Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парламентите од Западен Балкан: ЕУ да го забрза процесот на проширување

0
By Ivana on June 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 29, 2021 10:48

Претседателите на парламентите од земјите на Западен Балкан заедно со претседателот на Европскиот Парламент и претседателите на португалскиот и словенечкиот парламент, кои го претставуваат сегашното и претстојното претседателство со Советот на Европската унија, вчера во рамките на Вториот самит „Европскиот Парламент – Западен Балкан“ потпишаа заедничка декларација во која го повикуваат Советот на ЕУ да ги исполни своите ветувања и итно да преземе одлучни активности за забрзување на процесот на проширување.

– Нагласуваме дека Европска перспектива и процесот на пристапување во ЕУ заснован на заслуги на Западен Балкан остануваат на сопствениот политички, надзорен и економски интерес на ЕУ, потсетуваме дека проширувањето останува повеќе од кога било геостратешка инвестиција во стабилна, силна и обединета Европа, се потенцира во декларацијата.

Претседателите на парламентите ја потврдуваат централната улога на парламентите во процесот на проширување, како и посветеноста на заедничката соработка за понатамошно зајакнување на парламентарната димензија, вклучително и во поглед на Самитот ЕУ-Западен Балкан во 2021 година.

-Нагласуваме дека парламентите треба дополнително да ја унапредат својата улога како инклузивни простори за дијалог и размена на ставови, поттикнувајќи меѓусебно разбирање и помирување на Западен Балкан, со што директно придонесуваат за мирот, стабилноста, напредокот и посилната демократија во регионот, се наведува во заедничката декларација.

Парламентите се обврзуваат на унапредување на култура на меѓупартиски дијалог и консензус во клучните реформски области, вклучувајќи владеење на правото, фундаментални права и зајакнување на демократските институции со цел да напредуваме на нашиот европски пат, се нагласува дека независноста на судството, плурализамот, слободата на медиуми, родовата еднаквост и инклузивниот пристап кон граѓанското општество се суштинските европски вредности кои што треба постојано да се поддржуваат и ја истакнуваме важноста на борбата против дезинформации и лажни вести кои го загрозуваат мирот и заемното разбирање во и меѓу општествата.

-Ја обновуваме нашата заложба за зајакнување на парламентарната демократија работејќи заедно преку меѓупарламентарни дијалог и користејќи ја поддршката на Европскиот Парламент во областа на медијација и дијалог, градење на парламентарни капацитети, набљудување на изборите и активности за човекови права, стои во документот.

Во декларацијата се изразува благодарност за делата на солидарност и соработката помеѓу Европската Унија и Западен Балкан во борбата против пандемијата КОВИД-19 и нејзините последици, а се поздравува и, како што се наведува, досега невидената финансиска поддршка од ЕУ во корист на Западен Балкан, што ги потврдува напорите на Унијата да придонесе за одржлив развој и долгорочно социо-економско закрепнување на регионот.

Во декларацијата се нагласува важноста на функционалната пазарна економија и заедничкиот регионален пазар како камен – темелник на социо-економската отпорност и Европската интеграција на целиот Западен Балкан, се искажува посветеност за олеснување на спроведувањето на Економскиот инвестиционен план за Западен Балкан на ЕК, како и иницијативите одобрени во Софија, во ноември 2020 година – основата за Заедничкиот регионален пазар, Зелената агенда за Западен Балкан и зајакнувањето на дигитализацијата, младинската соработка – со цел да се обезбеди одржлив економски развој и да се постигнат европските стандарди.

-Ги препознаваме предизвиците кои ги предизвика пандемијата со КОВИД-19 во секојдневното функционирање на Парламентите и ја поздравуваме еластичноста и капацитетот за прилагодување на нашите институции. Подвлекуваме дека најважно е што нашите Парламенти ја сочуваа својата улога во време на пандемија и во времето по пандемијата преку целосно извршување на нивната улога во законодавството, истрага и надзор, се посочува во декларацијата.

Се нагласува важноста од вклучување на претставници на Парламентите, граѓанското општество и граѓаните на Шестката од Западен Балкан на Конференцијата за иднината на Европа.

Парламентите со Декларацијата се обврзуваат да се вклучат и заедно да работат во насока на унапредување на законодавството и градење на капацитетите на релевантните комисии за следење на заштитата на животната средина, усогласување на законодавството со ублажувањето и прилагодувањето за климатски промени во согласност со Парискиот договор и Европскиот зелен договор, еднакво да се посветат на зголемувањето на еластичноста на регионот на Западен Балкан во однос на климатските промени со намалување на штетните практики, спречување на загадувањето и деградација на реките и морињата и спроведувањето на строгите политики за заштита на биодиверзитетот. ев/са/

 

"Партизански одреди" Западен Балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.