Author: Ivana

Северна Македонија се приклучува кон мрежата “CommonTrust” за издавање на дигитални здравствени сертификати преку новата апликација “CоmmonPass“. Од Министерството за здравство информираат дека мрежата е создадена со цел воспоставување на интероперабилна платформа за взаемно признавање на вакциналните потврди и лабораториските тестови за КОВИД-19 меѓу државите. „Со овој чекор, Министерството цени дека на македонските граѓани ќе им се зголемат можностите за добивање на дигитален здравствен сертификат во согласност со глобалниот стандард “Smart Health Card“. Тоа за граѓаните ќе значи дека тие ќе може да го документираат COVID-19 статусот со цел да може да патуваат во други земји и да одговорат на…

Read More

Генералниот секретаријат на Европскиот советне дозволува објавување на неофицијалниот документ во врска со контроверзниот нон-пејпер за смена на границите на Западен Балкан, јави австриската агенција APA. Агенцијата информира дека побарала пристап до документот, но била одбиена. Регионални медиуми објавија дека нон-пејперот наводно е дело на словенечкиот премиер Јанез Јанша, иако тој негираше такво нешто. „По детална проверка, мора да ве информираме дека не можеме да ви дадеме пристап до тој документ“, гласи одговорот од Генералниот секретаријат на Советот на барањето на APA, поднесено согласно европската регулатива за слободен пристап до информации. Советот оценил дека објавувањето на овој документ ќе ги загрози…

Read More

Руското Министерство за здравство го регистрираше лекот „Лајтрагин“ за превенција и лекување на пневмонија предизвикана од инфекција со коронавирус, соопшти денеска Руската агенција за медицина и биологија преку својата интернет страница. „Лекот во спреј „ Лајтрагин“, развиен од Агенцијата за медицина и биологија, е регистриран во руското Министерство за здравство. Тој е наменет за спречување и лекување на пневмонија. Целта е да се спречи воспаление на белите дробови, што е една од компликациите на коронавирусот“, се наведува на сајтот на Агенцијата, пренесе Тасс. Во соопштенито се додава дека производството на лекот веќе е во тек. „Лајтрагин“ е првиот лек што…

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против скопјанец на возраст од 41 година, поради сторено кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1  во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетиот во периодот од 6 мај 2020 година до 5 март 2021 година, во Скопје, со умисла извршил десет временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, а со намера за себе да прибави противправна имотна корист. Тој  довел и држел во заблуда десет лица – оштетени, на кои лажно им…

Read More

Движење без маски на отворено, организирање свадби, веселби на отворен простор до максимум 100 лица, но и присуство на публика на спортски натпревари што се одржуваат на отворено до 30 отсто од вкупниот капацитет на посетители. Ова се само дел од измените на рестриктивни мерки што ги усвои Владата на вчерашната седница, по намалувањето на бројот на новозаболените од ковид-19.  Останува на важност мерката за задолжително носење заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори. Се укинува мерката за забрана за групирање на јавен простор на не повеќе од четири лица. Исто така, зголемен е и…

Read More

Најмалку шест лица се уапсени во големата акција за апсење криумчари на мигранти, што денеска ја спроведува полицијата. Во акцијата, како што велат извори од истрагата, разбиена е организирана група. Акцијата за разбивање на група на криумчари на мигранти се спроведува во Скопје, Штип, Велес, и Валандово. Според изворите од истрагата кај криумчарите е пронајдена и дрога. Од МВР потврдуваат дека во тек е акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.

Read More

Израелскиот Парламент (Кнесет) денеска ќе треба да избере наследник на претседателот Реувен Ривлин, меѓу активистка позната по својата вера и  поранешниот лидер на опозицијата, со елитно педигре, јави ДПА. Победникот ќе ја преземе оваа повеќе протоколарна функција на 9 јули. Непосредно пред изборот, израелските медиуми ги потенциираат разликите меѓу двајцата кандидати, додава германската агенција. Едниот кандидат е скромната Миријам Перец, наставничка родена во Казабланка, која како дете имигрирала во Израел, а имала двајца синови кои биле убиени во вооружен судир. Многумина ја почитуваат токму заради нејзината вера. Од другата страна е Исак Херцог, кој важи за фаворит во изборот на…

Read More

Седницата за амандманската расправа по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија од страна на Комисијата за одбрана и безбедност, продолжува денеска. Предлог законот е поднесен од пратениците од Алијанса на Албанците (АА) и Алтернатива За законот, според најавите, се подготвени десетина комисиски амандмани, по разговорите на пратениците и претседателите на СДСМ и премиер Зоран Заев и на АА и Алтернатива Зиадин Села. Предлог законот е поднесен од пратениците Зиадин Села, Скендер Реџепи, Сурија Рашиди, Сафије Садики Шаини, Абдула Салиу, Елми Азири, Халил Снопче, Илире Даути, Атнан Незири, Артина Ќазими, Хусни Исмаили и Африм…

Read More

Во пресрет на лидерскиот самит на земјите – членки на Алијансата кон средината на месецов, вчера попладне преку заштитена видео-конференциска врска се одржа состанок на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана на кој учествуваше министерката Радмила Шекеринска. На состанокот беа финализирани подготовките за Самитот на НАТО, закажан за 14 јуни 2021 година, во Брисел, чија главна тема ќе биде иницијативата “НАТО 2030”, чија цел е подготовка на Алијансата за следната декада. Се очекува на Самитот на НАТО да  бидат донесени амбициозни одлуки и да се потврди посветеноста на Алијансата на трансатлантската врска. На состанокот на министрите за одбрана беа потврдени…

Read More