Author: Ivana

Делегацијата на Европската Унија во Скопје ја прогласи македонската ликовна уметница и планинарка, Илина Арсова за „Европска жена на годината“.  Илина е планинарка, активистка за заштита на животната средина и уметница. Прва и единствена жена од Македонија која го освоила Монт Еверест висок 8848m и втора на Балканот која ги освоила највисоките врвови на сите 7 континенти. Истовремено се вбројува меѓу 70-те луѓе од целиот свет кои го совладале овој глобален екстремен планинарски предизвик. Арсова е ревносна борка за заштита на животната средина на Охрид и Охридското Езеро, посветена на зачувување на UNESCO статусот на нејзиниот роден крај. Се има…

Read More

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Како што соопшти МВР, на територија на град Скопје изречени се вкупно 113 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, три санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возач почетник, 30 за непрописно паркирање…МВР информира дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните…

Read More

Руското Министерство за одбрана денеска пред јавноста објави тајни документи што укажуваат дека украинските оружени сили планирале во март годинава да спроведат воена интервенција во Донбас. „Во рамки на специјална воена операција руските сили дојдоа до тајни документи на Командата на Националната гарда на Украина. Тие потврдуваат тајна подготовка на режимот на Киев за офанзивна операција во Донбас во март 2022 година“, изјави портпаролот на руското МО, Игор Конашенков. Според него, станува збор за тајна наредба потпишана од командантот на Националната гарда на Украина, генерал-полковник Микола Балан датирана на 22 јануари оваа година. Како што наведе Конешенков, планот предвидувал до…

Read More

САД го забранија увозот на руска нафта, во обид да и зададат голем економски удар на Москва поради војната во Украина каде денеска треба да се отворат нови хуманитарни коридори за цивилите кои се обидуваат да избегаат од опколените градови. Руските власти најавија дека рутите ќе се отворат во пет градови што нејзините сили ги гранатираа, но Киев постојано предупредува дека Москва навистина не сака да дозволи цивилите да бегаат и вчера ја обвини Москва за бомбардирање на еден коридор. „Таквите акции не се ништо друго освен геноцид“, објави украинското Министерство за одбрана на Фејсбук. Претседателот Џо Бајден вчера нагалси…

Read More

Речиси 3.500 цивили се евакуирани денеска од северниот украински град Суми за време на прекинот на огнот, а 27 цивили се убиени во Харков, соопштија локалните власти. Речиси 1.700 од 3.500 евакуирани се странски студенти кои студираат на универзитетите во Суми, соопшти регионалниот гувернер Дмитро Живицки, додавајќи дека прекинот на огнот еднаш бил прекршен со пукање кај контролен пункт. Најмалку 27 цивили се убиени во руските напади врз источниот украински град Харков во последните 24 часа, соопшти денеска полицискиот функционер Серхи Болвинов. Вкупно 170 луѓе се убиени во регионот Харков од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, меѓу кои и пет деца, информира Болвинов на интернет. Украинските сили денеска ги…

Read More

Епидемијата на Ковид-19 две години подоцна се уште не е завршена и може дополнително да се пролонгира поради „скандалозно нееднаквата“ распределба на вакцините низ светот, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. „Трагичниот биланс од пандемијата се повеќе од 446 милиони заразени ширум светот, со потврдени повеќе од шест милиони смртни случаи, а безброј луѓе се борат со влошено менталното здравје“, изјави Гутереш. Тој оцени дека благодарение на спроведените мерки и извонредно брзиот развој и дистрибуцијата на вакцините, во многу делови на светот болеста е ставена под контрола, но истовремено предупредува дека може да се направи голема грешка доколку се…

Read More

Околу 44 милиони Јужнокорејци излегуваат денеска на гласање за да го изберат следниот претседател, завршувајќи ја трката обележана со низа изненадувања, скандали и валкани кампањи. Победникот на изборите ќе се соочи со се поголеми предизвици, вклучително и соочување со последиците од најлошиот бран на Ковид, продлабочување на нееднаквоста и зголемување на цените на становите, кои ја оптоварија четвртата по големина економија во Азија. Гласачите, исто така, бараат лидер кој може да ја искорени корупцијата, да ја „излечи“ поделената нација и поларизираната политика и да почне разговори за спречување на растечката нуклеарна закана на Северна Кореја. Првично се пријавија вкупно 14…

Read More

Coca-Cola и PepsiCo  ја прекинуваат продажбата на нивните сокови во Русија, откако претходно и Мекдоналдс и Старбакс објавија најава за прекин на бизнисите во таа држава. Coca-Cola објави дека во 2021 година, нејзините операции во Русија и Украина сочинувале околу 1 до 2 отсто од нето оперативниот приход. PepsiCo, чиј пијалок беше меѓу ретките западни производи дозволени во Советскиот Сојуз пред неговиот распад, најави дека ќе продолжи да продава во Русија млеко и други млечни производи, храна за бебиња и мали деца. Мекдоналдс претходно објави дека привремено ќе ги затвори сите свои 847 ресторани во Русија. „Старбакс“ објави и дека…

Read More

Укинување на мерката за задолжително поседување КОВИД-19 сертификат за влез во трговски центри/молови, сертификатот за прележан КОВИД-19 наместо 45 да трае 180 дена и укинување на одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, се предлозите на Главниот координативен кризен штаб за справување со последиците од КОВИД-19 кои дојдоа како препораки на Комисијата за заразни болести, а ги прифати Владата вчера на седница. Согласно предлозите, Владата донесе одлука да се укине мерката за задолжително поседување КОВИД-19 сертификат за влез во трговски центри/молови, за кои останува како задолжително носењето заштитни маски,…

Read More

Дводневната конференција посветена на темата „Врската меѓу добросостојбата на децата и нивните постигнувања“, ќе се одржи денеска и утре во Скопје, како заедничка иницијатива на Владата на Република Северна Македонија, Британската амбасада во Скопје и УНИЦЕФ. На отворањето на конференцијата, како што е најавено, ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј и претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани. На конференцијата ќе учествуваат експерти за образование од регионот и пошироко за да споделат искуства и податоци за најновите сознанија во областа на социо-емоционалното учење во раното детство и растечката важност на технологијата и дигиталните вештини и како…

Read More

Времето во земјава ќе биде променливо облачно и студено со умерен, а вдолж Поварадрието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 5 степени. Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и студено време. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.…

Read More

Одлуката на ниво на земји членки на ЕУ за зелено светло да се разгледаат кандидатурите на Украина, Грузија и Молдавија за членство во ЕУ отвора сѐ повеќе прашања, од политички како и од технички аспект, јавува дописничката на МИА од Брисел. Јавноста чека шефовите на држави и влади на ЕУ да се состанат на крајот на оваа недела во Париз за да стане малку појасно во која насока се движи ветувањето дадено вчера од страна на ЕУ дека ќе се разгледаат кандидатурите на Украина, Молдавија и Грузија за членство во ЕУ. Од техничка гледна точка, меѓутоа, во овој момент нема…

Read More