Западен Балкан им е потребно членство во Европската Унија, но и дека на ЕУ исто толку и е потребен Западен Балкан, бидејќи регионот е опкружен со границите на ЕУ, а земјите кои се стремат кон членство имаат заеднички европски вредности. Вучиќ, Заев и…
Министерството за здравство информира дека во Националниот систем Мој Термин е воведена можноста за издавање на сертификат за прележан Ковид 19. Сертификатот се издава за сите лица кои во последните 9 месеци биле позитивни на Sars-Cov-2 и се регистрирани како позитивни случаи во Националниот систем. Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата вакцинација.мк Сертификатот е на македонски и англиски јазик, содржи податоци за лицето (име и презиме, ЕМБГ, ЕЗБО, датум на раѓање, пол) тип на тест, дата на тестирање, дата на позитивен резултат, Здравствена установа (лабораторија) каде е направено тестирањето, како и QR-код. Сертификатот…
Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Северна Македонија ја одби како неоснована жалбата на Лидија Неделкова и го потврди решението од 1 март годинава за нејзино разрешување од вршење на судиска функција. – Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Северна Македонија на денешната седница расправаше по повод жалбата на Лидија Неделкова, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.10-10/20 од 01.03.2021 година, за нејзино разрешување од вршење на судиска функција. На истата седница, Советот за одлучување по жалби донесе одлука со…
Прва доза вакцина против Ковид-19 вчера примиле 10.940 граѓани, а вкупно се вакцинирале 13.628 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 310.384 граѓани, вкупно се аплицирани 529.445 дози вакцини, а ревакцинирани се 219.061 граѓани. Според Министерството за здравство, со последните бројки 52 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 49 отсто од граѓаните над 65 години се вакцинирани со барем една доза вакцина и 42 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. -Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот…
Претседателите на парламентите од земјите на Западен Балкан заедно со претседателот на Европскиот Парламент и претседателите на португалскиот и словенечкиот парламент, кои го претставуваат сегашното и претстојното претседателство со Советот на Европската унија, вчера во рамките на Вториот самит „Европскиот Парламент – Западен Балкан“ потпишаа заедничка декларација во која го повикуваат Советот на ЕУ да ги исполни своите ветувања и итно да преземе одлучни активности за забрзување на процесот на проширување. – Нагласуваме дека Европска перспектива и процесот на пристапување во ЕУ заснован на заслуги на Западен Балкан остануваат на сопствениот политички, надзорен и економски интерес на ЕУ, потсетуваме дека…
Сигурен 100% ефикасен третман се уште немаме, но имаме некои јасни ставови за тоа дека вакцинацијата е најдобриот пристап во справување со епидемијата“ – рече проф. д-р Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија и хумана генетика, на трибината „Вакцинација и предизвици со Ковид-19. – Вакцини имаме на располагање, сите вакцини коишто се одобрени од СЗО и другите авторитети во огромен процент што некогаш се движи до 100%, штитат од тежок тек на болеста и тие се основните податоци што мора да ги имаме на ум кога размислуваме за тоа дали да се вакцинираме или да не се вакцинираме – кажа…
Виз Ер Скопски Маратон 2021 ќе се одржи на 2 и 3 октомври, а почнувајќи од денеска од 10 часот официјално започнува пријавувањето на учесниците, кое ќе биде отворено до 15 септември 2021 година, односно до пополнување на предвидениот број на учесници. Сабота, 2 октомври, оваа година ќе биде резервирана за трката на пет километри, со старт од 17 часот, а во недела, на 3 октомври, од 8 часот наутро ќе се трчаат маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт. Од организацијата информираат дека сите тркачи кои поради пандемијата, своите пријави за маратон и полумаратон од 2020 година…
Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Зоран Заев, денеска преку интернет ќе разговараат за подобрување на односите во рамките на регионалната иницијатива „Мал Шенген“. Вучиќ претходно изјави дека очекува на тој состанок да бидат донесени конечни одлуки за заедничко дејствување против природните катастрофи и за побрз проток на добра, луѓе и капитал. – За нас е од големо значење системот на работни дозволи, каде што оној што ќе добие работна дозвола на територијата на една од трите земји ќе има работна дозвола во сите три земји. Ова ќе обезбеди поголема работна…
Државниот секретар за европски прашања на Португалија Ана Паула Закаријаш, изрази надеж дека парламентарните избори во Бугарија на 11 јули ќе донесат решение за бугарското вето за отворање на разговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Таа очекува Словенија, како земја од регионот, која го презема ротирачкото претседателство со ЕУ од 1 јули, да помогне да се најде решение за проблемот. Закаријаш во изјава за Бугарското национално радио, вели и дека треба да се почитува бугарската позиција и да не се воведуваат несогласувања во ЕУ, јави дописникот на МИА од Софија -Ова е многу тешка дебата, особено за Бугарија,…
Заврши последната ротација на припадници на Армијата на Република Северна Македонија во Авганистан. Нашите мировници се вратија дома, а со тоа заврши и скоро две декади долгото учество на Армијата во мисиите на НАТО – „ИСАФ’’ и „Одлучна поддршка’ во Авганистан, соопшти Министерството за одбрана. Во периодот од 2002 до 2015 година, околу 3.000 припадници на Армијата беа дел од силите ИСАФ во Авганистан, на различни позиции и со различни задачи. Македонските војници, подофицери и офицери работеа како штабни офицери, припадници на единици на обезбедување на главната команда, инструктори во тимови за менторирање, а беа дел и од медицински и…
На денешната Трибина на тема „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“ на која учествуваа министерот за здравство д-р Венко Филипче, претседателката на Националниот комитетот за имунизација проф. д-р Александра Грозданова, проф. д-р Драган Даниловски епидемиолог и проф. д-р Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија и хумана генетика, се дискусутираше за сите аспекти на вирусот Ковид-19 и за процесот на имунизација. Главната цел на оваа трибина, како што кажа министерот Филипче е да се зголеми свеста на граѓаните во врска со вакцинацијата. Разговорот течеше за сите теми поврзани со епидемиолошката состојба, делта вирусот (индиски сој), очекувањата, припремата и капацитетите, планот за имунизација…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Н.Е Клеменс Која. Спасовски се заблагодари за работниот состанок и за континуираната поддршка што Организацијата за безбедност и соработка на Европа ја обезбедува за Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, потврдувајќи ги пријателските односи и партнерската соработка. Двајцата соговорници, меѓу другото, разговараа и за тековните активности кои се спроведуваат во Министерството за внатрешни работи, согласно Планот на активности на Мисијата на ОБСЕ за 2021 година, фокусирани на посебните области на работење на Мисијата, и тоа: транснационални закани, натамошна професионализација и демократско…