Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николоски: Македонија со Заев нема да добие датум

0
By Ivana on June 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 25, 2021 19:11

Од различни причини Македонија не добива датум за преговори од 2018 година до денес. Сум ги споделувал во јавноста дали е тоа договорот да се влезе во иста група со Албанија, дали неспроведување на реформи, дали е тоа случајот Рекет, дали е тоа француската методологија, дали е бугарското вето, но тоа се фактите. За жал со оваа влада на Заев Македонија нема да има датум за преговори, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски „Трилинг“ на 24 ТВ.

Николоски потенцира дека Македонија со Заев не може да добие датум поради тоа што едно се кажува во јавност, а друго се ветува, едно се зборува на состаноци кога очекувањата се кренале на бугарска страна и сега не може да се реализираат, но и поради резерви на други земји членки заради недоволна борба со криминал и корупција

– Заев и Димитров како архитекти на двата договори вела дека сите проблеми со соседите се решени, гледаме дека проблемите со соседите продлабочени заради тие два договори. Основната грешка во двата договори е што нема никакви гаранции во однос на спроведувањето особено за посилните страни, а тоа се Бугарија и Грција затоа што двете се во ЕУ. Човек треба да биде политички аматер или да има други намери да потпише договор во кој ќе нема заштитни и гарантни клаузули. Времената спогодба од 1995 имаше такви, но во овие два договори нема. Затоа нема никаква обврска за Бугарија да не спречува членство на Македонија во ЕУ. Во Договорот стои дека Бугарија ќе ја поддржи Македонија за членство во НАТО, и ќе ги сподели своите искуства во процесот за пристапување во ЕУ. Тоа не е обврзувачка форма и затоа е ова сега, истакна Николоски.

Според Николоски не е само Бугарија која го кочи процесот на преговори, има и други земји кои мислат дека Македонија и Албанија не се спремни пред се во борба против организиран криминал и корупција, реформи на јавна администрација и начинот на спроведување на реформи во безбедносните служби.

– Бидејќи десетици одлуки се носат со консензус, има важни одлуки и за Бугарија, ако Македонија ги исполни своите обврски, земјите членки на ЕУ ќе има како да ја условат Бугарија да не ја блокира Македонија, рече Николоски.

Александар Николоски датум ЕУ Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.