Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема повеќе маски на отворено, дозволени свадби и прослави

0
By Ivana on June 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 2, 2021 10:18

Движење без маски на отворено, организирање свадби, веселби на отворен простор до максимум 100 лица, но и присуство на публика на спортски натпревари што се одржуваат на отворено до 30 отсто од вкупниот капацитет на посетители.

Ова се само дел од измените на рестриктивни мерки што ги усвои Владата на вчерашната седница, по намалувањето на бројот на новозаболените од ковид-19.  Останува на важност мерката за задолжително носење заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори.

Се укинува мерката за забрана за групирање на јавен простор на не повеќе од четири лица. Исто така, зголемен е и бројот на лица на една маса во угостителските објекти, поточно од четири на шест лица со обезбедување на препорачаната дистанца меѓу лицата на масата. Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина, а мерката полициски час продолжува да важи до 15 јуни.

Со реакција се јави независната угостителска комора (НУК) од каде што велат дека  токму со новите препораки за организирање прослави, наместо да се влијае, ќе се предизвика хаос во работењето на угостителски објекти. Од комората исто така реагираат што не се консултирани претставници од оваа фела при носењето на овие протоколи.

– Доколку се точни медиумските најави за нови препораки, и се восхитуваме на умешноста на Комисијата за заразни болести кои од една страна со предлог-мерките дозволи организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор додека од друга страна постави нови правила и ограничувања за музичарите чие присуство со истата мерка е ограничено само при организирање на свадби, посочија вчера во соопштението.

Од НУК бараат од Владата при усвојување на протоколите да го врати членот 13 со кој ќе со дозволи организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот во сите угостителски објекти согласно протоколите за работа, а постојната препорака за јачина на музиката со која се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти за исхрана на 55 децибели, да ја укине во целост.

Исто така, бараат да се дозволи и на иста маса да седат повеќе од шест лица доколку се од иста фамилија.

Од Министерството соопштија дека поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. Од таму велат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, а Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата „вакцинација.мк” е 433 787 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 236 878 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2057 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.763 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 331 034 дози вакцини, а ревакцинирани се 94 156 граѓани. Со последните бројки 47 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Корона маски мерки Протоколи свадби
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.