Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, се сретна со Aн Линде, министерката за надворешни работи на Шведска и актуелен претседавач со ОБСЕ. На состанокот е пренесена јасна поддршка од Шведска за европските аспирации на нашата држава, бидејќи како што е констатирано државава успешно ги сработи реформите што беа нотирани како обврска од европската агенда. Премиерот Заев се заблагодари на министерката и претседавач со ОБСЕ Линде за големото принципиелно пријателство од Шведска и континуираната поддршка што ја добива Северна Македонија во демократскиот развој на нашата држава. „Комплетно…
Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Република Северна Македонија на денешниот редовен состанок на Советот за општи работи во Луксембург, притоа останувајќи отворена за конструктивен дијалог со претстојното словенечко претседателство со Советот на ЕУ за изнаоѓање заемно прифатливи решенија. Бугарија беше претставена на состанокот на Советот од заменик министерот за надворешни работи на земјата Румен Александров. За време на разговорите се разговараше за моменталната состојба во процесот на проширување на ЕУ, објави бугарското Министерство за надворешни работи. Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот заменик министер Александров изјави дека Бугарија продолжува со консултациите со Северна…
Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 13 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се по 3 случаи на Ковид-19 во Скопје и Тетово, по 2 во Охрид и Кичево и по 1 случај е регистриран во Куманово, Прилеп и Струмица. Регистриран е 31 оздравен пациент, односно, од Скопје – 14, Кичево – 4, Прилеп – 3, Куманово, Битола и Кочани – по 2 и по 1 од Тетово, Гостивар, Крива Паланка и Кратово. Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа не се регистрирани починати лица од Ковид-19. „Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани…
Министерката за образование и наука Мила Царовска во разговор за „360 степени“, вели дека истражни органи ќе треба да утврдат на кој начин од 2014 наваму се правеле набавките на учебниците со кои се давало екслузивитет на одредени издавачи. „Оваа година многу транспарентно се обидовме да ги собереме сите потребни податоци на кој начин од 2014 до денес се откупувале учебниците и каков квалитет на учебници имаме. Ова го направивме во насока на транспарентно добивање информации потребни за МОН и за граѓаните, а компаниите кои се јавија на јавна набавка се најдоа затечени. Не сакаа да ги дадат податоците коишто…
Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 1732 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19, од кои 157 единици се собрани преку аферезна процедура а останантите единици конвалесцентна плазма се обезбедени преку стандардно дарување. Со крвна плазма досега се третирани 1431 пациенти. Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на тие кои во моментот се борат со коронавирусот. Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19. Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран…
Премиерот Зоран Заев по завршувањето на последниот натпревар на македонската репрезентација упати честитки до сите македонски репрезентативци за радоста и гордоста што ни ја приредија. . Милиони срца на секој натпревар биеја во ист ритам за македонската фудбалска репрезентација. Благодарност до сите наши навивачи, покажавме што значат гордост и европски манири среде Европа. Европа знае, Европа виде – Македонија е тука, гласна, силна, на терен и на трибини. Еден тим, една држава, едно општество, напиша Заев. Тој се заблагодари на УЕФА за одличната организација и за професионалниот однос кон нашата репрезентација. Се вложивме сите во спортот, навивавме заедно, се исправивме…
Игор Ангеловски индиректно најави дека дуелот со Холандија му беше последен како селектор на македонската фудбалска репрезентација. – Кога ќе се намалат емоциите ќе дадеме генерална оценка. Можам само да кажам дека беше задоволство да се води Македонија на Европско првенство и заедно со навивачите да се претатавиме на континенот. Не треба да бидеме разочарани, ние го пробибавме „мразот“. Тој искажа голена благодарност до неговиот стручен штаб и медицинскиот персонал, до фудбалерите, предводени од Горан Пандев. – Овој меч не беше голем само за Панев, туку за цела Македонија, испраќавме великан кој не задолжи сите со својата голема кариера и…
Македонскиот национален тим со пораз се збогуваше од ЕУРО 2020. Холанѓаните со одлична игра во вториот дел, дојдоа до победата над Македонија, која во првиот дел одигра храбро. Му беше поништен гол на Тричковски, а потоа и Трајковски ја погоди стативата. Холандија поведе со еден сомнителен гол, откако не беше досуден прекршок над Пандев, па од противнапад Депај погоди во мрежата на Димитриевски. Во вториот дел Холандија излезе далеку помотивирана, па така Вијналдум во 51. и во 58. минута дојде до брзи два гола, и до 3:0. Вергорст ја погоди и пречката за поубедлив триумф на Холандија, а повторно беше…
Министерот за здравство, Венко Филипчепоследниот меч на македонската репрезентација го следи во холандската резиденција. Одлична игра на нашите момци, за жал резултат кој не го посакуваме, но нема откажување! На покана на амбасадорот на Холандија, Н.Е Јан Коп, мечот го следиме во холандската резиденција во одлична атмосфера, напиша на својот фејсбук профил Министерот за здравство, Венко Филипче. Македонија игра одлично против Холандија, но домаќините водат благодарение на поглемата среќа и можеби една лоша судиска одлука. Македонските фудбалери против најсилниот противник го играат својот најдобар натпревар. Постигнавме гол во 10. минута преку Тричковски, за жал само неколку сантиметри беше во офсајд,…
Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека од 23 до 27 овој месец нема да се примаат барања и нема да се издаваат лични документи – личн карта, пасош, возачка дозвола. Како причина од МВР наведуваат „миграција во нов систем“. Поради ова, од МВР известуваат дека сите кои имаат термини за аплицирање за лични документи во итна постапка за 23, 24 и 25 јуни, да дојдат во просториите каде што имаат закажан термин на 22 јуни во текот на целиот работен ден или на 23 јуни до 12 часот. Оние пак, кои имаат термини за 23, 24 и 25 јуни…
Премиерот Зоран Заев денеска од стадионот во Амстердам дава поддршка на македонската фудбалска репрезентација. – Благодарност до холандскиот премиер Марк Руте за поканата заедно да го следиме натпреварот. Моќна е спортската дипломатија. Премиерот Руте знае дека головите на “гостински” терен се највредни, но без разлика на резултатот од мечот, од денес #МКД и #НЕД се уште поблиски. Им посакувам успешен натпревар на македонските репрезентативци. Напред момци! Играјте храбро, ние сме веќе горди на вас, напиша заев на својот Фејсбук профил. По средбата претпладнево со амбасадорката на Португалија во земјава, Марија Виржиња Пиња, премиерот Зоран Заев отпатува за Амстердам на покана…
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во следните три дена учествува на летната сесија на Парламентарно собрание на Совет на Европа во Стразбург. Тој зборуваше во врска со Извештајот од последните парламентарни избори во Бугарија. Како што истакна, генерално Извештајот е добар, бидејќи ги потенцира недостатоците во изборите, како и злоупотребите и нелегалните активности. – Извештајот исто така потенцира дека изборите се проследени со недоверба на граѓаните во политичките елити, и одржани по уличните протести, на кои се бараше предвремени избори и оставка на главниот јавен обвинител. Извештајот исто така нотира дека протестите се одвиваа помеѓу јули и октомври 2020 година,…