Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска пристигна во Москва, на разговор со рускиот претседател околу деескалација на тензиите на руско – украинската граница, но пред средбата го одби ПЦР тестот, понуден од домаќините. Наместо руски тест, Шолц одлучи лекар од германската амбасада да направи ПЦР тест, нешто што е предуслов за влез во Кремљ на состанок со рускиот претседател, Владимир Путин, информираат извори од германската делегација. И францускиот претседател Емануел Макрон, минатата недела, исто така, одби да се тестира со руски ПЦР тест, пред состанок со Путин. Затоа, разговорот на Макрон и Путин се одвиваше на маса долга шест метри, како…
Најпозитивниот човек живее во Турција. За жал, не само според наравот, туку во однос на коронавирусот – Музафер е позитивен веќе 14 месеци или 78 последователни тестови, па тој веќе и се шегува за тоа.– Претпоставувам дека ова е женска верзија на Ковид, бидејќи „таа“ е опседната со мене. И има топол дом бидејќи имам големо срце, вели тој.Кога првпат се заразил, Музафер (56) мислел дека ќе умре. Дошол до едвај 50 килограми телесна тежина, а бидејќи боледува од леукемија, секое дополнително слабеење на имунитетот му отежнува. Повеќе од една година подоцна, заразата сè уште ја има, но и тој…
Бугарскиот претседател Румен Радев за денеска свика состанок на Консултативниот совет за национална безбедност поради заканите за нацоналната безбедност и состојбата на армијата. На седницата, според бугарските медиуми, посебен извештај ќе има началникот на одбраната Емил Ефтимов. Во минатата недела некои министрите во владата оценија дека дека распоредувањето руски војници на границата со Украина е закана за бугарската национална безбедност. Од минатата недела небото над Бугарија го обезбедуваат авиони од Шпанија.
Владината коалициска партија на Социјалистите во Белгија најави дека сака укинување на ковид сертификатот за внатрешна употреба, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова утрово во интервју за радиото БЕЛ РТЛ го изјави претседателот на Социјалистичката партија, Пол Мањет. Моментално во Белгија за влез во угостителски објекти, културни настани и други локали е потребен ковид пас, што потврдува дека лицето е или целосно вакцинирано или прележало Ковид-19 во последните четири месеци. Мањет порача дека од март Белгија треба да го укине овој сертификат. Бројни епидемиолози и научници одамна предупредуваат дека сертификатот не спречува ширење на инфекцијата, бидејќи таа најмногу се…
За потребата сите нелегални пристигнувања да завршуваат во механизам за релокација координиран од Европската Комисија, се согласиле надлежните министри за миграција од МЕД5, односно од Грција, Кипар, Малта, Италија и Шпанија за време на нивната видеоконференција околу преговорите за новиот европски пакт за миграција и азил, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција, на состанокот организиран од Италија, министрите се фокусирале на пристапот што ќе го следат за иницијативата на француското претседателство со ЕУ и се согласиле следните седмици, на заеднички, унифициран начин да ги презентираат нивните позиции, почнувајќи од…
Големата суша, што во последните 20 години го опустошува југозападниот дел на Северна Америка, е најлошата во последните 1.200 години. Во истражување објавенено вчера, се истакнува дека појавата што ја влошуваат климатските промени веројатно ќе продолжи и во 2022 година.На западот од САД и на северниот дел од Мексико, од 2000 година владее екстремната суша, што трае над 20 години, па може да се нарече и „мега суша“.– По екстремно тешките суши во 2021 година, што во околу 19 отсто им се припишува на климатските промени предизвикани од човечки фактор, периодот од 2000 до 2021 година е најсушниот во последните…
Попрво ќе пропушта турнири во иднина отколку да мора да се вакцинира против ковид-19, вели тенисерот Новак Ѓоковиќ во интервјуто за Би-Би-Си. Светскиот рекет број еден кажа дека не сака да го поврзуваат со антиваксерското движење, но го поддржува правото на поединецот на избор. Запрашан дали е подготвен со ваквиот свој став да жртвува турнири како Ролан Гарос и Вимблдон, Ѓоковиќ одговори: „Да, тоа е цената што сум подготвен да ја платам“. На Ѓоковиќ не му беше дозволен влез во Австралија поради спорот околу неговиот вакцинален статус, при што министерот за имиграција Алекс Хок заклучи дека тој би можел да…
Годинава Скопје е град домаќин на Меѓународната трибината за заштита, помош и поддршка на жртвите од семејно и родово базирано насилство. Настанот ќе се одржи на 22ри Февруари во Сала за седници на град Скопје со почеток во 17.00 часот. Трибината е поддржана од град Скопје, а со својот говор и обраќање ќе ја отвори градоначалничката на Скопје – Данела Арсовска. Настанот се организира во соработка на Здружението „Диверзиум“ од Скопје и Здружението „Хајр“ од Белград со седиште во Сараево. Гости на трибината се и официјални претставници од Владата на Република Србија. Во делот на говорителите на трибината, значаен дел од…
Вечерва се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ. Поради заштита на здравјето седницата се одржа онлајн, преку дигитална платформа. Членовите на Централниот одбор дискутираа за повеќе актуелни теми, со фокус на мерките кои ги презема владата за подобрување на животниот стандард на граѓаните, зголемување на платите и пензиите, одговорот на енергетската криза и мерките за заштита на здравјето на граѓаните. Со зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари исполнивме уште едно наше ветување, важно за над 80.000 граѓани и подобрување на животниот стандард. Претседателот Ковачевски посочи дека Владата работи на дополнително зголемување на пензиите за 320.000 пензионери, односно финансиски…
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека се размислува и ќе се посегне по промена на моделот за раст на пензиите. Според него, сегашниот модел не обезбедува достоинствен раст на пензиите. Во гостување на „24 анализа“, Битиќи истакна дека Економскиот совет на Владата заседавал. – Решение може само низ конструктивен дијалог. Кај минималната плата осигуруваме дека и наредните години ќе растат и кај пензиите исто така ќе има раст. Во делот кој разговараме е моделот со кој пензискиот фонд да се одржи стабилен и одржлив за да може од него да се добиваат пензии и наредните пензионери. Не сум научен…
Претседателот на Собранието на Србија Ивица Дачиќ најави дека утре ќе се распушти па рламентот и ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори. Дачиќ истакна дека ова свикување од 3 август 2020 година до денеска донело 265 закони. „За време на овој мандат, без разлика на приговорите и сомнежите, Собранието успеа да донесе неколку акти многу важни за иднината, а еден од нив е и промената на Уставот“, рече Дачиќ на крајот од последната седница на српскиот Парламент во овој состав. Посебно го истакна успешниот меѓупартиски дијалог, кој резултира со учество на сите партии на изборите, јави Бета.
Над 7.440.000 граѓани ја завршија вакцинацијата што е 70,8 проценти од општото население, односно 80 отсто од полнолетното население, соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на денешната редовна прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи за процесот на имунизација во земјата, Темистоклеус рече дека вкупно се аплицирани 19.840.000 дози од вакцината, а за бустер дозата објасни дека од 5.825.000 граѓани кои можат да ја примат, 88,5 отсто веќе ја примиле третата доза. Претседателката на Комисијата за имунизација Мариа Теодориду, порача дека и понатаму е силна препораката за вакцинација и со трета доза, а…