Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Со Меѓународна научна конференција,,Синтези: Рацин и Конески“ денеска во Велес почнува 58 издание на Рациновите средби. Во рамките на конференцијата ќе бидат промовирани научни дела испечатени меѓу двете конференции а, организатори се Институтот за Македонски јазик ,,Крсте Мисирков“, Советот за Македонски јазик при Владата и општина Велес. Попладнево ќе бидат посетени двата споменика на Рацин во Велес а ќе бидат засадени и млади садници во Шумата на Рацин кај Спомен Костурницата од НОВ, каде се наоѓаат посмртните останки на големиот македонски поет. Свеченото отворање е вечерва со беседа за Рацин од проф.д-р Атанас Вангелов во просториите на театарот ,,Јордан Хаџи…
Започнуваме подготовки за четврта трансплатација на срце. Тимот спремен и мотивиран како и секогаш, напиша на својот фејбик профил Министерот за здравство Венко Филипче. Досега беа направени три трансплатации на срце во Македонија. Првата трансплатнација од починат донор беше направена во мај минатата година, а годинава имаше уште две трансплантации. Првата трансплантација на срцето минатата година ја изведоа докторите Сашко Јовев и Жан Митрев заедно со докторите Васил Папестиев, Марјан Шокаровски, Ванѓел Здравески, Кјутим Џелили, Тања Анѓушева, Никола Христов, Стефанија Хаџиевска, докторка Надица Мехмедовиќ, Весна Миташова,Јасмина Илиевска, Марија Гераковска и Димче Славевски. Претходно експлантацијата на срцето на починатата пациентка ја извршиле докторите Марјан Шокаровски, Александар Колевски и Александар Николиќ. Целиот процес, во координација со…
Наставниците и понатаму ќе јаимаат клучната улога во предавањето на материјалот, а дигиталните учебници и другиматеријали ќе бидат дополнителна алатка за учење, изјави Министерката за образование и наука Мила Царовска во гостување на Телевизија Тера одговарајќи на прашање на каков начин ќе се одвива наставата со воведувањето надигиталните учебници во четврто одделение. „Да не заборавиме главниот ресурс за информирање и стекнување на знаење енаставникот. Фокусот во училница е наставникот. Не е таблетот. Не е учебникот. Аконаставникот ги води низ знаењата, учениците многу побрзо поедноставно ќе гиразберат информациите кои треба да ги имаат кај себе. Исто така и тој треба да…
Суд во Франција денеска го осуди 28-годишниот Дамиен Тарел, кој во вторникот му удри шлаканица на претседателот Емануел Макрон, на четири месеци затвор, јави телевизијата БФМ. Тарел претходно призна дека го удрил Макрон, но им рече на истражителите дека не го сторил тоа со умисла. Обвинителството побара Тарел да биде осуден на 18 месеци, а судиите одлучија да го осудат на четири месеци затвор и 14 месеци условна казна. За време на посетата на регионот Тан Лермитаж пред два дена, Макрон се приближи до група граѓани за да ги поздрави, а Тарел го фати претседателот за рака и му удри…
Владината прес- служба соопшти дека Заев, Димитров и Османи вечерва се во работна посета на Париз со која се одбележуваат 28 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји. Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва се во Париз на работна средба со претседателот на Франција Емануел Макрон. Информацијата пред малку ја објавија од владината прес-служба. Во соопштението се вели дека со посетата се одбележуваат 28 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, и во рамки на неа ќе има работна вечера со францускиот претседател.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во Тирана учествуваше на Самитот на земјите од Западен Балкан чиј домаќин беше премиерот на Албанија, Еди Рама. На маргините на Самитот двајцата шефови на влади го потпишаа Договорот за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Република Албанија и Република Северна Македонија. Во изјавата за медиумите премиерот Заев истакна дека Договорот е уште еден чекор во градењето на одличните односи помеѓу Северна Македонија и Албанија кои како добри пријатели и соседи го имаат како приоритет олеснувањето на меѓуграничниот проток во интерес на граѓаните и на деловните…
