Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Врховната рада на Украина ја повика меѓународната заедница да го признае Путин како воен злосторник и да ги зајакне санкциите не само против него, туку и против Русите кои се целосно одговорни за нивните власти. Како што пренесе ДПА, украинскиот Парламент е убеден дека неодамнешните дејствија на Руската Федерација, која ја продолжува целосната војна против Украина, може да се сметаат само за меѓународен тероризам. Апелот беше потпишан од раководството на Врховната рада и претседателите на парламентарните фракции и групи, а изразен од шефот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук. Спикерот Стефанчук исто така изјави дека редовните единици на руските вооружени сили и терористичките…
Решението за професионалните војници со навршени 45 години е во измените на Законот за служба во Армијата – секој од нив ќе може да избере отпремнина од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата, што е сума од околу 25.000 евра за нов почеток. Овој закон една година е блокиран од опозицијата, објави министерката за одбрана Славјанка Петровска на Фејсбук. Информира дека имала средба со Синдикатот на професионалните војници и доколку опозицијата продолжи да блокира, ќе предложи ново решение. Синдикатите на полицијата и Армијата денеска преку протест пред Владата побараа итно усогласување на платите со минималната за работниците во…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска изјави дека во Украина има повеќе од 100.000 руски окупатори, јави украинската државна агенција Укринформ. Зеленски оваа информација ја сподели во разговорот со индискиот премиер, Нарендра Моди. „Разговарав со индискиот премиер Нарендра Моди и го информирав за текот на гнасната руска агресија на Украина. Повеќе од 100.000 окупатори се наоѓаат на наша територија. Подмолно пукаат врз станбени згради. Ја повикав Индија да ни даде политичка поддршка во Советот за безбедност на ОН. да го запреме агресорот заедно!“ напиша Зеленски на Твитер. Рускиот претседател, Владимир Путин, на 24 февруари ја најави и веднап го нареди почетокот…
Унгарија ќе ги поддржи сите санкции на Европската унија против Русија и нема да блокира ништо, изјави денес премиерот Виктор Орбан, говорејќи на украинско-унгарската граница, пренесува Ројтерс. „Унгарија јасно стави до знаење дека ги поддржува сите санкции, така што нема да блокираме ништо, така што она што можат да го договорат премиерите на Европската унија, го прифаќаме и го поддржуваме“, им рече тој на новинарите. „Ова е време да бидеме обединети, тоа е војна“, рече тој, додавајќи дека мировните напори се најважни.
Белград нема да ги поддржи западните санкции против Русија поради ситуацијата во Украина, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. Вучиќ истакна дека неговата земја неодамна „ги почувствувала санкциите на Западот“. Покрај тоа, Република Српска во Босна и Херцеговина исто така е предмет на санкции. Во таа насока, Вучиќ рече: „Србија смета дека сега воведувањето санкции за која било земја и нејзините претставници не е во нејзин политички и економски интерес“. Според него, Србија била под „речиси гол притисок“. Вучиќ истакна дека самата Москва не само што не поддржува санкции против Белград, туку и ја штити Србија од нив. Русија ја поддржува Србија и во ОН…
Во Македонија треба обединетост како нација бидејќи Македонија е земја создадена од жарот за слобода и правдини и затоа е поддршката за Украина, во Собранието треба да се донесе декларација за мир во Украина и заштита на нејзиниот интегритет, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. – Сите ние имаме одговорност пред самите граѓани, и затоа жалам навистина жалам, што не можам повеќе да сторам за да го спречам тоа што таму се случува. Кога би можел се би дал да ги убедам тие политичари кои денеска одлучуваат дали некои човечки животи ќе траат подолго, а некои пократко. Жалам што не…
Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“ во Скопје, по повод одбележувањето на 18-годишнината од загинувањето на Трајковски во близина на Мостар, Босна и Херцеговина. Во рамките на пригодните активности на Владата во знак на одбележување на 18-годишнината од авионската несреќа свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател Трајковски, во Бутел положи и владината делегација во состав Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Владимир Рендевски, заменик-министер за здравство и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи. И претседателот на Собранието Талат Џафери зема учество во одбележувањето…
Синдикатите на полицијата и Армијата денеска преку протест пред Владата побараа итно усогласување на платите со минималната за работниците во Министерствата за внатрешни работи и одбрана. Побараа и распоредување на припадниците на војската низ институциите откако ќе наполнат 45 години како што е предвидено со Законот за служба во АРМ. Тие најавија дека доколку не се исполнуваат нивните барање, по две недели пред Владата ќе постават шатори. Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев истакна дека со овој протест пренесуваат дека оваа состојба веќе е неиздржлива во полицијата и очекуваат брз одговор и од премиерот и од вицепремиерот Фатмир…
Полицијата вчера приведе две лица од Романија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавените на оштетениот му понудиле сет тенџериња, а за возврат му зеле поголема количина на златен накит во вредност од околу 120.000 денари. – На 25 февруари 2022 во 17.20 часот на улица „Востаничка“ од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во Полициската станица Кисела Вода биле лишени од слобода Г.Г.(45) и Ј.Г.(19) од Романија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама“ по чл.247 од КЗ на РСМ. Имено пријавените на оштетениот му понудиле сет тенџериња,…
Целосна поддршка од Грција за Украина и подготвеност да се испрати помош доколку е потребно изразил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис до украинскиот претседател Володимир Зеленски во нивниот денешен телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно, како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, Министерството за здравство за Грција испраќа медицински материјал за Украина. Мицотакис повторил дека Грција уште од самиот почеток ги поддржала строгите санкции на Европската Унија против Русија и изразил подготвеност Грција да ѝ пружи помош на Украина во областите за кои ќе биде побарано. Претседателот на Украина, според кабинетот на Мицотакис, му се заблагодарил на…
Жена се породи во метро станицата во украинската престолнина Киев каде илјадници граѓани беа засолнети од хаосот предизвикан од руската инвазија врз Украина, пренесува „Daily Mail“. Додека се криела од нападот во импровизираното засолниште, синоќа, нешто пред 20.30 часот, младата жена родила девојче по име Миа, а нејзиниот плач го слушнала украинската полиција која притрчала на помош. Еден полицаец рекол дека ѝ помогнале да роди девојче и повикале брза помош која ги однела и двајцата во болница, каде останале и се добро. Фотографијата од мајката на Миа (23) брзо го обиколи светот, а веста за нејзиното раѓање брзо се прошири на…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи утрово добил порака од страна на нашиот Амбасадор во Киев кој напишал: – Добор утро министер, во Киев е пеколно се водат и улични битки, ние сме на сигурно во скривница под амбасадата, со обезбедување од нацилната гарда на Украина, во скривницата моравме да преноќиме на столчиња бидејќи цела вечер се пука од сите оружја. Ракетиран е помалиот аеродром кој е на 8 километри од амбасадата, гласела пораката која ја испратил нашиот Амбасадор во Киев до министерот за надворешни работи Бујар Османи. Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека пред половина час успеале…