Author: Ivana

На денешната седница на албанскиот законодавен дом, пратениците треба да го усвојат извештајот на анкетната комисија за кршење на уставните надлежности од страна на претседателот Илир Мета и да гласаат за негово разрешување, што се случува за првпат во тридеценискиот плурализам во земјата. Во обемниот извештај од стотина страници, во кој се внесени транскрипти од сите јавни изјави на Мета, неговите објави на социјалните мрежи, пред и за време на изборната кампања, анкетната комисија дошла до заклучок дека претседателот сериозно прекршил 17 члена од Уставот. Деветте пратеници членови на комисијата, од кои 8 веќе нема да бидат во новиот парламент…

Read More

Повеќе од 800 осомничени криминалци се уапсени ширум светот откако биле намамени да користат апликација за размена на кодирани пораки. Апликацијата била управувана од ФБИ и како таква уфрлена во криминалните структури, соопшти австралиската полиција. Полицијата на Австралија и ФБИ, создале апликација која преку свои соработници агентите ја дистрибуирале во криминалните структури. На тој начин секој на секој корисник на оваа мрежа во подземјето лесно му била следена комуникацијата. Во операцијата која траела три години биле декодирани пораки и разговори ц шверц на дрога, перење пари, па дури и заговори за убиства. Операцијата, била спроведена во повеќе од десетина земји…

Read More

Под слоганот „Најдоброто за нашата општина“ СДСМ од утре почнува теренски активности со граѓаните за да дадат отчет пред нив за сработеното, но и да чујат што е она што треба да се стави во акцент во иднина и потребите на граѓаните да ги вградат во предзборните програми за локалните избори. Планирани се над 1000 средби и 15 граѓански трибини. Партијата веднаш ја почнува и внатрепартиската постапка за избор на кандидати за советници и градоначалници. Од нив ќе се бара визија и план за развој на општината за која ќе се кандидираат. – Преку разговор со граѓаните сакаме да дадеме…

Read More

Новинарот Сашо Ордановски гостува вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде се разговара на неколку актуелни теми, меѓу кои и тоа во која насока течеле разговорите во ДУИ пред промоцијата на зелената агенда. Тој вели заминувањето на Али Ахмети од политиката нема да се случи на овие избори, но дека полека се создава терен за негово пензионирање. Ордановски додава дека Ахмети нема да биде единствениот познат политичар кој ќе се пензионира поради фактот што и Зоран Заев го најавувал истото, односно дека ова ќе му биде последен мандат. „Така што, во 2022/23 ќе дојде до голема промена на…

Read More

ДУИ не наметнува теми на секои избори, туку на тој начин се обидуваат да прикријат реалноста и да избегаат од одговорноста, тврди лидерот на Алијанса, Зијадин Села, во гостувањето на Топ Тема. Откако ДУИ се ребрендираше во зелена партија, Села обвинува дека тие се најголемите виновници за уништувањето на животната средина. Вели дека иако на некој начин со ребрендирањето признаваат вина, но сепак ветуваат дека ќе ги решат проблемите. – Нема да стане зелена партија, тоа им е привремено, за локалните избори за да манипулираат со гласачите. Нема да го решат тоа. ДУИ има само една потреба, да замине во…

Read More

Инфективната клиника темелно се чисти и се дезинфицира целокупниот простор, но работата не е застаната, се лекуваат 25 пациенти со ковид симптоми, истакна директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ во вечерашното гостување на вестите на Сител ТВ и додаде дека не треба целосно да се опуштиме како да мислиме дека пандемијата целосно завршила. – Не смемее да се опуштиме и да мислиме дека пандемијата завршила комплетно. Ние сме отворена земја, следуваат и годишни одмори, што значи многу поголемо движење и токму поради тоа мораме да бидеме сериозно претпазливи, пред се за своето лично здравје. Веројатно и нови соеви ќе следиме…

Read More

На денешната седница на Централниот одбор на Социјадемократскиот сојуз Љупчо Николовски е избран за Шеф на Централниот изборен штаб за претстојните локални избори. – Седница на Централниот одбор на СДСМ, после подолго време со физичко присуство, почитувајќи ги мерките за заштита на здравјето. Љупчо Николовски избран за Шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ за локалните избори. Машината којашто победува е во погон!, напиша СДСМ на својата фејсбук-страница.

Read More

Доилките и бремените жени речиси два месеци чекаат државата да го сврти вниманието кон нив и да добијат термин за вакцинација. Од Иницијативата за вакцинирање на трудници и доилки денеска преку соопштение посочуваат дека испратиле барање до сите надлежни институции со цел овие категории да добијат некаков приоритет во процесот на имунизација, односно, да им се обезбеди приоритет за имунизација со вакцината на „Фајзер“ како единствена во светски рамки за која постојат податоци дека е безбедна и за трудниците и за доилките. „Од Министерство за здравство, освен добра волја, сѐ уште нема направено ништо по однос на нашето барање. Оттаму…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација попладнево го одржа првиот тренинг на Националниот стадион во Букурешт на кој в недела против Австрија од 18 часот го игра премиерниот натпревар на Европското првенство. Македонските фудбалери претпладнево со чартер – лет пристигнаа во романската престолнина, која во следните десет денови ќе биде база на „црвено – жолтите“ на ЕУРО2020. По воведниот дуел против Австријците во рамки на групата Ц, избраниците на селекторот Игор Ангеловски на Националниот стадион во Букурешт на 17 јуни играат против Украина, по што составот се сели во Амстердам за мечот против домаќинот Холандија на 21 јуни. Европското првенство почнува во четврток со натпреварот меѓу Италија и Турција во Рим.

Read More

„Ако испорачуваме и Европа мора да испорачува, затоа првата порака е таа – да продолжат процесите, заради тоа што во спротивно се развиваат нон пејпери и дискусии за нови етнички граници, нови граници на држави, а тоа, знаат и децата е можно само со пушки и со оружје. Не нѝ треба тоа, 21 век е“, вели премиерот Заев во интервју за „Еуроњуз Албанија“ (Euronews Albania). Тој верува дека, ако Европската Унија затајува и ги забавува процесите, се создава плодна почва и за нон пејпери и за стратегии кои ќе се развијат во нешто кое што нашите народи овде не го…

Read More

Сакам уште еднаш да ве повикам сите да се пријавите на сајтот за вакцинација (вакцинација.мк), бидејќи Тоа е единствениот начин како можеме да ја победиме епидемијата, напиша Министерот за правда, Бојан Маричиќ на својот фејсбук профил откако ја прими и втората доза против Ковид-19. – Само што ја примив и втората доза од вакцината против Ковид-19. Се чувствувам добро. Тоа е единствениот начин како можеме да ја победиме епидемијата и со помош на науката да продолжиме да живееме на начинот на кој што сме живееле порано, порача министерот Мариќиќ.

Read More

Откако на македонските граѓани им е овозможена имунизирција без претходна пријава преку српската владина е-управа, пред главниот пункт за вакцинација на Здравствениот дом во Спортската сала во Врање, се формираат редици и гужви од големиот број граѓани на Северна Македонија кои денеска пристигнаа во Врање за вакцината против вирусот Ковид-19, јави дописникот на МИА од Белград. Од Здравствениот центар во Врање соопштија дека заради зголемениот број на луѓе зајакнати се сите пропишани епидемиолошки мерки, „пред се мерките за заштита и дезинфекција, како и дезинфекција на просторот“. – На граѓаните на Република Северна Македонија им беше наложено да не прават гужви…

Read More