Author: Ivana

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше средба со нерезидентната амбасадорка на Австралија во Северна Македонија, Рут Стјуарт. Како што соопштија денеска од СЕП, Вицепремиерот Димитров ѝ се заблагодарил на австралиската амбасадорка во заминување за нејзината принципиелна и посветена работа во насока на промовирање и збогатување на пријателството и соработката меѓу Северна Македонија и Австралија и нивните народи, грижата за македонската дијаспора таму, како и придонесот за развој на споделените вредности. – Демократските вредности и стремежи кон еднаквост, слобода и достоинство кои што ги делиме на билатерален план, нѐ сплотуваат и создаваат општествена поврзаност меѓу…

Read More

Бугарија бара гаранции при проширувањето на Европската унија со РС Македонија, изјави бугарскиот претседател Румен Радев на зедничката прес-конференција со претседателот на Португалија Марсело Де Соуза, јави дописникот на МИА од Софија. – Најважната задача е да се врати дијалогот на сите нивоа меѓу Софија и Скопје, рече Радев. Тој истакна дека португалското претседателство и лично претседателот Марсело Де Соуза можат да помогнат да се најде конструктивен пристап. – Тој пристап мора да се заснова на почитување на ставовите и проблемите на земјите за кои зборуваме и почитување на нивните позиции. Врз основа на овој пристап, гледам отворање перспектива за…

Read More

На 5 јуни започнува полагањето на државната матура за над 15 илјади матуранти. Учениците од завршната четврта година во средното образование ќе го полагаат првиот екстерен испит по предметот мајчин јазик, како еден од четирите – два екстерни и два интерни предмети во рамки на концептот за полагање матура годинава, договорен помеѓу надлежните институции и претставниците на средношколците организации, а кој, како и досега предвидува изработка на проектна задача. По овој повод, соопштија од Министерството за образование и наука, денеска министерката за образование и наука Мила го посети Државниот испитен центар, одговорен за организација на целиот процес и разговараше со…

Read More

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски денеска изјави дека нема да има одлагање на локалните избори, по поништувањето на првиот тендер за набавка на терминали за отчитување на биометриски податоци на граѓаните. Повторениот тендер е објавен вчера, информираше тој во изјава за медиумите пред почетокот на седницата на ДИК. – Објавен е вчера, тендерот ќе заврши до крајот на овој месец и нема да има никакво одлагање (на локалните избори) бидејќи рокот е флексибилен – втората половина на октомври. Ние ќе го известиме претседателот на Собранието кога ќе бидеме подготвени, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК). Првиот…

Read More

Постапуваме по заклучокот, ги вадиме сите податоци кои ни се потребни бидејќи во заклучокот кој го донесовме на мое барање и на дел од советничката група на СДСМ беше да се води внимание за одредени процеси кои ги имаме започнато. Целата документација ја собираме и постапуваме, изјави денеска градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со елаборатите за суспензија на спорните ДУП-ови, вклучително и тој спроти Холидеј ин, кои треба да се достават до Министерството за транспорт и врски. Постапувањето по заклучокот, вели Богдановиќ, трае, бидејќи станува збор за обемна документација која дел ја имаат,…

Read More

Високата делегација од сојузната држава на САД, Вермонт, што ја предводи заменик гувернерот Моли Греј и командантот на Националната гарда (НГ), генерал-мајор Грегори Најт, која престојува во тридневна официјална посета на Република Северна Македонија, денеска ги посети  Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана. За време на посетата на Министерството и Генералштабот, делегацијата оствари средби со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на која присуствуваше и амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз. Како што соопштија денеска од МО, генералот Најт имаше средба и со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. Заблагодарувајќи се за нивното присуство на денот на високи…

Read More

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 4 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 65 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало еден прием. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември немало  примени пациенти, 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти, а во  ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 8 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно…

Read More

Владата вчера ги разгледала извештаите за увезениот мазут и индустриско масло, но дадени се насоки да се направи поопсежна анализа за последните десет години за сите компании кои увезувале во овој период. Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска вети дека секој кој направил пропуст или злоупотреба ќе сноси одговорност без разлика дали се работи за институција или компанија. – За жал, во првичните анализи се опфатени само дел од компаниите кои увезувале мазут или индустриско масло во периодот од последните две години. Дадовме насоки да имаме поопсежна анализа за последните десет години за…

Read More

Поради дел од новите ковид-мерки, со кои жива музика е дозволена на свадби и прослави, но не и во секојдневието, во угостителските објекти, Музичарите повторно излегуваат на протест. Дополнително, угостителите не се задоволни од одлуката на властите да може да се организираат настани и прослави само во отворениот дел од локалите, а не и во затворениот. Музичарите апелираат до владата да ја поништи одлуката и да дозволи жива музика во сите угостителски објекти, секако со одредени протоколи бидејќи како што велат тие повеќе од 15 месеци не биле во можност да ја работат својата дејност. Преку Здружението „Музика сега“ во…

Read More

Претседателот на Еврејската агенција, Исак Херцог, е 11-от претседател на Израел откако на тајното гласање денеска доби 87 гласови од членовите на Кнесетот ( израелскиот Парламент), јавија израелските медиуми. Неговиот противкандидат, 67-годишната наставничка и активистка, Миријам Перец, доби 27 гласа. Доколку беше избрана Перец ќе станеше првата жена претседател на Израел. Со својата победа, Херцог стана првиот претседател чиј татко, исто така, бил претседател на Израел. Хаим Херцог, беше шестиот претседател на еврејската држава. Како и Херцог, кој вчера го посети Западниот ѕид за да се моли за успех, така и Перец се обиде да се сретне со што повеќе…

Read More

Под мотото „Црвениот фустан добро ми прилега“ во градскиот парк во Скопје беше одбележан Меѓународниот ден на сексуалните работници 2 Јуни, во организација на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје со партнерските организации од Платформата за декриминализација на сексуалната работа, Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР и Коалиција Маргини. На настанот присуствуваа сексуални работници, нивни пријатели, поддржувачи и активисти кои испратија барања за унапредување на човековите права на сексуалните работници преку декриминализација на сексуалната работа. Извршната директорка на ХОПС, Хајди Штерјова Симоновиќ смета дека преку овогодинешниот настан, сексуалните работници испраќаат силни пораки до јавноста и донесувачите на одлуки…

Read More

Хелсиншкиот комитет денеска достави иницијатива до Министерството за правда за донесување Закон за постапката и условите за избор на уставните судии. Овој период, непосредно пред изборот на петмина нови уставни судии, е најсоодветна прилика да се разгледа прашањето за нормирање и регулирање на постапката и условите за избор на уставните судии со нов закон. Доколку во овој момент не започне постапката за негово правно уредување, ова прашање ќе остане недопрено и во следните седум години. – Овој период непосредно пред изборот на петмина уставни судии е најсоодветна прилика да се разгледа прашањето за нормирање и регулирање на постапката и условите…

Read More