Author: Ivana

Францускиот претседател Емануел Макрон „не ја исклучува“ можноста за посета на Москва или Киев за руската инвазија на Украина, но смета дека сега „не се исполнети условите“ за тоа, јави дописникот на МИА. -Не исклучувам ништо и каква било политичка иницијатива, но тоа ќе го направам кога ќе сметам дека може да има корисен и опиплив резултат, изјави францускиот претседател на маргините на средбата со украинските бегалци во Мен-ет-Лоара. Прашан за можноста тој да патува во Русија или Украина, додека полскиот, чешкиот и словенечкиот премиер отпатуваа за Киев, Макрон  рече дека „не исклучува никакво патување, но тоа не е планирано…

Read More

Градоначалникот на Киев го покани папата Франциско во главниот град на Украина за да „го покаже своето сочувство“, но Ватикан денеска не соопшти дали понтифот ја прифатил поканата. „Присуството на  верскиот  водач лично во Киев е клучно за спасување животи и трасирање на патот кон мирот во нашиот град, држава и пошироко“, се вели во писмото од 8 март потпишано од Виталиј Кличко. Писмото денеска е обелоденето во медиумите. Кличко, исто така, вели дека ако патувањето до Киев не е возможно, „љубезно бараме заедничка видео конференција, да се снима или да се емитува во живо. Ќе се направат напори да…

Read More

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, учествуваше во Македонско-Чешкиот бизнис форум што се одржа денеска во Скопје, при што ја потенцираше одличната соработка која македонските компании ја имаат со компаниите од Чешка, која е во топ 20 трговски партнери на земјава. Таа додаде дека ова е одлична можност за вмрежување на компаниите, како и дека Градот Скопје става на располагање поддршка на компаниите кои се заинтересирани за инвестиции во Скопје. – Во рамки на форумот Арсовска имаше билатерална средба со заменик министерот за индустрија и трговија на Чешката Република, Едуард Муржицки на која се договорија конкретни чекори и активности за…

Read More

Северна Македонија како земја – членка на НАТО сака да развива блиски одбранбени односи со важните партнери на Алијансата, како што е Катар. Оваа прва средба е само почеток на една плодна соработка на која сме исклучително посветени и убедени дека има огромен потенцијал, истакнала министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со вицепремиерот и државен министер за одбрана на Катар, Халид Бин Мохамед Ал-Атија, кој престојува во прва официјална посета на Северна Македонија. Од Министерството за одбрана информираат дека двајцата соговорници, зборувајќи за безбедносната состојба во светот, се согласиле дека дијалогот е најкусиот пат кон мирот и стабилноста.…

Read More

Руските власти денеска соопштија дека ги ставиле американскиот претседател Џо Бајден, државниот секретар Антони Блинкен и други високи функционери на „стоп-листата“ што им забранува влез во таа држава. Нивните имиња, заедно со секретарот за одбрана Лојд Остин, шефот на ЦИА, Вилијам Барнс, советникот за национална безбедност Џејк Саливан и други, се вклучени на списокот од 13 лица на кои им е забранет влез во Русија како одговор на санкциите воведени од Вашингтон кон руските официјални лица. На листата е и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон. Како одговор на канадските санкции, Русија стави „црна листа на 313 канадски граѓани“, меѓу кои…

Read More

Тројца новинари се убиени, а повеќе од 30 се ранети во Украина од почетокот на руската инвазија, изјави денеска Људмила Денисова, претставник за човекови права во украинскиот парламент. „Најмалку 35 новинари се повредени“ од руските сили, а тројца од нив се убиени, објави Денисова на нејзиниот профил на Телеграм. Американецот Брент Рено беше застрелан во неделата во северозападното предградие на Киев. Другите двајца убиени новинари се Украинци. Станува збор за Евгени Сакун, кој загина во гранатирање на ТВ кула во Киев и Виктор Дудар, кој загина во близина на Николаев. Меѓу повредените новинари има Швајцарци, Чеси, Данци и Британци.

