Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николоски: Може да не блокирате, за ЕУ ние сме Македонци и зборуваме македонски

0
By Ivana on June 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 21, 2021 17:20

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во следните три дена учествува на летната сесија на Парламентарно собрание на Совет на Европа во Стразбург. Тој зборуваше во врска со Извештајот од последните парламентарни избори во Бугарија.  Како што истакна, генерално Извештајот е добар, бидејќи ги потенцира недостатоците во изборите, како и злоупотребите и нелегалните активности.

– Извештајот исто така потенцира дека изборите се проследени со недоверба на граѓаните во политичките елити, и одржани по уличните протести, на кои се бараше предвремени избори и оставка на главниот јавен обвинител. Извештајот исто така нотира дека протестите се одвиваа помеѓу јули и октомври 2020 година, и довеле до оставки на пет министри, и дека тие биле обвинети со сомнежи за корупција, недостаток на владеење на правото и ерозија на демократијата.

Според него, извештајот исто така вели дека голем број од претставниците и набљудувачите на Советот во предизборниот период предупредиле на корупцијата и независноста на судството, кое што е нотирано и во индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешенал за 2020 година, кој ја става Бугарија на последно место во ЕУ и 69 во светот.

– Една работа која што е исто така содржана е говорот на омраза и една работа која што ние ја забележуваме е дека откако почнаа протестите во Бугарија, говорот на омраза пораснал и секако втора работа се нападите против мојата држава, против Македонија и Македонците, затоа што Бугарија поради политички причини, и поради изборни причини го блокира отворањето на пристапните преговори и првата интервладина седница со Македонија во изминативе две години, како што кажав пред се од политички причини. И тие продолжуваат да го прават тоа, кршејќи основни човекови права на Македонците, како што е самоопределувањето, нашиот јазик, историја и наследство, и тие се на чекор да го направат тоа повторно утре на седницата Советот за општи работи на ЕУ каде најверојатно тие повторно ќе го блокираат отворањето на пристапните преговори. Јас имам само една работа да им порачам, а тоа е: – Ние знаеме кои сме, ние сме Македонци, ние знаеме кој јазик зборуваме, ние зборуваме македонски јазик, ние си ги знаеме нашето наследство и нашата историја, и независно од тоа каква и одлука да донесат утре, цела Европа знае кои сме и што сме, и тие ќе се соочат со срамот од последиците од одлуката која ја носат, истакна Николоски.

ЕУ николоски Совет Стразбур
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.