Како Влада и како ресорно министерство особено ни е значајно унапредувањето на родова еднаквост во општеството. Во таа насока е и подготовката на новиот Закон за родова еднаквост, со кој обезбедуваме остварување на потполна родова еднаквост, зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење, посочи минисерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната средба со г-дин Џон Кенеди Мосоти, директор за Северна Македонија, Србија и Косово на УНФПА. Таа посочи дека со Законот за родова еднаквост се воведуваат новитети, односно …
Во последните 24 часа се направени 2.411 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 8, Куманово – 5, Кочани – 2, Тетово, Крива Паланка и Кратово – по 1. Регистрирани се 31 оздравен пациент од: Скопје – 11, Виница – 3, Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово, Битола, Кавадарци и Кичево – по 2, Струмица, Крива Паланка и Радовиш – по 1. Пријавено е 1 починато лице: од Скопје (61г), починато во болнички услови. Направени се 2.411 тестови преку: ИЈЗ-148, ЦЈЗ Скопје-49, ЦЈЗ Битола-50, ЦЈЗ Прилеп-36, ЦЈЗ Тетово–21, ЦЈЗ Куманово–50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1,…
Кривичниот суд – Скопје постапува независно, непристрасно и неселективно без разлика дали како обвинет или оштетен се јавува сегашен или поранешен функционер, лице кое ужива висок социјален статус во општеството, бизнисмен, доктор, професор, пензионер, невработен граѓанин и слично, реагираат од Основниот кривичен суд – Скопје во однос на информациите во јавноста поврзани со предметот „Талир 1“, каде меѓу другите во својство на обвинет се јавува и правното лице ВМРО – ДПМНЕ. Од Судот апелираат до сите-странките во постапката, но и до „самопрогласените експерти“, да се воздржат од давање на неточни и тенденциозни коментари кои штетат на угледот на судот, но…
Со 104 гласа „за“ седум против и три воздржани албанскиот парламент попладнево го разреши шефот на државата Илир Мета, што е прв случај во трите деценискот плурализам во земјата. Во собраниската сала присуствуваа 114 пратеници и сите го остварија правото на глас. Претходно пратениците со еднаков број гласови го изгласаа извештајот на анкената комисија за пркршувањата на уставните надлежности од страна на Мета. Гласњето беше тајно и по двете прашања соопштувањето на резултатите пратениците го позравија со аплауз. Парламентот има 140 пратеници, но по откажувањето од пратеничките манадати на пратениците од опозициските Демнократска партија и Движењето за социјалистичка интеграција, пополнети…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска учествуваше на веб конференција со Стопанската комора на Истанбул, на тема: „Трговски и инвестициски можности со Република Северна Македонија“. Во своето обраќање изрази уверување дека досегашната целокупна економска соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Турција го нема достигнато посакуваното ниво од двете држави и укажа дека постојат многу можности кои треба максимално да бидат искористени како на државно ниво, така и од страна на бизнис заедниците и компаниите. Информираше дека Министерството за надворешни работи подготви нов концепт на економска дипломатија, со цел создавање на услови за искористување на економските потенцијали кои Република…
Министерот за правда Бојан Маричиќ на конференцијата за „Изборни реформи во Северна Македонија“ истакна по иницијатива на Министерството за правда сите засегнатите страни седнаа на заедничка маса со цел да се најде модел по кој ќе се направи промената на Изборниот законик. Според него со тоа се дава дополнителна вредност за демократијата и демократските процеси во земјата. -До сега се одржаа и неколку состаноци и со претставниците на политичките партии, на кои се дебатираше за начинот и динамиката на промена на изборниот модел. Лично сум задоволен што најдовме заеднички јазик, односно сме многу блиску до договор за имплементација на препораките…