Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На западот нешто ново

0
By Ivana on June 13, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 13, 2021 15:26

Пораките се јасни и гласни. Нејасно е дали и како истите ќе бидат прочитани и разбрани од корумираните бизнис и политички структури и зарѓани идеологии кои за жал се уште имаат големо влијание во сите сфери на нашето живеење

На западот конечно нешто ново. Минаа четири години со популизмот на Трамп и разводот на ЕУ со Велика Британија што направи огромен кратер во Атлантикот кој нанесе сериозен удар врз имунолошкиот систем на демократските вредности кои со децении почиваа на трансатланските односи.

Трамп замина, на негово место е Џо Бајден кој голем дел од својата долга политичка кариера посвети на трансатланските односи кои за неговите политички убедувања се од апсолутно стратешко значење за САД. На другата страна од Атлатикот во Европа во фаза на заздравување се траумите од разводот на ЕУ со Велика Британија. Во меѓувреме сите главни играчи од двете страни од океанот сфатија дека запоставувањето на односите меѓу ЕУ и САД создава малигни ткива кои брзо ги зафаќаат најчуствителните клетки на западната демократија без кој не е можен мир, безбедност и просперитет во целиот евроатлански регион.

Пекинг и особено Москва вешто ја искористија кризата за да ги промовираат своите илиберални идеологии кои најлесно пенетрираа во демократски се уште некосолидираната територија на истокот од Европа и се разбира Балканот. Ваквиот тренд создаде голема неизвесност за иднината на Европа низ која почнаа да се дистрибуираат и различни нон пејпери со архаични содржини како оној за прекројување на границите на Балканот.

Добрата вест е што Вашингтон, Брисел и Лондон конечно успеаа да се консолидираат и да дефинираат јасна стратегија за одбрана на своите демократски вредности како единствен гарант за мирот и стабилноста. Ова е и една од значајните пораки на состанокот на Г7 кои вчера и денес се одржува во Корнвол, Велика Британија на кој една од главните теми се Русија , Кина но и нивните филијали во Европа како Будимпешта, Љубљана и се разбира секаде повеќе или помалку по Балканот. Шефовите на дипломатии на Г7 кои ги придружуваат нивните шефови на држави и влади денеска имаат на дневниот ред меѓу останатото да разговараат за тоа како да се заштити евроатланскиот регион од се поагресивната Москва. Заклучоците од она што вчера и денес се случува во Корнвол ќе му ги пренесе лично Џо Бајден на Владимир Путин следнава недела во Женева.

Според првите реакции може да се разбере дека во Москва станува јасно дека западот по овој собир во Корнвол нема да биде веќе лесна мета. Арогантниот Путин веќе испраќа пораки со многу посмирен тон најавувајќи дека тој е подготвен за соработка. Пораката ја разбра и Орбан кој пред состанокот на Г7 беше во Лондон на средба со Борис Џонсон во обид да ги ублажи пораките кои ќе му бидат упатени јавно или по дипломатски канали од самитот на Г7 за кој домаќинот Борис Џонсон рече дека треба да биде значаен чекор во насока на зацврстување на демократските вредности.

Пред доаѓањето на Баиден во Европа кое треба да биде јасна демонстрација на новата американска дипломатија за нејзините намери да го поврати разнишаниот кредибилитет во Европа а со тоа и евроатлантските релации на различни ниво беше упатена и јасна порака до балканските националистички и илиберални структури. Државниот секретар на САД, Блинкен телефонски имаше разговор со бугарскиот претседател Радев во кој се експлицитно пренесени пораките за ургентоста за деблокада на европските интеграциски процеси на Западниот Балкан.

Во овие квалитативно нови геополитички констелации просторот за игрите на Путин, Орбан, Јанша и нивните филијали на Балканот драматично се стеснува.

Она што е значајно за нас е што на овој самит на Г7 кој некои аналитичари го споредија со Јалта јасно е дека овој пат сме одбележани како дел од западниот геостратешки интерес. Пораките се јасни и гласни. Нејасно е дали и како истите ќе бидат прочитани и разбрани од корумираните бизнис и политички структури и зарѓани идеологии кои за жал се уште имаат големо влијание во сите сфери на нашето живеење. На нив не се имуни владејачките парти а уште помалку опозициската ВМРО ДПМНЕ која е изложена на сериозен ризик поради интересите на неколкумина во Скопје и еден во Будимпешта да и нанесат сериозна штета на единствената силна платформа за развивање на западните демохристријанските вредности кои се од витален интерес за македонската демократија.

балкан Владимир Путин ЕУ Запад ново Самит Џо Бајден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.