Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Работна група ќе ги лоцира причините за неделниот прекин на струја во Скопје

0
By Ivana on February 16, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 16, 2022 17:03

Формирана е работна група составена од стручни лица вработени во компанијата со единствена задача да ги лоцира причините за прекинот во снабдувањето со електрична енергија по испадот во напонската мрежа што се случи во неделата на 13 февруари во 17:20 часот во ТС „Скопје 4“ во Пинтија поради кој неколку општини во Скопје, делови од Велес и овчеполието, 40-тина минути беа без напојување, информира АД МЕПСО.

Како што информиравме и во неделата, до прекин со напојување на поголем дел од градот Скопје, дојде како резултат на исклучување на двата енергетски трансформатори во трансформаторската станица „Скопје 4“, како последица на дефект кој се појави на изолаторска верига на 110 киловолтниот далекувод кој ја напојува трафостаницата „Бунарџик” преку трансформаторската станица „Скопје 4“. Во оваа прилика појаснуваме дека во нормални услови кога настанува дефект на далекувод, за изолирање на настанатата грешка, заштитата и прекинувачот го исклучуваат далекуводот на кој се појавува дефектот, со што без напојување остануваат само потрошувачите кои се врзани на трафостаницата напојувана од конкретниот далекувод, велат од АД МЕПСО.

Во неделата, додаваат, во моментот на дефектот, поради грешка во секундарните кругови за напојување на опремата во ТС „Скопје 4“, се случи неселективност и за само 0,9 секунди проработија системските заштити во околните трафостаници на 110 киловолтно напонско ниво, а за 2,5 секунди се активираа заштитите на 400/110 киловолтните трансформатори во ТС „Скопје 4“.

-На овој начин се дава налог до прекинувачите да ги исклучат двата енергетски 400/110 киловолтни трансформатори, преку кои се напојува најголем дел од Скопје и околината. Во согласност со процедурата при дефект, дежурните екипи од АД МЕПСО веднаш извршија проверки и прегледи во ТС „Скопје 4“, и во координација со Националниот диспечерски центар при АД МЕПСО, започнаа постапка за вклучување на елементите од мрежата. Со напорна работа тие успеаја за еден час да воспостават напонска состојба и да се нормализира напојувањето на градот и околинита, појаснуваат од компанијата.

Паралелно со активностите кои се вршеа во ТС „Скопје 4“, прецизираат, далекуводните екипи на АД МЕПСО до доцните ноќни часови работеа на отстранување на дефектот на далекуводот 145/1 ТС Скопје 4-ТС Бунарџик, со цел жителите на Бунарџик, како и индустриската зона, да добијат напојување со електрична енергија.

– Во 03:35 часот, далекуводот 145/1 од ТС Скопје 4 до ТС Бунарџик беше поправен и вклучен под напон, со што се нормализираше напојувањето и на ТС Бунарџик. Она што и во оваа прилика сакаме да го потенцираме е дека технички проблеми на електромрежата од секаков тип можат да се случат секаде и во секој дел од денот и најважно во таквите моменти е што побрзо да се стабилизира системот, а граѓаните и стопанството да бидат снабдени со електрична енергија. Работната група работи интензивно на терен и веднаш по добивањето на прелиминарните сознанија ќе ги споделиме со јавноста, посочуваат од АД МЕПСО

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.