Суд во Франција денеска го осуди 28-годишниот Дамиен Тарел, кој во вторникот му удри шлаканица на претседателот Емануел Макрон, на четири месеци затвор, јави телевизијата БФМ.

Тарел претходно призна дека го удрил Макрон, но им рече на истражителите дека не го сторил тоа со умисла. Обвинителството побара Тарел да биде осуден на 18 месеци, а судиите одлучија да го осудат на четири месеци затвор и 14 месеци условна казна.

За време на посетата на регионот Тан Лермитаж пред два дена, Макрон се приближи до група граѓани за да ги поздрави, а Тарел го фати претседателот за рака и му удри шлаканица, повторувајќи ја фразата „Долу Макронија” и претставувајќи се како анархист, по што интервенираше обезбедувањето на Претседателот.