Author: Ivana

Македонската фудбалска репрезентација загуби со 3:1 од Австрија на дебито на европскито првенство. Австрија уште еднаш покажа дека е незгоден противник за македонската репрезентација, откако претходно двапати нè победи во квалификациите за ова европско првенство. Следниот натпревар на македонската репрезентација на Европското првенство е повторно во Букурешт, на 17 јуни против Украина, а последниот меч од групата Ц го игра на 21 јуни во Амстердам против Холандија.

Read More

Српскиот ас Новак Ѓоковиќ е освојувач на Ролан Гарос откако во драматично финале го совлада Стефанос Циципас. Драматичен е затоа што Новак губеше со 0:2 по сетови, а потоа успеа да го сврти резултатот во своја корист и да победи. Циципас го доби првиот сет во тај-брејк, вториот лесно со 2:6, но потоа загриза Ѓоковиќ. Следуваа три добри сета 6:3, 6:2 и 6:4 и со тоа го доби и мечот. За Новак ова е 19-та Грен слем титула во кариерата, а втора на Ролан Гарос по онаа во 2016 година.

Read More

Честитки до Горан Пандев и до македонската репрезентацијата за првиот, историски гол на ЕП за Северна Македонија, објави вечерва на Фејсбук премиерот Зоран Заев, додавајќи дека ние сѐ уште се загреваме за Европа, нашата најдобра игра допрва следува! – Го живееме сонот кој го чекавме 30 години, да заиграме на Европското првенство во фудбал, рамо до рамо со најдобрите.Бие срцето силно за црвено-жолтите, за нашата македонска гордост. Со полна душа го следевме секој ваш чекор на теренот, покажавте одлична игра, нѐ направивте горди и среќни, истакнува премиерот Заев во објавата.

Read More

Македонската фудбалска репрезетнација во средината на првото полувреме израмни против Австрија (1-1), а стрелец беше најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев. По една конфузија во одбраната на Австрија и лоша реакција на голманот, топката заврши до Пандев и тој успеа да ја стресе противничката мрежа, за прв историски гол на Македонија. За Горан Пандев ова беше 38 гол во дресот на Македонија, во 120-тиот настап во националниот тим.

Read More

Во дербито на третиот ден од Европското фудбалско првенство, Англија во Лондон ја победи Хрватска со 1:0. Денешниот меч од првото коло од групната фаза одигран на „Вембли“ го одлучи Рахим Стерлинг со голот постигнат во 57. минута. Во оваа група се и Чешка и Шкотска. Нивниот натпревар ќе се одржи на утре (14 јуни во 15 часот). Во следното коло, на 18 јуни Англија игра против Шкотска, а Хрватска против Чешка.

Read More

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски одлучи со кои единаесетмина ќе го почне натпреварот со Австрија. На голот ќе биде Столе Димитриевски. Во одбраната се Висар Муслиу, Дарко Велковски, Стефан Ристовски и Езѓан Алиоски. Средниот ред ќе го сочинуваат Аријан Адеми, Бобан Николов, Енис Барди и Елиф Елмас. „Најистурени“ ќе бидат Горан Пандев и Александар Трајковски. Натпреварот кој за црвено-жолтите“ ќе биде деби на ЕП, ќе почне во 18 часот на „Национална арена Букурешт“.

Read More

Во Брисел денеска се одржува Самитот на НАТО, Северна Македонија ќе ја претставува премиерот Зоран Заев. Лидерите на 30-те земји членки ќе разговараат за иднината на Алијансата и нејзините предизвици, јави дописничката на МИА од Брисел. Целта на генералниот секретар, Јенс Столтенберг, е лидерите да се усогласат за „амбициозна” агенда за 2030-та во однос на безбедноста и одбраната. Тој на лидерите ќе им претстави низа предлози, вклучително и зајакнување на политичката димензија на Алијансата, како и засилување на колективната одбрана и отпорноста на земјите членки во однос на инфраструктурата. Кибер безбедноста, климатските промени, и секако зголемувањето на буџетските стапки на…

Read More

Доаѓаме за да ги поддржиме македонските репрезентативци. Заедно сме посилни, само сплотени можеме да успееме. Напред момци, цела држава навива за вас!, напиша Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил. Тој заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи и Министерот за економија Крешник Бектеши заминаа за Букурешт за да ја поддржат македонската репрезентација. – Со пласманот на #ЕУРО2020 вие веќе ја испишавте најсветлата страница од историјата на македонскиот фудбал, но јас сум убеден дека деновиве ќе испишете и нови успеси. Навиваме за голови, за победа, но пред сѐ навиваме и за овој досегашен македонски успех. Навиваме за ова ваше…

Read More

Пораките се јасни и гласни. Нејасно е дали и како истите ќе бидат прочитани и разбрани од корумираните бизнис и политички структури и зарѓани идеологии кои за жал се уште имаат големо влијание во сите сфери на нашето живеење На западот конечно нешто ново. Минаа четири години со популизмот на Трамп и разводот на ЕУ со Велика Британија што направи огромен кратер во Атлантикот кој нанесе сериозен удар врз имунолошкиот систем на демократските вредности кои со децении почиваа на трансатланските односи. Трамп замина, на негово место е Џо Бајден кој голем дел од својата долга политичка кариера посвети на трансатланските…

Read More

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, по повод учеството на Северна Македонија на Европското фудбалско првенство, испратил писмо до неговиот колега Бујар Османи, во кое бара целосна и доследна имплементација на Договорот од Преспа, но и употреба на кратенката „НМ“ или „РНМ“ наместо „МКД“, брифираат грчки дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина. Според дипломатските извори од Грција, Дендиас во дописот пишува дека иако во Договорот, како што е предвидено во член 1, параграф 3, точка е, кодот за името Северна Македонија во Меѓународната организација на стандардизација (ИСО), останува „МКД“, „употребата на конкретниот акроним на ЕУРО 2020…

Read More

Вие за нас сте веќе победници. Самиот пласман на Европското првенство е историски успех, сега ужувајте во играта и покажете им на сите колку вредите, им порача на играчите на македонската репрезентација, Министерот за здравство Венко Филипче преку својот фејсбук профил. – Веруваме во вас, само напред, напиша Филипче.

Read More

Голем број македонски навивачи утрово отпатуваа за Букурешт за да ја бодрат македонската фудбалска репрезентација која за прв пат ќе настапи на Европското првенство. Меѓу навивачките фанови во авионот за Букурешт беше и некогашната обвинителка на Специјалното јавно обвинителство, а сега дел од Вишото обвинителство Фатиме Фетаи. – Го сакам фудбалот и навивам за Милан. Речиси не пропуштам натпревар на италијанскиот фудбалски тим на телевизија. Но чувството е посебно кога си на трибини и навиваш за својата држава, истакна Фетаи. Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 18 часот во Букурешт ќе игра со Австрија, и тоа ќе биде историски прв натпревар…

Read More