Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Од Самитот на НАТО се очекуваат амбициозни одлуки кои ќе ја направат Алијансата посилна

0
By Ivana on June 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 2, 2021 08:28

Во пресрет на лидерскиот самит на земјите – членки на Алијансата кон средината на месецов, вчера попладне преку заштитена видео-конференциска врска се одржа состанок на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана на кој учествуваше министерката Радмила Шекеринска.

На состанокот беа финализирани подготовките за Самитот на НАТО, закажан за 14 јуни 2021 година, во Брисел, чија главна тема ќе биде иницијативата “НАТО 2030”, чија цел е подготовка на Алијансата за следната декада. Се очекува на Самитот на НАТО да  бидат донесени амбициозни одлуки и да се потврди посветеноста на Алијансата на трансатлантската врска.

На состанокот на министрите за одбрана беа потврдени одлуките врзани за колективната одбрана, за проширувањето на пристапот кон безбедноста и зајакнување на отпорноста на општествата на новите безбедносни предизвици. Воедно, беше потенцирано значењето на технолошкиот развој и неговото влијание во градењето на одбранбените капцитети и способности. Министрите за одбрана се согласија дека Алијансата во иднина ќе ја прошири соработката со партнерите и со сите демократски земји кои се залагаат за меѓународен поредок заснован на правила. Исто така, беше постигната согласност дека НАТО во иднина ќе работи на зголемување на свеста за безбедносните импликации од климатските промени.

Министерката Шекеринска ги презентираше националните ставови на Република Северна Македонија, даде силна поддршка на определбата за зајакнување на колективната одбрана, како и на потребата за континуирана адаптација на новите безбедносни предизвици, со кои ниту една земја не може да се справи самостојно.

На состанокот стана збор и за состојбите во Авганистан, каде завршува мисијата на НАТО, но останува определбата за цивилна и дипломатска поддршка на безбедносните институции во Кабул.

Министрите за одбрана ја поддржаа одлуката за донесување на следен Стратегиски Концепт на Алијансата, кој ќе биде презентиран и одобрен на следниот НАТО Самит во 2022 година.

Алијанса НАТО Самит Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.