Сакам уште еднаш да ве повикам сите да се пријавите на сајтот за вакцинација (вакцинација.мк), бидејќи Тоа е единствениот начин како можеме да ја победиме епидемијата, напиша Министерот за правда, Бојан Маричиќ на својот фејсбук профил откако ја прими и втората доза против Ковид-19.

– Само што ја примив и втората доза од вакцината против Ковид-19. Се чувствувам добро. Тоа е единствениот начин како можеме да ја победиме епидемијата и со помош на науката да продолжиме да живееме на начинот на кој што сме живееле порано, порача министерот Мариќиќ.