Read More

Поради кризата предизвикана од војната во Украина, очекувано е дека економските проекции ќе се корегираат и затоа се разговара за ребаланс на Буџетот, изјави Министерот за финансии Фатмир Бесими. Во изјава за ТВ 24, Бесими најави владина одлука за штедење и можно задолжување со еврообврзница. – Во Буџетот што е усвоен во Собрание има предвидено 600 милиони евра задолжување, од кои 545 се за покривање на дефицитот што е планиран во Буџетот, а разликата е за зголемување на депозитите што вообичаено ги оставаме во крај на година за наредната година за да имаме одредени резерви на трезорска сметка кај Народна…

Read More

Русија наскоро нема да може да си го исплати надворешниот долг – не ќе може да ги исполни обврските кон надворешниот долг за првпат од Болшевичката револуција пред еден век. Според рускиот министер за финансии Антон Силунов, половината од надворешните резерви на земјата, околу 315 милијарди долари, се замрзнати со западните санкции наметнати поради инвазијата на Украина. – Како резултат на тоа, Москва ќе ги исплаќа во рубљи кредиторите од земјите кои се непријателски сè додека санкциите не се укинат, рече тој. Агенциите за кредитен рејтинг најверојатно ќе сметаат дека Русија не е во можност да си го плаќа долгот…

Read More

Меѓународниот суд на правдата во Хаг (МСП) денеска соопшти дека на 16 март ќе донесе пресуда за тужбата на Украина против Русија. На сослушувањата пред судот на ОН во Хаг се појави само украинската делегација, додека руската страна одлучи да не присуствува на седниците. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова претходно изјави дека претставници на Москва не присуствуваат на седниците на Меѓународниот суд на ОН, „бидејќи прашањето за специјална воена операција во Украина е надвор од нејзина надлежност“. Веста дека Украина поднесе тужба против Русија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, на Твитер ја објави претседателот…

Read More

Неодамнешното зголемување на нивото на подготвеност на нуклеарните сили во Русија ја зголеми опасноста од нуклеарен конфликт, изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. Тој рече дека ова е развој на настани што ја замрзнува крвта во вените и дека она што некогаш било незамисливо се вратило на возможното. Гутереш најави дека Обединетите нации ќе одвојат дополнителни 40 милиони долари за зголемување на хуманитарната помош за Украина, пренесе Би-би-си. Говорејќи во Њујорк, тој рече дека средствата ќе помогнат да се испорачаат критичните резерви на храна, вода, лекови и други витални резерви во земјата, како и да се обезбеди финансиска…

Read More

Преставниците на такси-компаниите од Скопје велат дека засега цената на нивните услуги е иста, но од надлежните бараат да преземат мерки кон нелојалната конкуренција, за услугите да не поскапат, објави Алсат. „Има решение цената да остане иста за граѓаните од институциите да бидат задоволни и да не ги чини ниту денар. Тоа значи дека инспекторите ќе излезат и ќе расчистат со нелојална конкуренција. Тоа се таксисти кои немаат лиценци, такси без фискални таксиметри и таксисти кои не се пријавени во Агенцијата за вработување, или пензионери. Тоа значи дека пензионерите работат како таксисти“, рече Сашо Рајчајновски, Скопје Такси Груп. Од Јавното сообраќајно…

Read More

Руската православна црква во Амстердам објави дека ќе се раздели од Московската патријаршија, што е прв познат пример на црква со седиште во западна земја да ги прекина врските поради инвазијата на Украина. „Свештенството едногласно објави дека веќе не е возможно да функционираат во рамките на Московската патријаршија и да обезбедуваат духовно безбедна средина за нашите верници. Оваа одлука е исклучително болна и тешка за сите засегнати”, се вели во соопштението на свештенството објавено на нивната веб-страница Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, доверлив сојузник на Владимир Путин, одби да ја осуди одлуката на Кремљ да го нападне својот сосед,…

Read More