Author: Ivana

За наредната учебна година подготвени се три сценарија, кажа денеска министерката за образование Мила Царовска, изјави Министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска на отворањето на спортска сала во Волково. „Во моментов епидемиолошката состојба е добра, и очекуваме да биде таква и во септември. Ние во министерството за образование и наука сакаме да почне учебната година со физичко присуство, но сме подготвени на три сценарија. Првото е целосно отворање на училиштата и настава со физичко присуство. Второто сценари е комбинирано како што беше досега односно најмалите да следат со физичко присуство од прво до четврто одделение, а другите онлајн.…

Read More

Германија ќе се обиде да им забрани влез на британските патници во Европската унија, без разлика дали ја примиле вакцината против Ковид-19, пренесува денеска „Тајмс“. Германската канцеларка Ангела Меркел сака да ја прогласи Велика Британија за „загрижувачка земја“ затоа што делта варијантатата на вирусот е премногу распространета во оваа земја, пренесува весникот. Весникот додава дека за ваквите планови ќе расправаат високи европски и национални претставници од Комитетот на ЕУ за интегриран политички одговор на кризата, но Грција, Шпанија, Кипар, Малта и Португалија се очекува да се спротивстават. Предвидено е канцеларката Меркел неделава да се сретне со британскиот премиер Борис Џонсон…

Read More

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се надева дека опозициските и сите останати пратеници во најбрзо време ќе ги донесат потребните законски измени за воведување на зелена еколошка такса. – Дали тоа ќе биде за 15 дена или за еден месец, можеби е работа на денови, но мислам дека ќе бидат донесени и не верувам дека ќе се случи спротивното. Денеска видовме одличен систем кој дава слика колкав е диспаритетот во нашата земја меѓу регионите. Како земја, да имавме претходно доблест и разум, денеска немаше да зборуваме за 0,25 отсто инвестирање во регионите од БДП, туку ќе зборувавме за над еден…

Read More

Викендов се одржа третото издание на Фестивалот “Меет Преспа”. Оваа година Фестивалот на традиционалните преспански специјалитети беше организиран во село Љубојно каде дваесетина домаќинства од регионот ги презентираа своите домашни специјалитети. Многу задоволни посетители имаа можност да ги вкусат традиционалните јадења од вештите раце на локалната жена. А вечерта, на плажата Дупени, во близина на тромеѓето на нашата земја со соседни Грција и Албанија, се споија ДЈ-и од трите држави настапувајќи пред младата публика. Фестивалот беше посетен од преку 1.000 посетители. Организаторите на овој настан, НВО Преспа Град и Општина Ресен велат дека се пријатно изненадени од интересот за посета…

Read More

На плажа во албанската приморска област Дримаде, кај Дерми, синоќа изгореле 60 лежалки, а полицијата се сомнева дека пожарот бил подметнат, објавија денеска албанските медиуми. Инцидентот се случил еден час по полноќ и бил формиран истражен тим, пренесува порталот „Балкан веб“. Според порталот „AБЦ Албанија“, постои сомневање дека станува збор за конфликт меѓу сопствениците на барови на плажа околу користењето на плажите во оваа област. Вчера ваква расправија заврши со четирикратно убиство и со двајца повредени, откако две семејства имале нерасчистени односи околу управувањето со плажа кај Велипоја. Настанот, според албанските медиуми, негативно влијае врз угледот на Албанија, токму на…

Read More

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе присуствува на годишниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската група – В4 и земјите од Западен Балкан – ЗБ6, што се организира во рамки на Полското претседавање со Вишеградската група. Состанокот ќе се одржи во Познан, а на него се очекува да се отвори дискусија за последните случувања поврзани со процесот на проширување на ЕУ по состаноците на советите на ЕУ. Ќе се разговара и за регионалната соработка и пост-пандемиското економско заздравување на регионот. На состанокот најавено е присуство и на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и на…

Read More

Повеќе од 10 милиони жители на Австралија се опфатени со некакви рестрикции за спречување на ширењето на ковид-19 поради појавата на делта-сојот. Откако во повеќе делови од земјата беа воведени некакви рестрикции, денеска итен состанок поради зголемениот број на инфекции треба да одржи и Совет за национална безбедност. Австралиската држава Квинсленд од денеска повторно воведе задолжително носење маски и ги ограничени собирите во домовите. И Западна Австралија претходно го врати на сила носењето маски во затворени простории. Главните градови на Нов Јужен Велс (Сиднеј) и на Северната Територија (Дарвин), пак, за време на викендот воведоа нов карантин. Сиднеј кој е најнаселен град во Австралија…

Read More

Во пресрет на утрешната Парада на гордоста, Премиерот Зоран Заев преку својот фејсбук профил и даде поддршка на ЛГБТИ заедницата. ЛГБТИ заедницата ја има владината и мојата поддршка за каузата која значи еднаквост и која последните четири години слободно се манифестира во нашето едно и еднакво општество, а на јавните простори во Скопје и со организацијата на #SkopjePride.Го делам ставот дека никој не е слободен додека секој еден не се ослободи затоа што нашата заложба за „Едно општество за сите“ ќе се реализира целосно кога секој глас ќе биде слушнат и најважно од сѐ – прифатен како еднакво важен со…

Read More

Попладнево пристигнаа 100.620 дози вакцини Фајзер, купени преку КОВАКС механизмот, информира на својот фејсбук профил Министерот за здравство, Венко Филипче. – Попладнево пристигнаа 100.620 дози вакцини Фајзер, што ги купивме преку КОВАКС механизмот. Во текот на следните денови вакцинацијата ќе добие ново, забрзано темпо со што ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани. Доколку се уште не сте се пријавиле преку веб страницата, апелирам да го направите тоа што поскоро, како би добиле термин во најбрз временски рок, напиша Филипче. http://fb.watch/6lVKSz1mLP/

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска во Куманово изјави дека актуелниот градоначалник Максим Димитриевски е кандидат за уште еден мандат, меѓутоа посочи дека конечна одлука се уште не е донесена. – Со Максим сме другари и социјалдемократи и секогаш ги утврдуваме најдобрите. Максим е еден од главните кандидати, но имаме и други кандидати. СДСМ секогаш ќе го понуди најдоброто, како во Куманово така и во сите општини ширум државата – рече Заев.

Read More

На средбата во Софија не преземавме никакви обврски во врска со наводите што попладнево ги објави бугарското МНР, изјави Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата на канал 5 телевизија, „ Само вистина “. Тој потенцира дека во Софија бил направен дијалог , биле ставени идеи за натамошни разговори на ниво на размена на идеи, а не биле преземени никакви обврски. Инаку попладнево бугарското МНР излезе со соопштение во кое се наведени пет точки за наводен договор постигнат на средбата на 17 јуни. Според МНР на Бугарија македонската страна изразила подготвеност во најкратки рокови Скопје да потврди пред ОН…

Read More

Од различни причини Македонија не добива датум за преговори од 2018 година до денес. Сум ги споделувал во јавноста дали е тоа договорот да се влезе во иста група со Албанија, дали неспроведување на реформи, дали е тоа случајот Рекет, дали е тоа француската методологија, дали е бугарското вето, но тоа се фактите. За жал со оваа влада на Заев Македонија нема да има датум за преговори, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски „Трилинг“ на 24 ТВ. Николоски потенцира дека Македонија со Заев не може да добие датум поради тоа што едно се кажува во јавност, а друго се ветува,…

Read More