Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Подготвени сме за успешно спроведување на државната матура

0
By Ivana on June 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 2, 2021 14:14

На 5 јуни започнува полагањето на државната матура за над 15 илјади матуранти. Учениците од завршната четврта година во средното образование ќе го полагаат првиот екстерен испит по предметот мајчин јазик, како еден од четирите – два екстерни и два интерни предмети во рамки на концептот за полагање матура годинава, договорен помеѓу надлежните институции и претставниците на средношколците организации, а кој, како и досега предвидува изработка на проектна задача.

По овој повод, соопштија од Министерството за образование и наука, денеска министерката за образование и наука Мила го посети Државниот испитен центар, одговорен за организација на целиот процес и разговараше со раководството околу текот на подготвителните активности.

– Драго ми е што оваа учебна година продолжуваме со организирање на процесот на полагање државната матура, со што им овозможуваме право на средношколците кои имаат интерес да продолжат едукативно да се надградуваат, покрај на домашните, да можат да се запишат и на некој врвен универзитет во странство доколку тоа им е волја. На сите ни е јасно дека секаде во светот, за упис во високо се бара поседување на ваков документ кој значи формализација на средното образование. Лани беше направен исклучок и за жал, дел од нашите ученици имаа проблем со прифаќањето на апликациите на странски факултети, но оваа година нема да биде така, рекла Царовска, стои во соопштението.

Таа додала дека од страна на раководството на Државниот испитен центар е информирана оти сите подготвителни активности предвидени со планот за организирање на државната матура се спроведени и врз основа на тоа очекува процесот успешно да се реализира.

– Усвоени се сите неопходни протоколи врз основа на кои матурата треба да се спроведе во услови на пандемија, а со цел да се заштити здравјето на учениците, наставниците и сите други учесници во процесот. Предвидено е во училница да бидат присутни најмногу до 15 ученици, а некаде и помалку во зависност од просторните услови. Во меѓувреме над 2000 тестатори се вакцинирани со двете дози кои значат стекнат имунитет, информирала Царовска.

Директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска информирала дека вкупно 15.294 ученици се пријавиле за полагање државна матура, од кои 7.050 се од гимназиско образование, 7.983 од средно стручно образование и 261 од средно уметничко образование. Испитните програми за предметите што се опфатени со матурата оваа година, подвлекла таа, се скратени, а воедно и согласно договореното со средношколците, базените со можни прашања, стои во соопштението од МОН, им се достапни на три недели пред полагањето на секој испит.

По полагањето на првиот задолжителен екстерен испит по мајчин јазик на 5 јуни, ќе следи и полагање на вториот екстерен испит кој е изборен. Учениците кои можеа да одберат помеѓу математика или странски јазик, наведуваа во соопштението од МОН,ќе полагаат на 11 јуни. Интерните ќе бидат организирани до крајот на јуни по распоред кој го креираат самите училишта. Проектната задача се реализираше од 15 март до 30 април. Резултатите ќе бидат објавени во рок од 30 дена од вториот екстерен испит.

За матурантите кои на испитите на 5 и 11 јуни ќе бидат заболени од Ковид 19, или ќе бидат во изолација, овозможени се дополнителни термини на 25 и 28 јуни, со приложување потврда до училишните комисии. Тие што нема да положат матура во јуни, дел или во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија – термините се 11 август за првиот и 13 август за вториот екстерен испит.

Во меѓувреме, Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар започнале со подготвителни активности за изработка на целосно нова концепција за државна матура која ќе се применува од следната учебна година и ќе овозможи различни видови на матура за гимназиското, стручното и уметничкото образование. За оваа цел, информираат, е формирана посебна работна група составена од претставници на надлежните институции и претставници на средношколците, а воедно ангажиран е и експерт од Светска банка кој работеше и на актуелната концепција за полагање државна матура

матура Мила Царовска полагање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.