Author: Ivana

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 454.104 граѓани.   На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 274.710 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.834 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 7.720 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 473.853 дози вакцини, а ревакцинирани се 199.143 граѓани.    Со последните бројки 50 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  45 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 38 %…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска присуствува на Самитот за Западен Балкан во Виена, на покана на австрискиот канцелар Себастијан Курц. Премиерот Заев во рамки на Самитот, учествуваше на пленарен состанок заедно со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и премиерите на Црна Гора и Косово, Здравко Кривокапиќ и Албин Курти, како и Зоран Тегелтија, претседавач со Советот на министри на Босна и Херцеговина, албанската министерка за инфраструктура и енергија, Белинда Балуку и посебниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан Мирослав Лајчак. Во своето обраќање, на пленарната сесија, изразувајќи благодарност за поканата на канцеларот Курц и…

Read More

Од Владата демантираат дека на вчерашните средби на премиерот Зоран Заев и владината делегација се разговарало за конкретни формулации за одредени прашања, како што објави бугарскиот весник „24 часа“. „За време на вчерашните работни средби обезбедивме унапредување на меѓусебната доверба и дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија. Овој позитивен исчекор ни овозможи да разговараме за можностите за решенија, за што добра основа е португалскиот предлог. Решенијата мора да водат грижа за двете страни, односно да ги адресираат прашањата што се важни и за Република Северна Македонија и за Бугарија. Такви решенија се можни, за да се дојде до нив неопходен е…

Read More

На покана на австриската министерка Каролине Едштадлер, денеска во Виена заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров учествуваше на Самитот за Западен Балкан, на ниво на министри за европски прашања, како надополнување на пленарната сесија на шефовите на влади организирана од австрискиот канцелар Курц. Тематскиот панел беше фокусиран на размена на мислења за процесот на проширување на Европската Унија, при што се дискутираше за предизвиците во пристапниот процес на регионот во светлото на новата методологија за преговори, користењето на фондовите од Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан и стратешката комуникација на ЕУ со регионот. Вицепремиерот Димитров…

Read More

Километарски колони на граничниот премин „Табановце“ регистрираат надзорните камери на Јавното претпријатие за државни патишта. Стотици возила чекаат за влез во соседна Србија, а најголем дел од нив се упатуваат кон вакциналните пунктови во Врање, Ниш и Белград. – Граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден во периодот од 00 часот до 24 часот излез остварија 6 956 патници, а од полноќ до 11 часот денеска, излез остварија 3.994 патници, изјави портпаролот на МВР, Сузана Праниќ Талевска. Српските здравствени власти најавија дека викендов се подготвени за вакцинација на илјадници странски државјани, најмногу од БиХ и Северна Македонија, кои кон…

Read More

Упатувам искрена благодарност до канцеларот на Австрија, Себастијан Курц кој денес во Виена повторно демонстрира вистинска одговорност и лидерство и кон Западен Балкан и кон Европа, напиша на својот фејбук профил премиерот Зоран Заев – Сѐдодека постојат вакви лидерства посветени на интеграциите, европската идеја нема да може да биде сериозно загрозена, а европската перспектива секогаш ќе биде победник над евроскептицизмот, додаде Заев. – Денешната панел дискусија во Виена уште еднаш покажува дека иднината на Европа е со Западен Балкан, а иднината на Западниот Балкан е со Европа, напиша Заев.

Read More

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение бара Владата да објави каков предлог дал вчера примиерот Зоран Заев во Бугарија. „Јавноста има право да знае каков предлог и каков подарок овој пат Заев нуди на официјална Софија. Нели се преговараше само португалскиот предлог? Зоран Заев со секоја нова изјава продава се повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани. Дали предлогот на Заев содржи работи со кои ги продава и идентитетот и историјата“, наведува ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот вчера придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров во Софија се сретнаа со бугарскиот службен премиер Стефан…

Read More

МВР достави известување до ЗНМ дека е поднесена кривична пријава против А.Е.(36) од с.Теарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ против новинари. Одговорот на МВР во врска со овој случај е за поздравување а следен чекор е итна проактивност од страна на обвинителството а потоа и судот со цел оние кои ги прекршуваат правата на новинарите да бидат соочени со правдата. Потсетуваме дека на 22.03.2021 од страна на Здружението на новинарите на Македонија до СВР Тетово беше поднесено барање за постапување по пријави за закани по безбедност на новинари и медиуми на социјалната…

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи, учесници во Процесот за соработка на Југоисточна Европа, кој се одржува во Анталија, Турција. Министрите заклучија дека двете земји негуваат долго и блиско пријателство, без никакви отворени прашања, а како сојузници во НАТО, се поврзани и со исти вредности по однос на мирот и стабилноста во регионот, преку добрососедски односи и регионална соработка. На средбата, особено внимание беше посветено на исклучително добрата економска соработка меѓу двете земји, при што министрите се обврзаа…

Read More

Министерот за здравство, Венко Филипче беше во посета на домот на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која неодамна спаси три човечки животи. Тој на својот фејсбук профил напиша дека ја запознал малата ќерка Лара која денес пони 1 година. – Среќен роденден Лара. Денеска ја запознав ќерката на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која неодамна спаси три човечки животи. Семејството ме покани во нивниот дом за да го запознаам ова девојче кое денеска полни 1 година. Голема да растеш Лара, здрава, безгрижна, храбра и секогаш насмеана. Благородноста и хуманоста наследи ги од твоето семејството…

Read More

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски е задоволен од настапот на своите фудбалери во второто полувреме, вели дека така треба да играме и против Холандија. Македонија одигра меч со две различни полувремиња против Украина, лошо прво и одлично второ во кое не успеавме да го надополниме пропуштеното, па загубвме и на вториот меч. – Одигравме меч со две различни полувремиња. Во првиот дел целта беше да одиграме попретпазливо, во второто тргнавме да изедначиме. Но примивме еден гол по прекин што е недозволиво, а и сантиметрите во ВАР одлуките беа на страна на Украина. Голот што го постигнаа тие за неколку сантиметри…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче истакнува дека денеска во рамките на Берлинскиот процес учествувал на министерски состанок на кој домаќин бил германскиот министер за здравство Јенс Шпан. Филипче посочува дека на истиот учествувал и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. „Споделивме досегашни искуства во борбата со корона вирусот, а говоревме и за активностите и мерките кои досега беа преземени. На состанокот разговаравме и за престојната есен колку мутациите на вирусот може да придонесат за поголем притисок врз здравствените ситеми, како и за важноста на процесот на вакцинација и дека имунизцијата е клучен фактор во борбата со Ковид 19“, посочи Филипче.

Read More