Министерот за здравство Венко Филипче истакнува дека денеска во рамките на Берлинскиот процес учествувал на министерски состанок на кој домаќин бил германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

Филипче посочува дека на истиот учествувал и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

„Споделивме досегашни искуства во борбата со корона вирусот, а говоревме и за активностите и мерките кои досега беа преземени. На состанокот разговаравме и за престојната есен колку мутациите на вирусот може да придонесат за поголем притисок врз здравствените ситеми, како и за важноста на процесот на вакцинација и дека имунизцијата е клучен фактор во борбата со Ковид 19“, посочи Филипче.