Author: Ivana

Во последните 24 часа регистрирани се нови 1.091 случај на КОВИД-19, од направени 3.702 тестови, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Оздравени се 2.322 пациенти, а починале 36 лица. Од новите случаи, во Скопје се 586, Битола 58, Куманово 52, Тетово 44, Кавадарци и Велес по 39, Прилеп и Струмица по 29, Кичево 23, Штип и Неготино по 22, Гостивар и Охрид по 20, Кочани 16, Гевгелија и Ресен по 13, Струга 11, Свети Николе 9, Дебар 8, Радовиш, Крива Паланка , Берово и Пехчево по 5, Богданци 4, Демир Хисар и Демир Капија по 3,…

Read More

Формирана е работна група составена од стручни лица вработени во компанијата со единствена задача да ги лоцира причините за прекинот во снабдувањето со електрична енергија по испадот во напонската мрежа што се случи во неделата на 13 февруари во 17:20 часот во ТС „Скопје 4“ во Пинтија поради кој неколку општини во Скопје, делови од Велес и овчеполието, 40-тина минути беа без напојување, информира АД МЕПСО. Како што информиравме и во неделата, до прекин со напојување на поголем дел од градот Скопје, дојде како резултат на исклучување на двата енергетски трансформатори во трансформаторската станица „Скопје 4“, како последица на дефект…

Read More

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска се сретна со претставниците на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, составен од седум здруженија организирани според типот на попреченост. На средбата се разговараше за потребите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост како и можностите за унапредување на нивните права. Министерката Тренчевска истакна дека грижата за лицата со попреченост е приоритет на Владата и Министерството за труд и социјална политика. „Заедно ќе креираме политики како и досега, кои ќе придонесат за унапредување на правата на лицата со попреченост. Со директно учество во јавни дебати, консултации и утврдените…

Read More

Светската здравствена организација денеска соопшти дека здравствените власти предупредуваат на зголемен број на инфекции со коронавирус во Источна Европа. Во Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Русија и Украина, бројот на новозаразени е двојно зголемен во изминатите две недели. Во регионот од 53 земји, што се протега од поранешните советски републики до Централна Азија, регистрирани се повеќе од 165 милиони случаи на инфекција и 1,8 милиони смртни случаи, вклучително и 25.000 само во изминатата недела. СЗО апелира да се подобри стапката на вакцинација, која е помала во Источна Европа во споредба со остатокот од континентот. Помалку од 40 отсто од луѓето постари…

Read More

Маж од индиската покраина Одиша, по име Бибу Пракаш Свејн (64), со лажно име Рамеш Свејн, е уапсен затоа што се оженил со 14 жени и ги измамил за парична корист. Полицијата го уапси Свејн по повеќе обвиненија, вклучувајќи и фалсификување документи и измама според индискиот Закон за брак, којшто јасно укажува на кривичното дело бигамија. Бракот со две или повеќе жени е нелегален и казнив како кривично дело. Обвинетиот првпат се оженил во 1982 година. „Профилите на овие жени велат дека се високообразовани и имаат клучни позиции во различни организации од приватниот и владиниот сектор“, се вели во полициските…

Read More

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик денеска во Орашац изјави дека Денот на државноста на Србија, во Република Српска се доживува како заеднички празник, јави Радио телевизија Република Српска (РТРС). Дел од босанските медиуми веднаш реагираа на изјавата на Додик, оценувајќи дека тој продолжува со сепаратистичката реторика. – Во Република Српска го одбележуваме овој ден како свој. Ја гледаме Србија како матица. Србија ни дава гаранции и засолниште, ни помага и ни дава поттик, кажа Додик на централната манифестација за одбележување на Денот на државноста на Србија, честитајќи им на граѓаните и на раководството на Србија. Според Додик…

Read More

Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко изјави дека Русија нема да учествува во денешните консултации што ги побара Киев за Виенскиот документ на ОБСЕ.  – Ако некој сака да игра некои политички игри – играјте. Ние пак, сериозно ги сфаќаме инструментите за зајакнување на довербата и безбедноста и нема да дозволиме да се користат за непристојни цели, рече рускиот дипломат. Тој ги прекори државите кои најмногу инсистираат за придржување до Виенскиот документ дека „не мрднале со прст за да ги покренат соодветните процедури кога украинската армија ги бомбардира сопствените граѓани и спроведува вистинска борбена операција против нив со…

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба во Кремљ, посветена на разговорите за украинската криза го седна германскиот канцелар Олаф Шолц на крајот од масата, долга шест метри. Како што јави ДПА ова е истата позиција што му ја додели и на францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела, откако одби да се тестира со руски тест против коронавирус. Белата маса, со стакло на горната површина и со цветни мотиви стана меме на интернет, откако беа објавени слики од разговорите на Макрон со рускиот лидер. Како и Макрон, и Шолц денеска одби пред разговорите да направи руски ПЦР тест за коронавирус,…

Read More

Бројот на новозаразени со коронавирус во Словенија, како и другите епидемиолошки показатели, продолжуваат да се намалуваат, а Владата во текот на денот ќе одржи консултации за ублажување и прилагодување на рестриктивните мерки. Олабавените мерки се очекува да стапат во сила во теот на оваа недела. Епидемилозите денеска регистрираа 7.122 нови случаи, додека седумдневното ниво на зараза за еден ден падна на 6.735, а 14-дневната инциденца на 6.438. Во болниците има 794 пациенти, од кои 137 се на одделенија за интензивна нега. Во последните 24 часа починале 18 пациенти. Поради ваквиот тренд, министерот за здравство Јанез Поклукар попладне ќе има средба…

Read More

Новиот бран на сојот омикрон на коронавирусот, се шири кон источниот дел од Европа, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи ги Владите да ги зголемат програмите за вакцинација, како и за други мерки. Изминатите две недели, бројот на заразени е повеќе од двојно зголемен во Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Русија, Украина, предупреди регионалниот директор Ханс Клуге. Тој ја коментираше ситуацијата во период кога неколку европски држави, вклучувајќи ги Чешка и Полска, најавија укинување на ковид мерките, доколку и понатаму има пад на бројот на заразени. Меѓутоа, СЗО тврди дека мерките, како на пример, брзото тестирање и носење маски континуирано,…

Read More

Првиот случај на коронавирус е забележан на Куковите острови во јужниот дел на Пацификот. Премиерот Марк Браун изјавил дека вирусот бил потврден кај лице кое пристигнало од Нов Зеланд на 10 февруари, пренесува Гардијан. Тој изјави дека лицето е испратено во изолација, како и две лица кои патувале со неа. Браун претходно изјави дека може да има „тивок пренос“ на вирусот на Куковите островите, бидејќи еден патник бил позитивен по враќањето во Нов Зеланд, а тој останал на Куковите острови од 31 јануари до 8 февруари.

Read More

Русија почна да ги повлекува војниците распоредени на југот и западот на земјата, во близина на границата со Украина, назад во нивните постојани бази, соопшти Министерството за одбрана, без да даде точен број на повлечените сили, јави ДПА. – Додека мерките за борбена обука се при крај, војниците, како и секогаш, ќе спроведат комбинирани маршеви до нивните постојани гарнизони, рече портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков. – Единиците од јужниот и западниот воен округ кои ги исполнија своите задачи веќе почнаа да товарат опрема на железничките и автотранспортните средства, но и персонал, и денеска ќе почнат да се упатуваат…

Read More