Author: Ivana

Косовската претседателка Вјоса Османи се приклучи денеска на граѓанскиот протест, организиран од невладини организации и држани институции на Косово, во знак на солидарност со украинскиот народ кој се соочува со воена агресија од страна на Русија, јави дописникот на МИА од Приштина. Во своето обраќање пред медиумите на приштинскиот централен плоштад, „Скендербег“, Османи рече дека на овој начин Косово се приклучува на демократскиот свет, не само за да ја осуди руската агресија врз Украина, туку и за да побара одговорност од, како што го нарече рускиот претседател, „воениот злосторник и диктатор (Владимир) Путин“. – Секако дека ова што го доживува…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски придружуван од заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, се сретна со Дејвид Гир, амбасадор и шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава. На состанокот е поздравено лидерството на Владата и брзата реакција за ситуацијата во Украина. Премиерот Ковачевски ја потврди позицијата на Република Северна Македонија во согласност со позициите на нашите стратешки партнери ЕУ, НАТО и САД, за најостра осуда на руската инвазија на Украина и поддршка и придружување на санкциите кон Руската Федерација. На средбата е заеднички истакната важноста на европските перспективи на Република Северна Македонија,…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.209 тестови, а регистрирани се 124 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 98, Кавадарци – 7, Прилеп – 6, Охрид – 3, Штип и Дебар – по 2, Куманово , Тетово , Струмица, Кичево , Струга и Гевгелија – по 1. Од вкупниот број на позитивни (124), регистрирани се 22 реинфекции. Регистрирани сe 543 оздравени пациенти од: Скопје – 289, Битола – 39, Прилеп – 38, Куманово – 25, Кичево – 19, Гостивар – 14, Кавадарци и Велес – по 13, Штип…

Read More

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ги отфрли повиците до Велика Британија да се олеснат барањата за визи за украинските бегалци, кои бегаат од конфликтот, изјавувајќи дека Велика Британија е дарежлива земја, но мора да има проверки кој влегува во земјата. -Ние сме многу, многу дарежлива земја. Но, она што го сакаме е контрола и сакаме да можеме да провериме кој влегува, им кажа тој на новинарите. „Мислам дека е разумно, со оглед на тоа што се случува во Украина, да имаме основна можност да провериме кој влегува во земјата“. „Тоа што сигурно нема да го имаме е систем во кој…

Read More

Силно ве охрабрувам да продолжите да создавате од едно – две. Продолжете да креирате производи со додадена вредност и на тој начин да ги јакнете земјоделските стопанства, но и регионите во кои работите и живеете. Заедно, да продолжиме понатаму да дејствуваме. Нашата цел е да ја видиме руралната жена почитувана и силна, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Николовски истакна дека денешниот настан е токму во таа насока – остварување на уште едно право на руралните жени, на правото на користење платено родителско отсуство и боледување. -Ова право е наменето за сите регистрирани земјоделци и јас…

Read More

Германското министерство за внатрешни работи објави дека според нивните информации 50.294 бегалци од војната во Украина пристигнале во Германија. – Бидејќи нема гранични контроли, бројот на бегалци од војната кои влегле во Германија може да биде многу поголем, изјави денеска портпаролот во Берлин, јави ДПА.

Read More

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, со нон-пејпер, покренува меѓународна акција чија цел е низ контакти луѓе со луѓе да се запознае руското општество со вистинските случувања во Украина и пренесување на пораката дека „народот не е виновен за конфликтите предизвикани од нивните ирационални лидери“. Документот, што го објави „360 степени“, се испраќа до земји членки на ОБСЕ, на Европската Унија, но и до други држави кои се придружија или самостојно воведоа политички и економски санкции за Русија. Иницијативата е и во функција на идното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ. -Одлуката на Кремљ да води војна во Украина…

Read More

Русија одби да присуствува денеска на сослушувањето во Високиот суд на ОН каде Украина бара итна наредба за прекин на конфликтот, рече главниот судија. „Судот жали поради непојавувањето на Руската федерација во овие усни постапки“, рече претседателката  Џоан Доногју. Редот од места резервирани за руски адвокати во Меѓународниот суд на правдата беше празен денеска наутро кога беше отворено сослушувањето. Претседателката на судот, американската судијка Доногју, рече дека рускиот амбасадор во Холандија ги информирал судиите дека „неговата влада немала намера да учествува во усната постапка“. Сослушувањето помина без руската делегација. Според амбасадорот на Украина во Холандија, Антон Кориниевич Русија не се…

Read More

Официјална Варшава, и покрај американското зелено светло за Полска да и помогне на Украина со испраќање борбени авиони, инсистира дека таквата одлука ќе мора заеднички да ја донесе НАТО. Дека земјата нема такви намери, потврдија портпаролот на полската Влада Пјотр Милер и шефот на полското Биро за национална безбедност Павел Солох. – Ако е потребна одлука за испраќање авиони во Украина, мора да има договор во целото НАТО. Не сум слушнал ништо за никакво зелено светло од НАТО за таква одлука. Нема одлука за потенцијално испраќање авиони во Украина, изјави Милер синоќа за ТВ Полсат. Милер, портпарол на полската влада…

Read More

Високиот комесаријат за бегалци на ОН соопшти дека одговорноста за бегалците од Украина во Европа треба да биде распоредена на поструктурален начин. „Континентот се соочува со бран бегалци од Украина кои бегаат од војната. Европа мора да вложи дополнителни напори за тоа како ќе ја сподели одговорноста за бегалците и тука пред се мислам на структурален начин“, изјави шефот на УНХЦР, Филипо Гранди. Руската инвазија врз Украина предизвика хуманитарна криза со повеќе од 1,5 милиони бегалци кои воглавно засолниште бараат во соседните земји, најмногу во Полска. „Овој конкретен бран бегалци се луѓе кои имаат ресурси и имаат врски. Но, како…

Read More

По една година од кога беше објавена пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, денеска во Апелациониот суд Скопје, почна јавната седница за жалбите поднесени од обвинетите Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска и останатите обвинети за овој предмет, кој се однесува на масовното незаконско прислушување на стотина граѓани на Северна Македонија, во период од 2008 до 2015 година. За овој случај, Основниот Кривичен суд – Скопје на 26 февруари 2021 година изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни. Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од страна на првостепениот суд е казнет со казна затвор од 12 години за кривично дело…

Read More

Казнети се 135 возачи во текот на вчерашниот ден во рамки на спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Како што денеска соопштија од МВР, од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 56 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Read More