Author: Ivana

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, се сретна со неговиот словенечки колега Анже Логар денеска во Братислава. Логар кажа дека Словенија ќе се посвети на Западен Балкан за време на нивното претседавање со ЕУ во втората половина од годинава. „Имавме квалитетен разговор со мојот колега, мислам дека е завршена добра работа за време на португалското претседателство, и го информирав колегата дека за време на нашето претседавање, Словенија ќе биде фокусирана многу околу Западниот Балкан“, рече Логар. Османи рече дека и сега се работи напорно за јунскиот самит, иако има уште малку, но доколку не се успее, добра работа е што…

Read More

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, во анализа за БГНЕС, напиша дека проблемот за спорот не е во техничката влада на Бугарија, туку проблемот е што Скопје не го почитува Договорот за добрососедство. Ковачев истакна дека заедничката комисија е блокирана и не работи, и дека има многу говор на омраза. „Заедничката комисија е блокирана и не работи. Говорот на омраза се засили. Не е проблем што има привремена влада во Бугарија, како што верува Зоран Заев. Проблемот е во тоа што Скопје не стори ништо за да го спроведе договорот со Бугарија. Напротив, вложува напори да лобира против Бугарија и да се…

Read More

Министерството за внатрешни  работи  ги  известува државјаните на Република Северна Македонија  дека согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/2021 на 03.06.2021 кој стапи на сила на 11.06.2021, а ќе отпочне со примена од  01.07.2021,  важноста на пасошот, дипломатскиот пасош и службениот пасош, чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули 2020 година, се продолжува до 31 декември 2021 година. Имено, измената на Законот за патни исправи е направена со цел да им се излезе во пресрет на…

Read More

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателот на Владата, Никола Димитров и од министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе оствари работна посета на Софија. Целта на посетата, како што информираат од владината прес-служба, е интензивирање на напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција на Македонија. Премиерот и владината делегација ќе остварат работни средби со претседателот на Бугарија Румен Радев, со премиерот на Бугарија Стефан Јанев, како и со претставници на поголемите политички партии во Република Бугарија.

Read More

ВМРО-ДПМНЕ вечерва со настан во Античкиот театар во Охрид ќе го одбележи својот 31-ви роденден. На одбележувањето најавено е обраќање на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски и лидерот на патијата Христијан Мицкоски.

Read More

Министерот Оливер Спасовски објави дека денеска на 4.471 вработени во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2020 година, ќе им биде исплатена бонус платата во поединечен нето износ од 27.182 денари. -За оваа намена од буџетот на МВР издвоивме 121.530.722 денари, односно 135.033.142 денариво вкупен бруто износ со вклучен данок, средства плански обезбедени и најавени уште во декември 2020. Ова е резултат на заложбите на ова раководство на МВР за подигање на социјалниот статус на полициските службеници, покрај севкупното подобрување на професионалните услови за работа, поаѓајќи од фактот дека само задоволна полиција…

Read More

Бесплатно да трнзитираат од денеска ќе можат сите српските државјани кои во Македонија влегуваат преку граничниот премин Табановце со цел да транзитираат кон република Грција. Со „М смарт“ картички кои патниците ги  добиваат од службениците на МВР во кабината на пасошка контрола по проверка на документите и потврдата дека патуваат за Грција. Правилото е едно возило една картичка. Српките државјани велат дека се воодушевени од гестот на нашата земја, за нив Македонија е братска земја. 760 денари кредит има „М смарт“ картичката, средства кој се доволни за поминување на Коридор 10 во двата патни правци. „М смарт“ картичката може да…

Read More

Американската извршна наредба воопшто не треба да ја третираме како западно балкански, дури да не зборувам за наш македонски рецепт. Јас на ниту една претходна средба не сум чула толку голем фокус од страна на првите луѓе на Америка на темите како што се владеење на право, слобода, демократија и борба против корупција. Ова го нагласи  министерката за одбрана Радмила Шекеринска вечерва во 24 Анализа, во врска со извршната наредба на претседателот на САД Џо Бајден и повикот за ставање крај на корупцијата, како едно од неговите барања заради нестабилноста на регионот. Во новата стратегија на проценка на ризиците на…

Read More

Во Струга нема дивоградби, опстојуваше на својот став градоначалникот Рамиз Мерко во вечерашното гостување на Топ Тема. Мерко не отстапува од тврдењето и покрај констатациите во ревизорскиот извештај, на кој што тој не поднел забелешки. -Треба да знаете, а сигурно тоа го има и во ревизорскиот извештај, дека на 3. март 2011 година се донесе Закон за бесправно изградените објекти и дека секој има право да поднесе барање за легализација. Дали ќе го прифати Советот на општината или не, тоа е сосема друга работа. Тие што се одбиени не значи дека треба да се рушат, туку ја немаат доставено целата…

Read More

По состанокот кој се оддржа во Брисел по пауза од половина година, српската страна обвини дека косовските претставници не ги исполнуваат досега потпишаните договори. Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека единственото за што бил заинтересиран косовскиот премиер е кога официјален Белград ќе го признае Косово како независна држава. Претходно, Вучиќ изјави дека владата во Приштина прави шоу од преговорите и дека тие во суштина не се заинтересирани за дијалог. „Има три важни вести. Албанската делегација не сака да ги исполни договорите, тие не сакаат да зборуваат за Унијата на српски општини, тие побараа итно и веднаш да го признаеме независно…

Read More

Владата на Република Северна Македонија на денешната 79-та седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и донесе одлука за целосно укинување од утре на полицискиот час и на ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави, како и дозвола за организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1000 лица. Владата, како што соопшти владината прес-служба, донесе одлука од утре да престане да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на…

Read More

И денеска нема починати од ковид-19, а 28 лица се заразиле со ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Направени се 2.887 тестирања, а новите заболени се во Скопје 9, во Кичево 5, Куманово и Тетово по 4, Прилеп и Охрид по 2 и Штип и Струмица по 1. Регистрирани се 34 оздравени пациенти. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 420.

Read More