Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Министерството за труд и социјална политика известува дека од утре 24.02.2022 год. (четврток) започнува етапната исплата на февруарските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од КОВИД-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 24.02.2022 година (четврток); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 25.02.2022 година (петок); За пензии со висина 14.001-18.000…
На 84-годишна возраст вчера почина академик Радован Павловски поет, есеист и патописец, соопшти Македонската академија на науките и уметностите во која тој беше редовен член од 2006 година. Роден е на 23 ноември 1937 година во Ниш, Србија. Неговото семејство во 1940 година се враќа во Железна Река каде што го поминува своето детство и завршува основното образование, а средното во Гостивар. Студирал право и литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1955 година објавува песни во весникот „Млад борец“ и во списанието „Млада литература“. Од 1956 до 1959 година, покрај редовните студии на Универзитетот, работи како…
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.02.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 101 возач, од кои 32 на територија на СВР Скопје, 14 на територија на СВР Битола. При акциската контрола санкционирани се и 136 други видови на сообраќајни прекршоци. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните…
Вчеравечер, кус временски период беше отежнат или блокиран пристапот до веб-страниците на Народната банка (НБ) и домашните банки, како резултат на ДДоС напад. Ова беше надминато во најкус рок преку мерките кои беа преземени од страна на Народната банка, банките и веб-провајдерите. Безбедноста, односно доверливоста и интегритетот на податоците, во ниту еден момент не беше доведенa во прашање, информираат од НБ. Ова беше надминато во најкус рок преку мерките кои беа преземени од страна на Народната банка, банките и веб-провајдерите. Безбедноста, односно доверливоста и интегритетот на податоците, во ниту еден момент не беше доведенa во прашање. ДДоС е напад на веб-страниците, во…
Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, го презентираше процесот за градење на механизмите за контрола на ефикасноста на институциите, за нивната транспарентност и за зајакнувањето на нивните капацитети со цел да донесат одржливи и долгорочни решенија во интерес на граѓаните. Притоа таа истакна дека како аргумент Владата ги прифатила укажувањата и наодите во извештаите на Државниот завод за ревизија (ДЗР) и уште на првите седници донесе одлука, разгледувањето на трошењето и реализацијата на капиталните инвестиции да биде редовна точка на дневен ред на седниците за навремено следење на реализацијата на капиталните инвестиции. „Координацијата меѓу сите институции,…
На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 184 мерки, во рамки на засилените сообраќајни контроли, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкции. За недавање предност на пешаци изречени се 32 мерки, информираа денеска од МВР, како и 22 санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за возење без возачка дозвола, пет за возач почетник, 46 за непрописно паркирање. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги оцени како „генијални“ постапките на рускиот претседател Владимир Путин кон Украина и го нарече рускиот лидер „многу разумен“, објавија американските медиуми. Некои републиканци во САД се обидоа да го обвинат претседателот Бајден за кризата, велејќи дека Русија не извршила инвазија никаде за време на претседателствувањето на Трамп. Самиот Трамп, исто така, твитна претходно, велејќи дека неговиот однос со Путин би ја спречил кризата, пишуваа медиумите. Неколку часа по неговата изјава, поранешниот претседател на САД истакнал на радио емисија дека откако дознал оти Путин ја признал независноста на сепаратистичките региони Доњецк и Луганск во источна…
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ изјави дека не може да влезе во САД за да учествува на турнирот во Индијан Велс. – Засега ситуацијата е таква што нема да можам да учествувам на турнирот. Ајде да видиме како ќе биде. Мислам дека околностите може да се променат во следните неколку недели, ја цитира изјавата на Србинот „Tennishead“. За потсетување, влезот во САД е забранет за оние кои не се вакцинирани против коронавирус. Ѓоковиќ претходно изјави дека во принцип нема да се вакцинира и затоа е подготвен да ги прескокне турнирите на кои ова барање е задолжително. Ѓоковиќ на 21 февруари…
Бројот на нови случаи на заразени со коронавирусот во светот е намален за 21 отсто во изминатата недела, односно трета седмица по ред, соопшти Светската здравствена организација. Во својот неделен извештај, СЗО наведе дека минатата недела имало повеќе од 12 милиони новозаразени со Ковид-19. Минатата недела во светот починаа осум отсто помалку луѓе, или околу 67.000, а неделниот број на смртни случаи се намали првпат од почетокот на јануари. Западен Пацифик е единствената област каде што е зголемен бројот на новозаразени со Ковид-19, со раст од 29 отсто во претходната недела, додека бројот на инфицирани на други места значително е…
Времето денеска ќе биде променливо облачно со намалена облачност попладне и особено во јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието кој наместа ќе достигнува над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 5 до 13 степени. Според прогнозата на УХМР, во Скопје ќе биде променливо облачно и ветровито со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 3, а максималната ќе достигне до 12 степени. До четврток ќе дува засилен северен ветер, повремено со над 60 километри на час. Утринските температури ќе бидат сè…
Две мерки вчера предложи Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата и укинување на ослободувањето од работа за бремените жени. По одржаниот состанок Комисијата, како што образложи на прес-конференција нејзиниот портпарол Злате Мехмедовиќ, ги доставила предлозите до министерот за здравство, а потоа тие треба да се проследат до Генералниот координативен кризен штаб и до Владата. Во врска со првата мерка која се однесува на укинувањето на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата, д-р…
Во Собранието денеска треба да продолжи дебатата за Предлог-измените на Законот за минимална плата. Собраниската расправа трае трет ден. Со ова законско решение, минималната плата од март треба да се зголеми на 18.000 денари од сегашните 15.200 денари. Очекувањата се дека ќе бидат опфатени околу 80.000 работници кои веќе во април ќе земат зголемена минимална плата. Зголемувањето на минималната плата ќе биде помогнато од страна на државата, која од Буџетот ќе одвои 16 милиони евра за покривање на разликата во придонесите. Законското решение уследи откако на 7 февруари по неколкудневни преговори беше постигнат договор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата во рамки…