Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На земјите од Западен Балкан им е потребна ЕУ колку што и се тие потребни на ЕУ

0
By Ivana on June 29, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 29, 2021 12:18

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Република Северна Македонија и Република Албанија, Зоран Заев и Еди Рама разговараа денес преку видео врска на конференцијата „Mал Шенген“ за понатамошните чекори во регионалната соработка, како процес од витално значење за напредокот на Западен Балкан и европскиот пат како целина.

Соговорниците се согласија дека на земјите од Западен Балкан им е потребно членство во Европската Унија, но и дека на ЕУ исто толку и е потребен Западен Балкан, бидејќи регионот е опкружен со границите на ЕУ, а земјите кои се стремат кон членство имаат заеднички европски вредности.

Вучиќ, Заев и Рама „изразија желба четирите европски слободи – движењето на луѓето, стоки, услуги и капитал, да започнат да се спроведуваат што е можно побрзо низ целиот регион, и во овој контекст ќе дадат целосна поддршка за регионалниот заеднички пазар на Самитот на Берлинскиот процес, на 5 јули.

-Свесни сме дека само со заедничка соработка и прифаќање на регионалната соработка во рамките на разни регионални иницијативи како што се заедничкиот пазар, регионалниот Шенген, зелените коридори или Берлинскиот процес, можеме да ги приближиме нашите економии, да ја зголемиме благосостојбата на нашиот народ и да донесеме големи инвестиции, кои би биле можни за секој од нас поединечно, е еден од заедничките заклучоци на оваа видео конференција.

Соговорниците се согласија да се сретнат во Скопје на 29 јули за да го разгледаат напредокот во спроведувањето на постојните иницијативи и проекти и да потпишат дополнителни договори меѓу трите земји во врска со спроведувањето на обврските од Берлинскиот процес, како и соработка и помош во случај на природни катастрофи олеснување за трговијата, извозот и увозот.

-Ги повикуваме и охрабруваме нашите колеги од регионот да потпишат и спроведат слични договори, така што визијата за заеднички политички и економски простор низ Западен Балкан наскоро, преку единствениот пазар, ќе стане важен дел од секојдневието на нашите граѓани, порачаа српскиот претседател и премиерите на Северна Македонија и Албанија.

Соговорниците истакнаа дека и покрај одложувањата во процесот на проширување, тие ќе продолжат да се обидуваат да препознаваат нови начини, области на политики и финансиски инструменти, со цел сите три земји да го зголемат својот придонес кон Европа, да ги зајакнат врските со Европската Унија и постепено регионот да се интегрира во единствениот европски пазар.

Говорејќи за Зелената агенда, соговорниците упатија заеднички повик до Европската Унија и САД да им се придружат на земјите од целиот регион за поддршка на развојот на проекти во кои би можело да се инвестира што е можно поскоро, за подобрување на заштитата на животната средина и зголемување на широка употреба на обновливи извори, како дел од спроведувањето на Економскиот и инвестициски план на ЕУ и Зелената агенда за Западен Балкан.

-Нашите земји имаат огромен потенцијал за одржлив раст и развој на овој сектор. Ќе побараме практична поддршка за да откриеме кои проекти можат да го подобрат нашиот регион во однос на обновливите извори на енергија за нашите граѓани и за зелената енергетска иднина на ЕУ, истакнаа соговорниците за време на видео конференцијата „мал Шенген“ и заклучија дека само регионалното поврзување, со поддршка на Европската Унија, може да придонесе за целокупната стабилност и напредок на целиот регион и Европа

Вучиќ ЕУ Заев Западен Балкан Рама
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.